Во маркети, во аптеки... Да, задоволна сум затоа што не поднесувам јак мирис на средства, а имаат иста намена како било кое за мебел.
Абе што имам една кујна маста ми ја вади додека ја светмам само со политура се чисти најубаво еден куп спрејови купив и така стојат
Моите елементи се најсветла беж боја, медијапан... Секогаш има прсти, масни наслаги, така да те сфаќам. Уште еден на листата што не би зела повторно: Мирис катастрофа.
Марамиците на Глос за подови ми се допаѓаат, а се смешна цена. Мириса убаво и на чисто ама кога ќе се избрише се лизга. А задоволна сум од зелената паста за када и чешми, ептен чисти ама тешко се одмива потоа.
Презадоволна од производите на Сагротан и има едни сунѓерчиња што само се натопат во вода и без никакво сретство чисти преубаво и вади флеќи.Бев скептична кога ги купував ама се уверив оти си ја вршат работата. Не сум задоволна од Пронто за ламинат,се расшлака цело како флеки мрсни а тоа плус што сите одевме како по "јајца"оти се лизгаше многу.Или па јас многу ставив.Не го купив повеќе.
За влажните на Глос за санитарии ги користам исто за Веце и за кујна. Задоволна сум од нив Влажните на глос за подни површини се поголеми од овие, подебели, имаат пријатен мирис и убаво чистат. Ги користам понекогаш ама искрено не ми се баш да ги ставам на џогер..или јас не можам да ги наместам. А и на колена...цела подна површина....не сум секогаш расположена за тоа искрено.Али пак ќе кажам- добри се . Барам соодветна замена за сите видови Доместос. Смрде - убива. Чаре? И некој спомена а не видов кој- СО што чистите грапава текстура на кујна- вратички и костур? Јас не најдов до сега соодветно решение. бришам и со глос влажните и да- нечистотијата во форма на налепена прашина ја бриши екстра, ама мрсните флеки кои де факто ги има на кујната- послабо. Исто задоволна од сапунче за во шолија на Бреф со топчињата. Конечно решение за свеж мирис во веце.
Од ова сум прилично задоволна, ги светнува површините. Кадата се прска и може да одстои малку а металните делови пожелно е побрзо да се избришат оти е јако и може да ги поцрни.
Доместос јас воопшто не користам. Порано за wc школка само, сега ни за тоа. Наместо него средството за шолји од КАМ, на Минел. А рапави површини во кујна, како што ми е цела кујна од рапав медијапан, чистам со марамчињата за подни и ѕидни плочки од ДМ, исти се по дебелина и влажност (па дури и повлажни) како тие за ламинат. Вадат се'.
Имаат ли Дм он лајн нарачки? Ова треба спешл за Ск ко ќе одам, па у Веро џамбото,дека секако ќе одам ради децава, па ак не се шашардисам од сметката во Џамбо па да ми текне да влезам во ДМ по марамициве.. Фала секако
Циф! Намачкај, остави да отстои пола саат и сите флеки излагаат. Испробано! Јас со авакс за бигор чистам чешми, туш кабини и се излага, само во вц школката не излага а бигор се прави ( а нова е ) , дајте совет со што можам да го исчистам?
Со истото средство кое погоре и го препорачав на Бубаче. Се истура на деловите каде има бигор, се остава малку и потоа се трие со четка. Јако е средството и го омекнува бигорот по што со лесно триење отпаѓа. Исто така, едно од најефикасните средства за одстранување на бигор е обичен бел оцет само што површината треба да е таква да може да се налее со оцет и истиот да стои подолго време над неа па ова постапка е малку потешко изводлива за вц. Буквално се гледа како бигорот врие и се растопува во контакт со оцетот.