^^Мене педијатар ми советуваше да му ставам шеќер во водата или млекото на малиот, наводно така повеќе ќе ги пие. Јас не сакав, не му ставав, го научив водата да ја пие чиста, или со неколку капки лимон (ама претежно чиста). А за кашите, во ниедна не ставам шеќер, освен во овошните јогурти со кисело овошје што ги правам сама (за да не ставам слатка павлака, оти не сакам такви хемии да јаде уште од сега), и понекогаш во оризовиот пудинг. И тоа секогаш кафеав шеќер, пола до цело лажиче, зависно од количината.
Според педијатрите во Систина, цитрусите не се внесуваат во исхраната на бебињата до навршена година. Мајка ми, медицинска сестра инаку, ме чувала по книги и ми давала вода со лимон на времето, ама ете сега некои нови сознанија...
Нема потреба од внесување шеќер во диетата на децата воопшто. И за возрасни нема потреба ама за деца ич. Доволни му се природните шеќери. Сега немам време ама ке се вратам да ви напишам некои рецепти за кашички без шеќер и бисквити.
Не е само според педијатрите во Систина, сега сите така велат, дека цитрусите се силни алергени, па не се препорачуваат во исхраната на бебињата. Мене ми е малку чудно ова, и мајка ми нам ни давала вода со лимон после секој подој за да се чисти устата и да е спречи појава на соор (кандидијаза). Истите луѓе што пред десет години кажувале едно, сега кажуваат друго. Јасно ми е дека медицината оди напред, ама ми пречи тоа што педијатрите и воопшто лекарите не се унифицирани во своите ставови. Зборував за цитрусите со педијатар, и според она што сум го учела за појавата на алергија, не се алергени, туку само можат да предизвикаат реакција на организмот, но тоа не значи дека е алергија. Ако има реакција, се прекинува давањето на цитрусот за одреден период, па пак може да се проба - ама во принцип, нутритивните алергии траат кратко, се губат со тек на време. Ако гледаме така, и морковот е алерген (дава реакција, и тоа изразена - имам неколку примери во фамилија), а е прв зеленчук кој се препорачува во исхраната на децата.
Да, само дупето им биде црвено како на мајмунче. На мојот и ден денес може понекогаш да му се појави црвенило кон дупето ама 1 ден се мачкаме со павловичева интензивно и потоа нема гајле (тој претерува може да изјаде 4-5 портокали и 4-5 мандарини, 1 лимон и затоа го кријам овошјето од него или го ставам на недостапни места. Можеби сум единствена која дава овошје со мерка. Истото тоа може да се случи и од др. овошје кое има јака овошна киселина ако се претера). Јас би да давам по малку, затоа што од бебе се учи на такви вкусови и создава навика за овошје.
славица се согласувам со твојот пост. и керка ми сака да јаде многу такво овошје но на бебе пред 1 година не треба да се дава бидејки прави проблеми , се зацрвенува кожата. а овде педијатриве даваат уште од 6-ти месец
Темава ја отварам со цел да споделиме што се од производи купуваме и користима секојдневно за исхраната на нашите најмили. Еве ја нашата досегашна листа: Најпрво секогаш дома имам АД млеко HIPP2 бидејќи почнавме преку ден да не сакаме да цицаме или да цицаме многу малку па и додавам ад млеко. Потоа купувам HIPP Baby's First pap со кои одамна почнавме да правиме кашички, сега го користам за појадок измешано со пасирана овошка или овошна кашичка. Последно супер откритие ми се житарките на Nеstle кои се превкусни воедно. Секогаш мора да имам флаширана вода бидејќи само таква и давам. Од овошки и давам исклучиво што имам од бавча кај моите инаку од пазар не сум и дала засега од страв поради тоа што знам дека се препрскани со пестициди. Па така на располагање имам јаболки и праски, а имав и цреши кои многу ги сакавме. Од купените кашички земам обично на HIPP од крушка, јаболко, слива, кајсија, праска, има една која се вика овошен десерт, а ги сакам и овошните дуети со крем сирење или јогурт. Купувам и од ноќните кашички на HIPP и има една на Bebivita со кекс. Зеленчукови купувам тук тамо, земам и на HIPP и на Bebivita. Зеленчук имам нешто од бавча а останатото кога готвам е од пазар или маркет за жал. Месо еве и давам засега пилешко и тоа имам замрзнато домашна кокошка сварена во експрес лонец и сортирана ми е во канчиња заедно со течноста од варењето и си вадам малку по малку. Потоа користиме Чоколино, Фрутолино, Кексолино, Рижолино, Ванилино. Од бисквити јадеме и плазма и џиџи бебе. Јадеме палента, павлака (20% или на Моја кравица или на Пекабеско), Јогурт (Баланс+), користиме и Битолско 3,2 млеко за кашите кои се прават со млеко. Последниов период купувам пудингчиња на нестле како меѓуоброк, ги сака малата и навистина се вкусни. Јадеме и животинско царство, по ред-ред ипол, ама не баш секој ден. Од сокови некојпат цедам а кога купувам земам и на HIPP и на Bеbivita и на Frutek. Обично обавезно читам состав и концентрација на овошје во сокот. Ако ми текне уште нешто ќе додадам.
Син ми има 17 месеци и веќе јаде сè освен печурки и сувомеснати производи за кои ќе гледам колку може повеќе да одложувам со воведувањето во исхраната. Овошјето и зеленчукот кои ги јадеме се исклучиво домашни, освен бананите, и најчесто сам си јаде, без некои посебни подготовки, директно од дрво само убаво измиено и нелупено, освен праските поради мовта. Ама кога ќе созреат нектарините ќе му ги давам нелупени. За ужинка понекогаш му давам Пингви Чоко плочки со банана и темно чоколадо, овошни јогурти (јаде до 250 мл), оризови тортички (rice cakes) да ги грицка така или мешани со овошје. Јаде и плазма кекси, соленки и солени крекери, и задолжително корки леб. Македонче без леб не бива Е сега, овошни јогурти му купувам на Дукат, најчесто Фреска. Нашиве млекари не произведуваат овошен јогурт сè уште, а сама веќе не му правам дома. Инаку, читав дека е најдобро на детето да му се дава млеко од крави растени во поднебјето во кое живее детето (значи наше, македонско млеко), што ми има логика, исто како и за овошјето и зеленчукот. Млеко му давам Битолско за варење (во каши исклучиво), кисело млеко Баланс, и струмички јогурт, овчо сирење (Николови) малку отсолено, павлака и зденка не сака ни да помириса. Житарици јаде најчесто чисти, ама ги купувам и на Нестле 8 жита со мед, кои му ги мешам со овошните јогурти да му ги згуснам и тоа е одлична вечера за малиот. Јаде обичен млечен сладолед подготвен дома, од жолчки на пареа, со млеко и шлаг од белки, и со растопено чоколадо внатре (животинско царство најчесто). Јаде и купечки сладолед, благо обожава сега за разлика од порано, ама јас му ставам граници колку може да јаде. Ванилино, рижолино, медолино, чоколино и сличните -лина веќе не ги јаде, барем не сум купила одамна. Друго вака не ми текнува што посебно му купувам нему... ако ми текне, ќе допишам.
Нашите продукти:HIPP Baby's First во почетокот и сите кутии на HIPP сме ги пробале,следно од ваков тип житни каши користиме на Nеstle,humana,овесни снегулки и сега од кога почнавме да додаваме кравјо млеко по малку и Фрутолино користиме.Ноќни каши готови само кога сме надвор најчесто Hipp,Bebivita. Овошје кога немаше избор купувавме на Hipp,Frutek, а сега се природно од пазар,зеленчук само од пазар не јадевме готови каши ич не се убави.Сокчиња исто Hipp,Frutek, Bebivita. Месо само телешко бидејки е побогато со витамини од пилешкото,планирам кога ке наполни 11 месеци да му дадам мисиркино го купувам само од веро.Јогурт пие на Кри кри или Цацко, млеко Битолско или Мегле 3,2. Користиме и кочански наш ориз и просо додавам кога има ориз во манџата.Леб интегрален со путерче и абц и салата од патлиџан без сол и зејтин обожава.Бисквити Пплазма,сладолед понекогаш,чоколатца сеуште не сум дала. 9 месеци
За малава (18,5 месеци) посебно купувам: - Козјо млеко и кашкавал на Виндија - Пекорино - Јогурт, павлака и путер на Зелена долина - Житарици 8те на Нестле, само тие се без додаток на шеќер, а мирисаат на ванила и ги обожава - Сирење и кашкавал на Георгиеви - Rise cakes за грицкање, пошто соленки, бисквити, крекери и слични работи досега не сум дала и не планирам во догледно време да и` дадам - АБЦ крем сир Со оглед на тоа што чоколадо исто не и` давам (ми изреагира на тоа со 75% какао, ми пројави нетолеранција на цревата), останува јадењето кое го јаде заедно со нас. До сега нема пробано и се надевам долго во животот нема да проба сувомеснато (и ние дома не јадиме), сладолед исто не и` давам, а и правам од органскиот пудинг од ДМ маркет (кој е само пченкарен скроб и екстракт од ванила), и го обожава така ладен, со козјо млеко Овошје - зеленчук исто како Анатх, кога се може директно од дрво, само добро измиено, кога не се може - директно од фрижидер, исто добро измиено Го обожава и едниот и другиот, и тие ни се најчесто ужина (и обавезно 250мл свежо цеден сок на пладне пред спиење). Кечап (ни мајонез нормално) ни на крај памет не ми паѓа да и` дадам, користам стриктно томато сос од тегличка, ама тоа и за нас почнав да го користам, па не е дека го купувам само за неа Суво овошје сака да си грицка, и исто и тоа и` е ужинка. Толку од нас, ние имаме малце поспецифичен начин на исхрана, што од убедување, што од алергиите...
И јас заборавив на тоа дека додавам просо во зеленчукови манџички и супи. Туку ме интересира телешко месо имате домашно или купувате од маркет? Јас чекам домашно телешко месо, се мислам дали во меѓувреме да и дадам од маркет... а за пилешко, ако немате домашно проверено, ми рекоа дека педијатрите препорачуваат да се купи грчко пиле од Веро кое имало најмалку хормони во однос на останатите од овие простори, а како втор избор ни го дадоа Словенечкото пиле. Останативе биле полни со хормони... Исто така јадеме и жолчка, цело јајце не.
Син ми има 20 месеци му купувам : млеко 3,2 битолско свежо бисквити петит, чоколино обично за поручек , павлака , кисело млеко - битолска млекара му подготвувам говедско (кпено од месарница на едни наши добри пријатели) , пилешко месо (дедото на мажот ми е задолжен за пилето - домашно производство)со зеленчук купен од пазар ( морков, компир, тиквичка, ориз) исто така му давам и спанаќ (добро добро измиен) обично му правам супа па во неа дробам леб па почна да јаде се што јадиме и ние само не сака да му макам (по наше кажано) сака пасирано , попарено само не го присилувам не останало дете кое не знае да јаде нели. Не го забораваме овошјето секој ден јаде по една банана и една праска или било кое сезонско овошје. Да не заборавам му земам пресни јајца од едно село. Обавезно во фрижидерот имаме сок од праски од ВИВА кој го обожава. Чоколадо го нудам ама не е многу мерак па не настојувам , кога сме излезени го почестувам со едно топче сладолед кое го јади до пола. Со оглед на тоа што оди во градинка оваа исхрана е за дома не му го знам менито таму
Во принцип за децата не купувам ништо посебно и го јадат она што го јадеме и ние ,затоа што и ние внимаваме каква храна внесуваме секојдневно. Зеленчукот и овошјето ги купувам од пазар и тоа од наши земјоделци. Јас(повеќе) не размислувам за тоа дали и колку е нешто прскано зошто син ми одеше и во градинка еве сега и во школо,па на двете места имаше оброци на кои јас не им го знам потеклото. Кога купувам гледам работите да се добри на изглед и да делуваат свежи. Од млечни производи користиме млеко,јогурт,павлака,абц-крем сир,сирење,кашкавал,рикота,моцарела, хопла ,а во последно време и кисело млеко. Сите овие работи ги купувам исклучиво од маркетите или од специјализирани продавници за вакви работи.Најново откритие ми се МУ производите и тоа јогурт,моцарела и хопла. Сувомеснати работи не јадеме многу ,освен понекогаш печеница и бут,но тоа се едно две парчиња во една недела.Во последнава година овие работи ги купувам исклучиво на Гроздановски. Од месо најмногу јадеме бело пилешко и тоа го купувам свежо или на Цекин или Мое пиле. Кога правам нешто со мелено месо ,тоа го правам само со телешко и тоа пред мене го мелат и го зимам од Веро ,а имам и другар кој работи таму ,па знам дека ми дава добро месо.Од таму зимам и шницли и бифтек. Во месецот еднаш знаеме да се почастиме со свински кременадли и тоа што попосни тоа подобро. Вода пиеме флаширана со тоа што имам и автомат со балони вода кои ги користам за готвење. Грицки кај нас дома се житариците ,дали на Нестле или Виталија и многу често и оние кои се за потопување со млеко си ги јадеме како смоки Чоколади се јадат многу ретко и тие се или Милка или Киндер. За готвење користам исклучиво маслинов зејтин,за салати балсамико оцет,морска сол и кафеав шеќер . Јајца купувам некои битолски бели или на Жива. Мајонез и кечап користиме многу малку и тие се томи и хајнц. Во последно време почнав првенствено за ќеркичката ,па и за нас да купувам посна плазма. Макарони користиме на Агнеси и Барила,а од истите фирми повремено користиме и сосови. Леб пченкарен и двопек на Жито Лукс Толку за сега што недостасува ќе допишам
И јас да се надоврзам на претходните постови, кечап, мајонез, маргарин, млечни намази (кои содржат се освен млеко) не сум дала и не ни планирам да дадам. Кечап само неколку пати сум ставила во манџичка ако немав патлиџан или томатело сос. А вака да му го дадам, не. Инаку, гледам храната да не е зачинета премногу со вегета и сол, црн и црвен пипер во јадењата ставам откако ќе одделам за малиот, а инаку често користам рузмарин, босилек, нане, оригано и копар (не сите заедно, се разбира). Многу го подобруваат вкусот на било какво јадење. Што се однесува до месото - ако е пилешко, домашно давам најчесто, исто и мисиркино. Ако немам домашно пиле, тогаш купувам на Цекин најчесто, ама тогаш и избегнувам да давам често пилешко. И повеќе му давам месо од копан и надкопан отколку бело месо. Кога почнав да давам телешко, имавме купено половина теле од проверен човек, ама тоа се потроши, па сега купувам од Тинекс или од Веро. Почнав летово и свинско да му давам, ама со оглед на тоа дека повеќе јадеме телешко и тоа е ретко. Мелено месо давам телешко и тоа сама си бирам парче. Мармалади, џемови не давам, домашните компоти имаат приоритет, со оглед на тоа дека многу малку шеќер ставаме во нив, лажица најмногу.
Фино што си му дала да проба свинско и мислам дека треба да му дадеш/дадете да проба/ат се,ама буквално се дури и мајонез ,затоа што утре/задутре кога ќе тргнат во градинка или школо да знаете на што сте од аспект на алергии или други непријатности предизвикани од некој вид на храна.Кога велам да пробаат мислам на 2-3 пати Што дека јас на мојот син до 6 години не сум му давала кечап ,кога во школо еден ден за ручек имаат макарони со кечап и сирење.Е сега ај и тоа не е проблем ама па мојот доби алергија и после тоа нозе искршив додека да дознаам каков бил ,па од каде бил,па што имал внатре.
^^И да знаеш, имаш право. Не сум од оние мајки што забрануваат детето да проба нешто, напротив, само инсистирам да ми се каже што му дале да проба. Сè поради тоа - да не проба на друго место (градинка, на гости или било каде), па не дај Боже да излезе некоја алергија. Од таа причина и смоки сум му дала два-три пати, фала Богу, нема реакција, ама еве, откако сме во Охрид, смоки нема каснато, не сакам да му давам. Ама мене и друго сега ми го мати умот... здравје Боже, кога ќе одиме во странство, како ќе биде со храната таму... како и секаде, и таму има и домашна и увозна храна, ама поднебјето е поинакво, навиките, а сигурна сум дека не само начинот на исхрана, туку и самите производи се поинакви отколку тука. Ама се надевам дека нема да имаме проблеми. За градинките не ми е страв, и онака таму секој си носи своја храна, барем така сум прочитала и слушнала.
Вкво е нашето мени , инаку ќерка ми има 16 месеци Млеко никакво не пие ќерка ми , но затоа во кисело млеко и јогурт се дави ( кравјо) Кашкавал јаде , едам , ни го препорача педијатарот бидејки има повеке калциум во него Гледам почесто да и давам овошје и зеленчук , сите видови веке ги има пробано Во врска со месото , најчесто и давам телешко месо , па пилешко , а во потрага сум по мисиркино месо. За свинско педијатарот не ми препорача да и дадам пред 3 години Се уште јадеме креми од житарки , најчесто и земам од Нутриција , Милупа и Нестле Во врска со благежите , има пробано куглоф 2 пати и неколку коцки црно чоколадо , но и подобро од сега да не јаде, нема некое фајде од благото... Ниту смоки , ниту некои други грицки не сум и дала , најголем противник сум за овие работи , но еден ден ке проба за жал.. Мед сум и дала неколку пати , но ке касне 1 залче и толку Риба има јадено 3-4 пати , бакалар , но ете алергична е на риба , ја повраќа во млазови и така да веке не и давам За манџи , макарони , полнети пиперки , полнети тиквички , грав , боранија , грашак и давам како што и за нас правиме Салами , кечап , мајонези , сенф - не Леб јаде и најчесто и давам интегрален леб
Супер предлог е да се даде на дете се` да проба (заради алергии), ама за жал во праксата малце поинаку стојат работите....дете до 3 години може да појави нетолеранција кон некој продукт, само затоа што цревата не му се доволно спремни или затоа што едноставно не му го прифаќа организмот, а тоа да нема „официјална“ алергија. Ќерка ми е жив пример за тоа, со направени алерго тестови кои излегоа негативни на се`, таа сепак реагираше дури и на Хипоалергеното АД млеко. Зборам сега лично за мене - има време кога ќе и` дозволам да проба што треба да проба, а тоа е после 3 години. Нека се оформи, нека се зајакни, нека и` се крене имунитетот, па ќе експериментирам за да видам дали на нешто ќе реагира или не, оти не секоја реакција ќе ми биде доказ дека е алергична на нештото, и мислам дека само за џабе ќе ја тестирам
На мојава малечка и давам овошни јогуртчиња и пудинзи на Нестле. Но видов дека има исти такви на Хумана. Дали имате искуство со вториве и која цена се? Еве сама ќе си одговорам Супер се исто како и Нестле, во Зегин се 99 денари и има доста вкусови. Пробајте