Ова е наменско за стакло ,а јас го користам и за медијапан и иверица и за сјаен медијапан...откритие на снаами од пред една година. Наш производ,30-40 ден,го има во ЗУР и некои специјализирани продавници,нивни,производител Хидрос. Имаат средства и за купатило,бигор,подови...и тие се дооооста солидни и пријатно мирисаат. Топло го препорачувам П.С.80% пријатели,роднини ги навлеков на средствово
Презадоволна сум од производите на АВАКС, врвен квалитет со доста пристапни цени. Скоро цела куќна хемија ми е од оваа фирма, некогаш менувам , ама пак си се враќам на истите, со стандарден квалитет се секогаш. Би ги издвоила 1.АВАКС ЗА РЕРНИ Со ниедно друго средство не можам така да ја светнам рерната како со ова. Буквално црнила излегуваат од внатре, и после како нова е 2. АВАКС за санитарија Прскам секаде, во лабавото, по плочките , во туш кабината. Оставам 5-10 мин, па после рибам и плакнам. Свети цела санитарија како нова. 3. АВАКС против мувла Ова ми е најново откритие, дури нема потреба ни да се трие. Само прскам, оставам 15 мин и добро плакнам со топла вода.. Има лош мирис, ама тоа ми е нормално за ваков тип на средство , плус не го користам секојдневно туку само во ретки случаи ако ми се појави мувла во туш кабината, И другите производи им се топ, ама овие морам да ги имам во секое време дома .
Задоволна сум од средството за стакло на Green bsn. Околу 160 ден. Сега го земав и тоа за подови ама не сум го пробала, ми го фалеа многу. За мувла во туш кабина само варакина, случајно ја открив, снемав средство и истурив варакина, кога влегов по 10 минути светеше туш кабината каде што беше поцрнета од мувла, а мислев да го менувам силиконот. И марамиците на Глос, универзалните, тие за дрвени површини и за кожа. Откако ги открив не користам крпи за бришење прашина. Препорачајте некоја магична крпа за бришење прозори.
Ако Сака не која да ги сликане марамиците на глос за ламинат,јас кога побарав ми дадоа оние за мебел,пишува и за ламинат ама се малечки и има 72марамици а некој Тука спомна дека тие за ламинат се погођени и има 20марамици.
Јас користам крпа за стакло од Кам и задоволна сум. Ја земав пред една година по цена од 69 ден.Не знам дали се уште ја има низ Кам маркетите.
На џогер ги прикачувате марамчињава? Јас пробав со ставање на марамче на џогер ама некако не ми се допагаше така како чисти - тенко е марамчето. Па продолжив рачно ама па напорно е така Ми се допаѓа како чистат, само уште да најдам полесен начин.
Јас го имам ова од ДМ. Идеално е за чистење со марамчиња. Има и како да ги закачиш марамчињата за да не ти бега. околу 200 денари е. https://www.dm.de/profissimo-wischsysteme-bodenwischer-p4010355920171.html
На форумов прочитав дека биле убави Бис освежувачи и ајде реков да купам да видам. Лошо, не сум задоволна воопшто. За простор ова ич не е, ќе прскам на облека додека се потроши, да не го фрлам, и тоа е.
Одамна некадецпо форумов имам пишано дека погрдо од ова не сун осетила нешто да мириса т.е може не е грдо ама толку е јако што дури и мигрената ми се активираше А и со вода разредено пак не ми беше ок..
Белиот Бисс е понежен јас го користам го имав и овој ама белиот каде каде е понежен од овој топло го препорачувам
Женички како сте задоволни од средствата Лудвик од Стокомак, еднаш купив сјај зелен на Лудвик за 2 дена мирисаше ужас. Сакам пак да им дадам шанса гледам имаат доста производи, па ако некоја ги има користено нека пише искуство ❤