Луничка прати ми ги јас земав исто на промоција во Рамстор 300 ден гелот манго и папаја + путер за тело исто манго задоволна сум.
Ми мириса на Ефтин Бугарски парфем и Подлогава, пача и цемент, 2 во едно. Ма и каша. Иако многу феминки се задоволни од ова чудо, јас не го можам
1.Diplona Shampoo Спојлер На мајка ми и го испофалила колешка и ајде да го пробаме и ние, леле одвратен ми е, ај што нема никаков мирис тоа нема врска и вака и така тоа не му е намена, ама после миење косата ми изгледа ко неизмиена, мрсна ми е и сува. 2.Balea Trocken Shampoo Спојлер Сувиов шампон е никаков, ај првиот пат мислев дека не го ставив правилно ко што треба, ама после неколку пробувања се одкажав.Вака на изглед и не се приметува дека косата ти е никаква, ама на допир тешка е, заплеткана е, не можам ни да ја опишам. 3.Alverde gesichtstonic heilerde Спојлер Тоник за лице со кал,за нечиста кожа против акни и мозолчиња.На почетокот ми се виде ок,не приметував никава разлика ама си мислев дека е нормално бидејќи краток период го користам, ама после месец дена сфатив дека нема никакво дејство и го користам како тоник за вадење шминка. 4.Balea Glatt+Glanz Spray Спојлер Спреј за исправување на косата, за непослушна коса без сјај.Го купив со радост дека стварно ќе ми помогне, бидејќи тој период ми беше благо ужасна косата, и си направив како што пишува во упатството, на мокра коса се испрскав, и косата ми стана толку мрсна, толку исплеткана, што немаше шанси да се помине со прсти низ неа, и назад пак ја миев и веќе не ставив од чудово. 5.Balea soft&clear mattierendes make-up Спојлер Мат пудра со салицилна киселина, против акни и митесери.Ова е најлошиот продукт што некад сум го купила прво да нагласам.Имам многу бледа кожа и си ја земав најсветлата нијанса, ама пудрата е толку темна што не ми одговараше дури ни го бев прилично поцрнета.Ајде да преминеме преку фактот дека бојата не ми одговораше, ама составов на пудрата не се опишува,паштетаста е целата, дури на моменти и како водичка тече коа ќе се стисне и еднаш ја ставив на лице, и никогаш повеќе.
Не би купила никогаш од сапунот на Nivea Honey&Oil,и никогаш од таа купката од кам што е,кога се истуширав еднаш со нејзе цело тело ми беше црвено и цела кожа ме печеше неколку саати,и на лице па тогаш за беља се прснав од купката и целиот образ ми и накај окото ми беше црвен и ме печеше.. барем јас имав таква реакција на таа купка,тоа не значи дека кај друг ке се појави истата реакција,можеби сум алергична на некоја состојка што ја има купката..
Го користев со зеленото капаче и не знам што ѓаол ме натера да го купам ова со розево, одвратно мириса.
Не гледав некоја посебна разлика после нанесувањето, освен што многу ми ги слепуваше трепките :? залудно фрлени 300 денари
Пудрава е тотално без врска, ни покрива ни ништо, всушност како и сите течни пудри на Авон, катастрофа!
Pantene shamponot i regeneratorot...uzasss .. od dvapati nanesuvanje i kosata lom so prvut...najbitno e shto se otarasiv i vakvi eksperimenti poveke ne
„Клое“ едт - зелената варијанта. Жали Боже парите! Не знам кај ми беа очите (па и носот) кога го купив. Треба да го залепам носот на кожата за да фатам некоја „жица“. Никаква аура, никаков печат. Ефект на тазе измиени раце со миризлив сапун. Толку!
Nivea сапун. Ја пресушува кожата, мирисот не беше добар откако ќе се нанесе вода и после 3-4 миења се раскашавува и на ништо не личи. После раскашувањето исто како да не си нанел ништо и ги остава рацете со чувство дека се неизмиени па уште и после него почнуваат да се лепат. Мало пакување за чија цена би купила 2 други кои се многу подобри.
Апсолутно ама баш никаква врска си н-е-м-а! Косата ми е сува, заплеткана уште толку, и... Не го препорачувам, за тие пари се наоѓаат безброј поквалитетни работи од овој вид.