Бидејќи е темава за исхрана за најмладите, да споделам инфо за ПРЕКРАСЕН природен и ГМО чист ајдамер на Зелена долина (до сега само во Веро во Тафталиџе го имам видено, на сечење е) и полу-тврд кашкавал од истава фирма (во фрижидерите со кашкавалите е, пакуван) :up: Значи, од истава фирма, за целото семејство, не само за малата, користиме се` што досега имам сретнато, и се` е перфектно! Пробајте Исто, не знам дали е за тука, ама пошто спаѓа во исхрана, ќе ви напишам еден рецепт за енергетска бомба за малите: Мелени ореви, бадеми, лешници, лен и сусам + чист овес се мешаат со мед (доволно да се соединат) им се додава стопен путер (чисто за да ги стврдни откако ќе се излади), 1 лажичка какао и цимет по желба. Јас ги направив како бомбици, ама следниот пат ке ја истапкам смесава на рамна површина, па ќе вадам форми со калапи, за да и` се поинтересни Спојлер И не само таа, туку и јас и мм си јадиме по 1 секое сабајле
Мамички јас сум малку скарана со чуството за солено / не солено ама АБЦ крем сиренцето не е малку пресолено за дечињава наши? Ве прочитав тука дека го препорачувате, купив, малечкава моја го бендиса со палента ама мене ми се виде солено...грешам?
Јас го давам единствено тоа, ништо друго. Искрено, мене ми е многу убаво Едит: И да кажам за едни од најубавите млечни производи што ги имам пробано во последно време - Малеш, од Смојмирово. Имаат дуќан во зградата позади Поштата во Н.Лисиче (гледа во паркингот и кон втората зграда), кашкавалите (сите) им се прекрасни, урдата исто така (за малата ја земам), јогуртот е нешто што одамна такво немам пробано (за 2 дена од отварањето се скисели, баш како што треба!), и сирењето кравјо (посебно тоа во пластика, т.е. солило) е прееевкусно. Се` им носат пресно, дуќанот не е ништо посебно, ко старите самопослуги ми изгледа ама се супер, сите производи до еден! Пробајте, ние секој 2 ден специјално возиме до таму за да пазариме