Гел за туширање Oasis на орифлејм Не ни сакав ова да го порачам, порачав едно ми дадоа друго, па ајде реков ќе го земам. Мирисот му е лесен, ајде тука помина, ама многу малку се пени. Ставам колку што знам дека ми било доволно со претходните гелови за туширање, но не ми беше доволно за цело тело морав да притурувам. Ќе си се држам за фелче азура. Регенератор од генера со мирис на кокос Немав многу пари во мене а ми требаше регенератор, ми се потроши тој од глис црниот па ајде реков да пробам. Прво мирисот му е како на оние мирисни во кола порано што ги редеа на ретровизорот како елки што изгледаа. Го ставам како што си се става регенератор, и тоа малку повеќе, реков големо е шишето да го потрошам побрзо. Не го остава тој мазен мек финиш на косата откако ќе ја измиеш како другите на гарниер, лореал, глис.. Исто како ништо да не си ставила. Поарно ке дадам 130 ден за гарниер, отколку 70-80 за ова.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =3&theater Пудрата на Fresh Mineral long Lasting дефинитивно НЕ е за прекривање на сјајот на лицето, иако за тоа пишува дека е наменета. Ми се појавија полеми лишаи и кожата почна да ми пука. А уште кога ќе помислам дека ја платив 1200, срце ме боли.
Одвратно мириса, и мене веќе наредниот ден ми е мрсна косата. А тоа мирисот, луѓе одвај дишев додека го користев. Се молев да ми се затне носот. Не е толку грозен и гнасен колку што е остар мирис.
Јас купив Palmolive шампон откако се избањав косата цела ми се заплетка едвај ја отплеткав и сега си го користам Wash & Go 100%Volumen и многу убаво ја прави косата ...
Спојлер Тоник за лице од Балеа. Навидум убаво, првите два пати. Имав 2/3 мозолчиња кои ми ги исуши за ден. После тоа неќеше да се суши. Почна да лепи, лицето ми свети и саати му требаат да се исуши. Спојлер Прво мириса ужасно, потоа ја лепи косата, ја плетка, притоа изгледа косата како мрсна, изгорена. Пробав да го ставам на мокра, на влажна и на сува коса, но не делува никако.
Овој крем за раце никогаш повеќе не би го купила. Ужасен е. Многу мрсен мириса на трева, рацете ми лепат од него. Ова срање од коректор за подочњаци на Голден никогаш не би го купила. Одкога ќе го ставам си ги чувствувавм очите суви и трае само еден час подоцна се познаваа како бело
Најлоша колекција икад! Едвај си го оправив лицево после овие производи. Никад више не зимам вакви глупости.
Дали некој слушнал за козметиката Белинеа што се продава во ДМ викаат дека е добра во краток рок доколку ги користис посебно тоа се однесува за производите за кожа а послем правеле проблеми на кожата ??? јас не се осмелувам да ги купувам иако морам да пизнаам дека спрејот против мрсна коса им е предобар )))
Веројатно мислиш на Балеа. Имам користено некои производи, вклучувајќи и маски за лице, кои се покажале како добри, но резултатите се индивидуални. Некому ќе му одговараат, а некому не. За шампонот за суво миење потврдувам Но за оној со зелено капаче. Има уште еден во сино пакување, но тој не ми се допадна.
Погрдо нешто немам ставено на мојата кожа, миризбата му е прејака, одвратна, неподнослива и што е најлошо трае цело време.Дефинитивно никогаш повеќе не би го купила ова!
1. На прво место, Еуцерин лабело за уста. Иако читав доста позитивни коментари за него сепак мене не ми се погоди. Устата ми ја прави ненормално сува . 2. Шампонот за суво миење на косата од Балеа. Врска нема со намената , единствено само мирисот му вреди. 3. Гел за туширање од Орифлејм. 4.Општо од козметиката на GOSH 5. Било кој од шампоните на Палмолив.
Не сакам да кажам ама морам. Производите на I love... Ги купив на промоција во Космо,платиш еден добиеш два производа гратис.Е сега гратисот се разбира не е ти да си одбереш туку тие што ќе ти дадат.Значи беше кремата за тело од кокос,и гратисот -пилингот за тело од ванила и путерот за тело од лимон.Кога ги мирисаш од амбалажа делуваат примамливо,ама кога ќе ги нанесеш на кожа мирисот се менува и некако е тежок.Мислам ги користев сите одделно да не им се мешаат аромите...и пак ме гушат.И негата не им е добра.Брзо се впиваат тоа им е единствена добра страна.И џабе да ми ги даваат не би ги зела.Се разбира на различна кожа можеби различно делуваат. Како да ги откачам да не ги гледам