Од Пантене сите производи ми се катастрофа. Порано беа поквалитетни, повеќето може ќе се сложат. Сега се начисто катастрофални.
Fruttini Cranberry Choc Body Lotion Не знаете со каков мерак го купив Мириса феноменално, мислам дека цел ден би го мирисала и не би ми здосадил мирисот ама за жал тоа му е единственото нешто што му вреди. Што се случи - се начкам јас цела среќна, се топам од мирисот, уживам и одам во дневна да си се испружам на каучот да си гледам тв. После некое време чувствувам ненормално гаден вкус во устата па се мислам, па се туфкам што е работата, од каде сега ова, што се деси, од кај дојде одвратниот вкус и ми текна -се лижнав по рака и ми се потврдија сомнежите! Ај што имав чувство ко некој да ми има прснато со парфем во уста туку вкусот трае и трае и трае... исправ заби, исплакнав и со вода за уста и мислам дека уште го чувствував вкусот, ужас! Сега со него си ги мачкам само нозете ама не сум задоволна ни од квалитетот, јас имам прилично сува кожа и кога ке го ставам после туширање но ништо да не сум ставила. Се на се, џабе фрлени пари.
http://www.fashion.hr/img/repository/20 ... elease.jpg никад више !!! мирисот катастрофа, мириса на се освен на тоа што треба... и квалитет нула..
Pointless ... како и останатите производи за кожа на Орифлејм. Дуо кое не би го препорачала никогаш.Смесата за кремови за ЛИЦЕ и лосионите за ТЕЛО им е иста.И разлика меѓу кремот за лицето и оној за околу очи е неприметлива.Хидратација 0, ефект на ладен зимски ветар и пресушена кожа.Гној.Ги фрлив во кутијата со кремови кои не ги употребувам. Од друга страна за маската од оваа колекција имам само пофални зборови. Го користев како течен сапун, после и го поклонив на комшивката.Ужас.Било кој од литарските по 100 денари, дури афродита сапун, билјана прашок или детергент за чинии би имал подобар ефект на сечија коса.НЕ НЕ НЕ го препорачувам.
Од Нивеа пола прозиводите ме разочараа . Крема за лице, гел за миење лице и шампон никогаш веке не би купила. Од гелот за лице и шампонот целата исфрлив.
1. Garnier Moisture Match - крема за лице . Од ова знам дека повеќе се задоволни како што прочитав, али ја друга приказна имав .. Катастрофа! Ова ми беше врвот за Гарниер, значи ги откажувам веќе како козметика за користење воопшто не ми се допаѓа веќе ништо од нив, со ова последно си докажав. Мноогу се мислев за гелов, пенава што и да е, чудна и е структурава .. Дали да го земам, и сепак одлучив на крај за да , зошто за мрснава кожа се тепам за секој производ да изнајдам спас. Али ова чудо полошо ми направи, прво немам никаков мат ефект?!? Што е поентата, мене ми светеше лицето уште одма ,а да не зборам после 3 часа.. Помалце светев без него на лицево него ли со него. Второ, кога се нанесува на лице од толку што ми е чудна структурата како некои грутки ,лушпи ми се правеше незнам како да објаснам, абе ужас. И трета последна работа највеќе што ме изнервира ,ми излегоа толку бубулички по лицево ..страшно Се тешев дека не ми е од ова, и престанав некое време без него и одма ми се намалија.. За моево лице, значи гарниер веќе НЕ И уште многу производи од Гарниер кои што воопшто не сум задоволна вклучувајќи шампони,маски за коса,бб креми и такви чуда.. 2. Oriflame Nail Mask Незнам кој ѓавол ме натера ова да го купам, живи глупости и смешки Маска за нокти?! Незнам веќе што се не ќе измислат наредно.. Демек функцијата му е да ги регенерира ноктите, да ги обнови ,зацврсти блабла.. а јас што добив од само едно користење на маскава? Суви, суви, излупени нокти Толку суви што и после масло ставање и креми, мене пак ми беа суви ноктиве. Незнам дали ја не го користев правилно , али направив како што пишуваше во каталогот: се става навечер на голи нокти пред спиење,и утредента сабајлето се мијат ноктите со вода .. И уште по сабајле резултатот боже сачувај Како и да е, ужасен производ , не го препорачувам на никој .
Не знам зошто не си задоволна од маската за нокти од Орифлејм.И јас ја користам.Кај мене има добри резултати.Можеби зависи и од кавалитетот и цврстината на ноктите.Јас имам многу цврсти и бели нокти,никогаш не сум правела надградби и декорации.Користам само лакови за нокти во домашни услови.Тоа ми е природно и убаво изгледа.
Од овој шампон првут ми се напрај никогаш повеќе нема да го купам Џабе го ставаш ниту мириса косата ниту пак ја отплеткува.
Мислам дека грешиш за кремот на Dove, можеби не ти одговара на кожата, кремите на Dove се високо хидратантни и претежно наменети за сува кожа, но сметам дека се далеку од лоши
Си се тешам си се тешам ајде добра е...ама не бе мислам дека лицево помрсно ми го прави , а за мрсна кожа е , мат, подобро Менхетен во црна туба ќе купев него ли 860 што дадов за ова
Ме разочараа Palmolive. Купија моите шампон,но бидејќи бил за сува и оштетена коса, плус со мед и млеко мене ми го дадоа, и откако го ставав ни сјај имав на косата, ни форма плус цело време беше заплеткана. Еднаш и никад више, цел спротивен ефект.
По навика си користам бебешки производи,но кремот од Беколино ме разочара.Никогаш повеќе нема да го купам.