За разлика од дезодорансите и антиперспирантите на Fa, стик од Fa веќе никогаш нема да купам. Конкретно го земав овој од сликата. Резултат: не спречува од потење (а јас сум помеѓу оние кои немаат проблем со потењето), а најлошиот дел беше кога забележав дека ми се уништени 4 блузи меѓу кои една омилена! own:
Ова моливче за очи од орифлејм никогаш повеќе. Само првиот пат пушта убава црна боја инаку се суши и никакво е! Спојлер Пудрава катастрофа невидена ми се погоди. По краток временски период цела се згрутчи и како вода да тече од неа, како расипана да е!! Спојлер
Незнам дали некогаш во животот сум помирисала нешто погрдо од ова. Значи незнам колку сака нека е здрава и квалитетна, миризбата е МИЗЕРИЈА. Погрдо нешто АМИН. Најгрдиот производ од Бекутан дефинитивно. Никогаш не би го купила повторно.
Напишале заштита 48 часа, а ова ни еден час не штити, а и брзо се рони, сува структура, тешко се нанесува. Така стои дома, ќе го фрлам да не го гледам.. Па будаливе направиле и double power и со цел памет напишале дека штити 72 часа. Алоо сигурно ние нема да не се истушираме цели 72 часа и од ова да се шлапаме, доволно е да ви штитат овие некои 7-8 часа кога сме некаде активно надвор од дома. Ама за жал вашите сра*а не штитат ни саат време. Никад више не би купила стик од Фа.
Моментално ми текнува само на дезодорансот на Fa - sport double power. Поникаков дезодоранс немам користено во живот, ем се лепи, ем мириса ептен тешко и тужно, не дај Боже после тоа парфем да ставиш на тебе - има автоматски луѓе да бегаат. Обично дезодоранси користам на Фа, па си реков да го пробам, не претпоставував дека нагони на повраќање ќе имам од него. Огромно не!
Becutan хидрантното млеко за тело. Воопшто презадоволна сум од нивните производи,ама млекото е катастрофа!
Коректоров има толку сува и никаква структура што е невозможно да го размачкаш. Буквално го путер е. Остај тоа, па од километар се познава ако го ставиш на мозолче, а да не збориме за подочници. Инаку станува збор за Ideal Flawless од Авон.
Овој стик од Фа, никогаш повеке нема да го купам. Мирисот на прво мирисање беше океј,ама по едно ставање смрди буквално..и ни еден час не држи... Овие карминчиња од Голден Роуз мене не ми одговараат...сакам мат кармини и овие според мене се лепливи не се впиваат брзо и кога ке се засушат конечно..да не можеш да го извадиш. За разлика од тие карминчиња со златно. Шампонов од Палмолајв, косата позалепена не ми била никогаш,плус за мирисот на чисто.
Јанг Дерм крем за лице за проблематична кожа со екстракти од манго и камилица Преагресивен пресилен крем, кој можеби треба да се нанесува само локално и директно на проблематичните места. Не би го препорачала воопшто за целото лице, зашто онаму каде кожата ви е ОК и немате никаков проблем - ќе ја пресуши сосема, до граница на перутење. Не знам како, но и очните капаци почнаа да ми се лупат, дури страв да го фати човек, одвај го оправив лицето.
Истото и кај мене. Го купив лани ова време и бидејќи имам комбинирана кожа мислев ќе ми одговара за целото лице како дневен крем. Немаше ни 3 дена го фрлив. По нанесувањето добивав црвенило на лицето и исто многу ме печеше. Во никој случај не би го препорачала ни јас. А исто така не сум задоволна и од кремот за околу очи од авон Јас како што имам такви темно плави подочници а во каталогот пишуваше дека со редовна употреба ги намалува кај мене и по 3 недели редовна употреба, немаше никаква разлика
Мене па многу ми е погоден и со години го користев , после го сменив пошто не можев да го најдам и си дадов скоро 400 денари за неполн месец да се исуши и на ништо да не личи еден туш на севентин, да не си земала некој што не бил чуван во соодветни услови пошто и кога со појака сенка се шминкам одлично ја покрива кога одозгора туш нанесувам
Јас никогаш не би ги купила млекото за тело и гелот за туширање од mariella rossi, навистина прекрасно мирисаат но и целата туба да ја ставиш на тебе нема да се направи пена. http://img.dooyoo.de/DE_DE/orig/1/7/3/1/7/1731793.jpg Исто така користев еден гел демек за чистење на лицето од акни, митисери, од нечистотии (препорака од другарка на мајка ми, нејзината ќерка го користела и бил фантастичен) а мене не ми го исчисти лицето од црнките (митисери) кои ги имав на носот и брадата туку ги претвори во акни и ми направи нови на челото, само не ми текнува како се вика, пакувањето е бело а гелот е син и мириса на ментол, цената му е 200- 300 денари
Гледам сте ги споменале сите можни рол-онови од Орифлејм, сосема се согласувам. Лепат, оставаат траги, мирисаат страшно, не вредат ни за пет денари, а камоли за сто (колку што ме држи сеќавањето од прилика толку беа ) Небитно, ужасни се. Исто не би купила спрејчиња за тело од Авон никогаш повеќе, ниедно не ми се погоди, сите имаат претежок мирис и ми се лоши кога ги ставам на себе. Друго, шампон на Нивеа, мислам дека ја поминав цела колекција, употребував еден за кафена коса со мирис на чоколадо мислам беше, не можев да ја оправам долго време потоа, премногу блага формула, косата ми се мрсеше за рекордни два дена. Затоа си реков шампон од Нивеа веќе не, си имам други докажани и испробани, експериментите некогаш завршуваат со лоши последици.. Има и други работи, ама не ми текнуваат во моментов.
Не го купив туку го добив како подарок, ама мирисот не можам да го поднесам. Немам сретнато мирис што ми пречи толку многу колку овој на колекцијата на Викторијас Сикрет - Лов спел
Мислев ќе прикрива акни, ама ништо.. Катастрофа. Искрено исто како паштета ми е Еднаш само ставив и повеќе не.. Ова крема најмногу ја мразам. Веќе 3 месеци ја користев со надеж дека ќе има ефект за акните и ништо.. Џабе ја купив.. Од тоа десно, ми се појавија акни, и веќе престанав да го користам ..