Ние сме уште мали за да јадеме се но до сега сме пробале кашички од морков и компир од Алете и супер и се допадна вкусот Иначе исто така планирам сама да ги подготвувам кашичките кога ке почне да јаде цела порција Сокче од јаболка исто и купувам од Нестле * Алете* иначе го мешам со водичка А за понатаму кога ке почне поразноврсна храна да јадам пак ке се изјасанам
Јас имам една дилема па да се консултирам со вас... Од пред неколку недели почнав да и давам на ќерка ми Плазма кекси оние стандардните. Се е супер ги сака, си ги грицка но вчера на кутијата прочитав дека имаат мед. Нели не е препорачливо мед за бебиња? Кај неа нема никаква реакција а знам дека и мајка ми мене и на брат ми ни давала мед како бебиња поради не знаење но сега еве јас знам дека не треба...или не е исто мед од тегла и овој во мали количини во бисквитата? Вие давате Плазма?!!
Не се грижи Божица. Медот во плазмата е во мали количини и преработен, па не постои можност од алергија ако ти и твојот сопруг немате таква алергија. Слободно давај
Син ми мед прво проба во плазмата, после во 8 житарки на Нестле што се со мед. А чист мед првпат му дадов летово, некаде кон средината на јули, имаше 16 месеци. Од тогаш секој ден наутро на гладно му давам по едно лажиче и многу го сака. Овој мед е домашен од проверени луѓе. Можеби посигурен е медот што се продава по маркетите, затоа што е пастеризиран.
Мајки, што би рекле доколку се отвори ресторан за вашите мили најмили, вистински ресторан за бебиња од 6 месечна возраст и поголеми деца? Ме интересира вашето мислење, би купувале ли домашно подготвена храна од искусна мајка, дали би ги носеле на ручек вистински на маса и столче, баш како возрасните, со други зборови, наместо да купувате готови кашички од Хип и слично, во тегличка стоени на рафт со месеци, дали би купувале свежо подготвена храна од ресторан, секако контролирано, без адитиви и конзерванси, со свежи намирници
Можеби би купила 1-2 пати .Инаку мене не ми е проблем спремањето на храната за моето бебе. Еве ги моите аргументи зошто не би купувала секојдневно и зошто не ми се допаѓа идејата 1.Храната треба да биде тазе приготвена (јас ја подготвував ,ладам и ја послужувам),а тоа во ресторан е невозможно 2.Хигиената е многу важна работа,а тоа во ресторан е малку потешко,особено ако тој е наменет исклучиво за бебиња.Некои бебиња валкаат толку многу што по нив би требало да се прави генералка 3.Невозможно е да се направи мени за 6месечни бебиња,од просто што некои тогаш почнуваат да јадат друга храна освен млеко,а процесот на внесување на разни продукти во секојдневната исхрана е подолготраен процес.За разлика од овие кај некои бебиња со храна се почнува од 4 месеци. 4.Како би се извело сето послужување ,односно какви тањири и прибор би се користеле.Не верувам дека некоја мајка би му дала на бебето (барем не до 1 година) да јаде од тањир или со лажица од која јаделе уште 10 деца.Јас на мојата малечка нејзиниот прибор и го мијам исклучиво со четка со пластични реси и таа е наменета само за нејзините работи . 5.Во ваков ресторан би имало поголема бука отколку на стадион! 6.За да изберам што би јадела мојата малечка би ми требало пола час и уста би ме заболела од прашување во кое јадење што има ,а за тоа време јас дома би го направила оброкот. 7.За мене ручекот е многу важен и од аспект на зближување на семејството ,односно практикуваме на него да сме сите заедно собрани ,а во ваков случај тоа е невозможно. 8.Сите си ги прилагодуваме бебињата на нашиот вид на исхрана во смисол на тоа што јадеме ние ,ќе јадат и тие.На пример јас и давам јогурт МУ,а некоја друга мајка на нејзиното бебе му дава Битолски. 9.Потеклото и исправноста на продуктите е многу тешко да се контролира ,а особено во ресторан ,па отука би произлегол и мојот страв од можно труење со храна.Не дај боже во денот моето дете да поврати (а може од било која причина) веднаш ќе помислам дека е предизвикано од ресторанот. Сигурно имам уште причини протв ,но морам да направам јадење за мојата малечка
Навистина ми се важни овие ваши мислења а наскоро и ќе дознаете зошто. Инаку се работи за ресторан исклучиво за бебиња, каде може однапред да се нарача по телефон, можеби и достава, се е произведено со строго контролирани услови и производи, значи храната да биде свежа. Можноста да се носи храната дома е исто така важен момент, но понекогаш, како јас вчера со внука ми и еден куп баби и тетки со своите внуци, сакаш да го почастиш твоето сонце малечко, да се почувствува, посебно на 2-3 годинки, дека е како ГОЛЕМИТЕ. Дека може да се направи мени, може, особено кога се работи исклучиво за нив, значи се е посветено ним, на нашите малечки принцови и принцези. Дека ќе има бука, ќе има, но всушност и голем број на деца јадат исклучиво во вакви услови, со други деца Храната за носење е спакувана во пакувања кои се за една употреба, исто така под контрола, а онаа која ќе се јаде на лице место да биде сервирана во тањири какви што и дома користиме за децата, измиени во машина за садови и со средства со кои и дома миеме, и пак, под сите контролни услови и стандарди кои ја опфаќаат оваа специфична група на луѓе , и тие станаа луѓе, малите пишпилиња Во врска со производите во продуктите, се ќе биде наведено во менито, во декларации, ќе биде напоменето кои се алергени и слично. Ова е особено важно и од корист таму каде децата ги чуваат непознати лица, дадилки, баби, тетки кои воопшто немаат искуство во приготвувањето на храна. Се е ствар на личен избор на крајот на краиштата, но деновиве сме толку забудалени по западниот начин на живот што мислам дека и ова нема да помине поинаку.
Супер идеја само јас лично од 6 месеци не би го носела мојот бебуш, но после година/година ипол зошто да не... Не се припотресувам толку многу околу исхраната па да половина час го читам производот со сите состојки пред да го дадам, па ако си е ресторанот со сите прописи и стандарди тогаш ок. И сега ја носам малата понекогаш во ресторан, слаткарница, бурекџилница и сл. со нас па си јаде воглавно она што јадеме ние па би било олеснување да има храна приспособена за нивна возраст...
Искрено не знам колку сево ова како идеја може да помине ,не само во МК ,туку и било каде.Според мене лош е изборот на таргетираната група,од просто што малку е тешко во една просторија да бидат и бебиња и деца. Бебињата ќе плачат,децата ќе трчаат и искрено мислам дека тоа би било карамбол.Ваков тип на ресторан би можел евентуално да биде за деца над 2 години ,па се до некои 7 години и тоа под знак прашање зошто децата на 7 години баш и не сакаат да се во близина на 2годишни деца.Јас имам син од 8 години и ќерка од 9 месеци и верувај дека уште сега неможам да им најдам нзс,а не понатаму.Друго што ми мати памет е што би правеле родителите дали ќе има храна и за нив?Малку ми е нелогично да ги носам децата да јадат ,па после да треба јас да одам да јадам(доколку планот ми бил да јадам дента надвор).Околу идејата за достава јас мислам дека тоа многу би ја подигнало цената и не знам кој би можел такво нешто секојдневно да си го дозволува.Оние кои имаат дадилки,жени,баби ,за храна се обезбедени зошто истите им ја прават и ретко кој ќе може секојдневно да дава по плус минимум 100 денари за еден оброк.Јас ручекот кој го правам за мојата ќеркичка чини 25-30 денари,а не верувам дека вие во ресторан би можеле да ја понудите.За да не биде на празно математиката еве ја 50гр бело месо -15 денари,1морков-2 денари,1парче брокула-2денари,2-3 парченца боранија-2 денари,парченце целер-2 денари,1 лажичка јорурт-2 денари,парченце тиквица-2 денари.Ова е прекрасна манџичка за бебе Кај бебињата е лошо и тоа што тие јадат на 2-3 саати односно во денот по некои 7-8 пати и искрено еден оброк надвор и не прави некоја разлика во смисла на некое одмарање за мајката.За да имате храна и за бебиња навистина треба да имате барем 2 кувари само за нив бидејќи нивната храна не може да се подготвува со морков кој е излупен пред 2-3 часа,или компир или домат,туку треба непосредно пред подготовката..Ова се само најдобронамерни совети
AIT секако дека се добронамерни, јас само сакам да видам каква е реакцијата на вас мамичите, нели сепак вие сте тие кои одлучувате за нив. Инаку наскоро ќе ве известам за што се работи и тогаш во целост ќе ме разберете.
Искрено, не знам како би поминал ваков ресторан кај нас. Можеби во западните земји може да помине, со оглед на тоа што (колку што сум информирана, се надевам не погрешно), во повеќето земји, породилното отсуство трае најмногу до три месеци после раѓањето на бебето, па оној период на воведување на цврста храна може да биде полесен за мајката доколку би постоеле вакви ресторани. Ама, мене, а верувам и на повеќето мајки кои седат дома, не ми е тешко да спремам јадење за моето бебе/дете, кое и онака се спрема за многу кратко време, и што е најважно - од свежи продукти. И онака скоро секој ден готвам, па не ми беше тешко да спремам за малиот кога јадеше посебно, а сега веќе јаде исто со нас. Оние кои не сакаат или не можат да готват, имаат голем избор на готови каши и најчесто тие им се единствена опција. Не знам, вака да дадам проценка не можам. Меѓутоа, не верувам дека јас би го носела моето бебе во ваков ресторан, бидејќи пред сè знам дека малите бебиња не сакаат многу гужва и галама, а останатото ми е споредно. А и ние не јадеме многу често по ресторани, поточно немаме таква навика, па не верувам дека би практикувала со детето да биде поинаку.
Пошто бевте фини со мене и ми ги кажавте вашите размисувања за идеата ресторан за бебиња еве да ве известам од прва рака, доколку смеам секако, доколку не слободно шутнете ги мислењето, наскоро во Скопје ќе се отвара ресторан за бебиња и деца кој ќе нуди готова храна што на лице место што достава до дома, разноразни додатоци за деца и секако специјална храна за деца кои се алергични на одредени производи. Сега засега локација е Веро Центар/Џамбо. Се надевам ќе ве видам сите вас Феминки мамички, тетки, дадилки и слично на лице место на отварање, јас ви ветувам дека ќе биде супервкусно и суперзабавно за сите дечиња, а и од друга страна здраво и одобрено од контрола и инспекција. Се за овие мали глави на кои светот одтанува
Затоа што таа опција ни е некако поизводлива, таргет групата, дотичните мали суштества кои ги сакаме најмногу на свет, гравитираат најчесто кон Џамбо, царството на играчките, а и кириите се далеку поприфатливи, да бидеме на чисто п.с. Честитки примаме исклучиво на лице место, притоа ќе ве почестиме со БлубериМафин или сокче од калинка
Само гласно размислувам - Сити Мол е огромен, факт е дека ќе е најпосетен, и едно одење таму сигурно ќе и` одзема на фамилијата пола ден. Децата мора да јадат во тие саати, нели? Честитки и на лице место ќе ви дадеме, не е проблем
И одлично ти е размислувањето, но да тргне се како што треба и здравје ќе се прошириме и во Сити Мол, инаку сега засега кириите ни се катастрофални таму, условите уште повеќе, Верово ни нуди навистина убави услови. Здравје ако успееме да ја склопиме зделката на векот, можеби и молов нема да биде лоша идеа
Мене ми се допаѓа идејата за ваков ресторан. Многу пати сум била во ситуација да сум кнап со време, па да се решам за Хип кашичка, а сепак тазе зготвено е подобар избор, само да знам дека користените продукти се од проверено потекло. Моиве се веќе големи, па не би го користела ресторанов, ама мислам дека би функционирал, особено со доставата. Се разбира, зависи и од цените, ама ако не друго, во градов има доста странци, и луѓе кои се често кнап со време, па не можат да подготват храна во секој момент. Многу пати кога ми беа мали децата ми фалело вакво нешто. После работа да отидам некаде на ручек, каде што можам да најдам и нешто што ќе го јадат децата. Значи едно семејство може да отиде во Веро Центарот, да седнат било каде, а за децата да се земе храна од овој ресторан. Или да се седне во ресторанот за деца, а возрасните да си земат од друго место. Ова е важно, да има за сите . Ама тоа се договара со околните ресторани.
Ви благодарам на подршката пред се Да ќе може да се носи храната бидејќи и така сега во овие трговски функционира на тој начин што зимаш храна и се сместуваш каде сакаш, не е да си ограничен со тоа каде седнеш таму јадеш, колку пати сум јадела во Амати а сум седела пред МекДоналдс бидејќи некој друг јадел на пример. Инаку нема да биде храната наменета исклучиво за мали деца и за бебиња, значи ќе си има и нормална храна за деца, но ќе биде тоа се со одбрани продукти, контролирано производство, како што веќе реков со однапред смислена програма за деца со посебна исхрана и слично. И сето тоа дозволено од тетките и чичковците од Агенција за храна и од Детска клиника Испораката ќе биде исто така многу големо олеснување, а во најава е дури и снабдување на игротеки и градинки со храната од нашиот ресторан, значи не се зафркаваме, ќе бидеме навистина вредни Ве известувам нахнадно за време и место и сите до еден ве чекам таму