Се согласувам дека доместос смрди, јас ја поминувам шољата и оставам на постои ама смрди премногу. Не гледам некоја голема разлика ама за дезинфекција е добро. Само не знам киселината (жолто шише) како да ја употребам, страв ми е да не си направам белја. А со азабрив пастата светнувам чешми и тушеви, го користам и за во кујна да отстои малку само тешко се измива а премногу пени.
Нема онлајн, ама ако сакаш, ќе ти купам и пратам по карго, курир и слични изјасни се Кока кола или тоа за шолји од КАМ. Мојата шолја е стара, ама ова ја исчисти. Исто и обична солна киселина, истури цело шише околу наоколу (не надвор) и нека стои цела ноќ. Бела ќе биде.
Мислам дека од темава ме фати мерак за чистење. Презадоволна од марамчињата Gloss за паркет/ламинат. Ги „монтирам“ на бришач за стакла затоа што така ми е најлесно за маневрирање и ги светнува сите подови. Ги користам и за плочки, поубаво ми вадат нечистотии од Ајакс. Претходно користев Ајакс со мирис на јоргован, тој ми е најубав. Од Доместос ми доаѓаат вртоглавици, прејак ми е и сите мирисаат преинтензивно. Некое време користев Gloss за санитарии, меѓутоа и тој ми корне на некоја киселина (иако одлично чисти и многу е евтин), ама потоа морам да луфтирам цел ден и пак се чувствува мирисот на средство. Најново откритие ми е овој детергент што го предложила @Annath. 1л за 67 денари во Кам маркет. Доместосот (во Кам) е околу 80-90 ако не се лажам, за 750мл. Не се споредуваат - ова средство од Минел не мириса толку на киселина, дури би рекла дека има свеж мирис и лесно ветрее мирисот од самиот детергент, но мирисот на чисто се задржува доста долго. А и како вади тврдокорни флеки од стари санитарии - мислам дека за помалку од 10 минути успеа да ја подмлади wc-школката како никогаш до сега. Излезе сиот бигор и сите нечистотии. Не знам дали има вакво средство за чистење кади и мијалници, јас го користам ова за целата бања. Го оставам да делува 5-10 минути, рибам со четка, одмивам со жешка вода и потоа прскам со раствор од сода и оцет па пребришувам со мека крпа. (Меки крпи секогаш набавувам од КАМ - 6 се во пакување за околу 70 денари.) Исто, презадоволна сум и од Denkmit фаќачите на боја, од DM. Мислам дека се околу 160-180 денари, внатре има 50 парчиња. Мразам сортирање на алишта по бои, па овие ми се неизбежни. Во сандачињата за чевли, во кујна и во делот од кујната каде што ја чувам корпата за отпадоци задолжително лепам од Denkmit освежувачите со гел. Траат цел месец (понекогаш и повеќе) и има одличен избор на свежи мириси. Мислам дека беа по 59 денари парче, не сум сигурна но не се воопшто скапи. Најчесто купувам жолт или син. Одлично блокираат непријатни мириси и во бања и во кујна и во сандачињата за обувки. Лепам по едно и во бањата кај топ сифонот. За секој случај. И уште едно задолжително нешто за во wc-школка (отекувам со муабет за wc, ама ако нешто најмногу ме нервира се грди мириси од купатилото ) ми се Bref топчињата кои веќе сте ги спомнале. Менував многу, купував Minel, па некои поевтини ко сапунчиња, но Bref едноставно си е Bref и според мене му нема замена. Ги извртев сите мириси, најомилени ми се виолетовите. Мислам дека во КАМ се најевтини - 59 денари парче, но често се на акција во Рамстор (3 за 160 или 2 за 130) со поени, па купувам за подолг период какви имаат такви. Метални делови во кои спаѓаат кваки, рачки од шкафчиња и чешми чистам со жолтиот Cif, ги прави како нови. За домаќинските работи толку. Во план ми е да купам Арис де грас и конечно да ја светнам фурната, се надевам дека ќе функционира, мислам дека го фалевте и него по другите теми.
Главно сите исто користиме или слично. За WC и кај мене најчесто се користи Минелот од КАМ или Глосс. Глосот можеби стар, со една иста формула, незаменлив ми е за школката. Само од него не ми се појавува жолтата линија на истата. Од Доместосот одамна кренав раце. Освен што има јак мирис, друго ништо бенефиции од него не видов. Со Глос или Минел купатилото свети, одалеку се гледа дека е чистено. Обично ги вртам нив. За освежување на школката, гелот од Кам, или пак Бреф топчињата. Гелот од КАМ е многу поекономичен, 3 парчиња се околу 80-90 ден. Супер цена, а мириса цело купатило. Исто и топчињата, освен што се нешто поскапи, супер си ја вршат работата. Не мора да се става дополнителен освежувач. За стаклото и мазни површини, пребришувам со Ајакс за стакло. Само он не ми замачкува. Е малку е досадено оти нема ароми, стандарден е , ама најбитно е океј. Од апчиња за машината за садови исто Минел, пробав разлини, ама овие ем се со супер цена, ем супер. Сол и сјај ставам секакви, што ми дојде тоа земам. Само на апчињата секогаш внимавам од КАМ да се. Значи врти сучи, Минел се супер. Ги бива за се. Од Арис и јас не се откажувам, за се го користам. За стаклото на каминот, за флеки, за плотната . Универзал. Ајакс универзалното го користам за подовите, за плочките и паркетот. После мириса цел стан од него. Ме мамите со влажните за подот, па ќе ги пробам.
Минел од Кам не го бива средството за садови. Полошо средство не сум користела, не пени ич, после една измиена чаша нема веќе средство на сунѓерчето
Ново откритие! Како Топ-Шоп сум Професионална деформација. Не ми се случило да ми се бојадиса нешто од кога знам да пуштам машина (од мои 10год), ама минатиот месец оплескав ... Нвм. Се деси за да ги откријам крпчињава . На 60c со бели ставам и нешто темно, крпчево ја прима сета боја од темниве алишта. За споредба,
Shto krpcinja se ovie ? Mnogu mi trebaat vakvi bidejki sekogash mi zalutuva po nekoe chorapche od malive i cesto mi gi farba alistata Od kade gi kupi i cena ( ako se sekjavas na cenata ) ?
Од Тинекс 140ден, на промоција беа 79ден. Мислам и во ДМ ги има. Се ставаат во машина пред да ги ставиш алиштата. Порано пр. чекав за на 40с да ми се "соберат" темни, сега ако ми се брза за некое парталче и со светли ги мешам.
Za chekanje ne mi e problem i onaka sekogash imam po edna mashina full , samo so chorapchinjava imav maka , deka mali i sekogash mi zalutuvaat so beli pa mi gi farbaat alishtata Fala ti na info , ke pobaram vo nashiov Tineks , sigurno gi ima
Па незнам во моментов дали има, јас користев еден пред 3-4 години и дефинитивно беше за рачно. Од што беше лош остана цело шише две години и на крај го фрлив.
Се надевам не сум оф-топик многу,да прашам нешто Машината за садови убаво ми пере се,освен лажиците,вилушките и ножевите. Како успева секогаш да се замачкани и морам посебно да ги полирам пак. Препорачајте нешто за машината ако сте задоволни. Јас овие ги користам...
Потврдувам за Минел средството за рачно миење садови, не го бива навистина. И таблетите за машина за садови не се како што треба во последно време. Наместо нив, почнав да ги земам од ДМ таблетите на Денк Мит, што се ставаат со се' фолија. И тоа по половина таблета ставам, оти од цела се прави многу пена и тече вода од машината (ова ми беше искуство плус). За овие таблети зборувам Имаат и други, ама тие не ми се допаѓаат, порано ги користев. А овие на сликава се одлични. Марамчиња како ловци на бои користам одамна, исто од ДМ, има 50 парчиња во пакување, навистина е економично.
@Annath баш вчера се врткав пред овие во дм и не ги купив, убаво што сподели искуство. -Минел дефинитивно се сменети Сите ги имам користено и somat ми се сосем ок. Последно мм купил Ludwig од стокомак, помизерни амин. Не мијат ништо. -Сјај за садови-дефинитивно fairy -прашина-пронто -веце школка само доместос. За освежување - -плотна-средството од Дм. Сјае -Марамчињата gloss. Љубов ми се -За ламинат -го сменив ајаксот и не згрешив. Исто солидно средство -Прозори бришам со средство arf плава боја и sonax (мислам така беа) крпи -Cif наместо arf. И во свежина и во чистење ми е класа подобар
Мене па Сомат ич не ми се погодени. Садовите ко немиени, а таблетите воопшто не се раствораа. Не знам што беше проблемот, ама ич не ги биваше.