1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи кои не би ги купиле повторно

Дискусија во 'Тело' започната од MejkApGirl, 26 јуни 2012.

  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Мислам дека не е за под мишки, оти не е антипреспирант ами дезедоранс. Ако грешам некој нека ме попарави :^)
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    B.U. има и дезодоранси и антиперспиранти.
     
  3. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    1.889
    Значи ниту еден рол он од Орифлејм не е добар. Катастрофални,лепливи,гадно мирисаат на кожата и негативни критики само за него.. да не набројувам колку само имам пробано, со надеж ај овој ваков ај овој онаков,ма како не!! [​IMG]

    Ако немаш дома паштета, еве замена , катастрофално нешто [​IMG]
     
    На Beauchamp, MarcheloGirl и Silver.E им се допаѓа ова.
  4. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    [​IMG] многу од вас го фалеа јас воопшто не сум задоволна :worried:
     
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.477
    Општо не сум задоволна од квалитетот на производите од AVON. Конкретно јас си имам порачувано по нешто, онака, за разонода :D
    Од работите кои повторно никогаш не ги купив и не би ги купила на прво место би до ставила млекото за зацврснување кое иако има напријатен мирис, проаѓам преку тоа бидејќи сепак не е наменето да мириса убаво туку да ја зацврснува БРАЕМ кожата. Но и тоа не го направи.
    [​IMG]

    Парфемот Perceive. И после големите нанесени количини, не е воопшто траен. До вратата и исто како да немаш ставено. Повеќе ми мириса шампонот од коса, отколку парфемов. Потврдено од останатите околу мене бидејќи секако се губи перцепцијата кога некој на себе има нанесено парфем.
    [​IMG]

    Тоалетна вода Pur Blanca. Исто како воопшто да немам ставено ништо. Воопшто не се чувствува. Исто како и претходно, потврдено од останатите. Рол он - от повеќе мириса од самата тоалетна вода.
    [​IMG]

    И уште некои парфеми кои не вредат за тие пари по кои се продаваат како Black Suede Touch за мажи.
    И уште неколку производи од нив но доста е сега за сега.
    Сепак, не значи дека сите им се такви, имаат и други парфеми кои се малку повеќе трајни.
     
  6. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    767
    [​IMG]

    Ова чудо што нема врска,се излажав ја земав во ДМ пред месец,два за 200 денари,со тие пари ке си купев маскара на Есенс кои што се поим за ова чудо.Ништо не прави ама ништо,катастрофа,само ми зафаќа место во несесер
     
  7. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    493
    http://3.bp.blogspot.com/-Y4ubBjRvBes/U ... ampoo+.jpg

    Значи БАЛЕА шампонот за кафена коса е најгрдото нешто што сум го ставила на мојата глава. Веќе неколку шанси му дадов и се полош и полош ми е ама денес го достигна врвот. Дури бев приморана да ја измијам пак косата пошо ми беше сплескана и ко недомиена.

    до сега од сите шампони што сум ги пробала, а многу се, најмногу ми се свиѓа од орифлејм шампонот за волумен :)
     
  8. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.477
    Дезодорансот е и за под пазуви и е наменет за неутрализирање на непријатната миризба. Додека антиперспирантите спречуваат потење. ;)

    А да не е шмпонов за фарбана кафена коса, а не природна кафена?
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Во овој маслен спреј, нема ни М од масло. Како водичка е. Зошто напишале масло за тело, кога нема воопшто масло? :x И целата кожа ме пече кога го нанесувам и смрди на алкохол.
    Најкатастрофално нешто кое сум го купила од Авон. Го платив околу 300 ден., ама не вреди ни 50 ден.
    [​IMG]

    Ако сакате калива вода, тоа е оваа пудра. За ништо не ја бива, не е покривна, напротив уште повеќе ги покажува недостатоците, не го прави лицето сјајно, здраво, туку изгледа уште полошо и плус ми се нафрли. ( И повеќето пудри од Орифлеим и Авон се такви, пет пари не вредат)
    [​IMG]

    Имам пробано повеќе од антиперспирантиве на Орифлеим, ама никој не се покажал. не држат, не штитат, не даваат убав мирис, ми ја првутат кожата (прв пат ова сум го видела, цела кожа беше распрвутена и бела). Никогаш повеќе не би купила.
    [​IMG]

    Моливите за очи од Орифлеим. Одвај цртаат и одма се бришат, ич не се издржливи. Одма го фрлив в канта. И другите што сум ги пробала (за поклон имав добиено) беа исти.
    [​IMG]
     
    На Beauchamp и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.729
    Допаѓања:
    24.619
    Пол:
    Женски
    Иако производите на Есенс у главном ги сакам и користам, не би купила веќе маскара, ниту пак моливчето за очи I love Rock.
    Конкретно маскарата ја купив бидејќи ја немаше мојата стандард од Римел Лондон, и ја зедов од Есенс во сива амбалажа( ме мрзи слика да барам ) бидејќи продавачката ми рече слични биле. Ама никаква сличност нема, прво четката - кога нанесувам со оваа на Есенс секогаш ги замачкувам капациве, ко да имам две леви раце. Башка ми тежи некако, ја чувствувам на мене и ме пецкаат очите и ги чувствувам уморни.
    А моливчето го зедов бидејќи прв впечаток ми беше дека доста пушта боја, не е суво - и така е, ама баш тоа му е мааната. Од што е меко и пигментирано, лесно се размачкува, и во текот на денот шминката станува неуредна.

    Така да, never again. :Down:
     
  11. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Голден Роуз-Wonder Lash маскарата.Продавачката ми ја испофали и викам ај да ја пробам,џабе си фрлив 400 ден..Мене не ми се погоди ама ич.Не ми ги издолжува трепките,нити им дава волумен,се лепи и многу се рони..Така да еднаш се зафркнав,друг пат не :Down:
     
  12. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    9.166
    Пол:
    Женски
    Многу сум разочарана од дезодорансот од ванила на Балеа. Обожавам мирис на ванила, но овој не. И исто така остава бело при шприцање, комплетна утка... :Down: :Down:

    [​IMG]
     
  13. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам и двата производи и за првиот не можам да се пожалам(можам само да додадам дека преубаво мириса) ,а за другиот јас си ги издробив перлите и пуштаат боја боље него икад :D .
     
  14. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.477
    Сакав нов антиперспирант колку за промена. И гледав по полициве и на крај го зедов

    [​IMG]

    Мирисаше добро но немаше никаква заштита.
    Штом на мене немаше никаква функција што потењето не ми е никаков проблем и понекогаш поминувам само со дезодоранс, не би сакала да замислам како би било на некој што потењето му е проблем.
     
  15. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Значи не сум згрешила што си земав Нивеа,а баш се мислев во Рамстор беа 125 ден.
     
  16. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Истото го направив и јас со перлите, само не ги издробив сите туку секој пат по некоја.. одлично си врши работа сега :D
     
    На newme му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.996
    Допаѓања:
    35.941
    Пол:
    Женски
    Катастрофа е. Воопшто не штити од потење.

    [​IMG]

    Шампонов ич не ми ја миеше убаво косата. Наредниот ден пак ми беше мрсна. Не можев да ја исчешлам како што треба.

    [​IMG]
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    [​IMG]
    Одкако почнав да ја користам мислам дека почувствителни ми станаа забиве на топло-ладно и повеќе почнаа да ме болат. Глупости во боја :fubar:
     
  19. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Шампонот Wash and go. Од дамна го имам користено еднаш, и никогаш повеќе главава ненормално ме чешаше како вошки да имам.
    [​IMG]
     
  20. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Doctors antiacne, крем за акни. Многу чудна текстура, одвај ставав. На почетокот ми беше ок, но потоа како да ми искачаа повеќе... Не би го купила повторно.