Сите вида на yup влошките. Ги купив за замена на ONA влошките зошто тие не ми беа удобни,но и покрај удобноста на YUP најлошото од нив е што ме чешаат од страна и ми создаваат ранички кај препоните. Никогаш не би ги зела повторно.
^Кај мене е баш обратно YUP ми се супер меѓутоа ONA за на екскурзија ги зедов дека нај евтини и катастрофа бљак и EVA - се катастрофа,
Шампон сајос,дезодоранс од адидас(пишува дека трае 72часа-не дека поверував ама не трае ни 72секунди),пудрата од гарниер бебе...друго не ми текнува сега...
yup влошките дефинитивно.толку ми се разрани кожата не знам кој крем не го ставив после едвај ми помина.ужасни се!
Туш на Буржоа во розово пакување. Воопшто не ми е погоден. Течноста е прегуста, некако леплива многу, лошо ми оди нанесувањето, прецрн е, лоша четка. Дава некоја вештачка гелна линија што ме нервира. Дефинитивно прво и последно купување ваков туш, Џамбо маркерот на Есенс е измислен и каде-каде поевтин. Течност за отстранување шминка на Алверде Не ја бива, ама жално е дури колку - не ја бидува. За лице не е погодена воопшто. За околу очи пак е слаба, не отстранува темелно шминка, не може да се пофали со никаков ефект, ниту барем пристоен мирис. Промашена инвестиција. Гарние мат крем за лице Овој ја носи наградата за најлош производ. Од мат ни мало м, напротив, остава мрсен сјај, лицето светнува за некоја минута откако си го нанел. Наместо да негува и хидратира, лошо ја затега кожата. Ја чувствувам како се гуши. Ем затнати пори, ем мрсен сјај за извоз. Ја џитнав во ѓубре, ниту мајка ми не ја сакаше.
^ Баш ми беа на листа за купување првите два продукта, а Гарние одамна ги множам со нула. Инаку Буржоа тушот и мене ми изгледаше густо и лепливо кога го видов тестерот, ама мислев дека е таков од што го 'рчкаат сите, па си викам да не се подзасушил. За тие пари богами треба сам да ме црта. Има сто пати подобри тушеви од некои нискобуџетни фирми. Да не бидам офф топик, мене ме разочара многу медицинскиот део спреј на Балеа. Почнав да ги избегнувам оние класичните антиперспиранти со алуминиум и триста чуда внатре па решив да испробам некои вакви спрејчиња. Прво имав купено еден од Алверде со екстракт од зелен лимон и жалфија којшто дури зачудувачки пристојно си ја вршеше работата во сред лето. Ме залажа тоа па викам да го пробам овој, затоа што има еден скоро незабележителен свеж мирис, плус па и медицински бил. Ужас жив! Не дај боже па да попешачиш малку, готов си. Ми оди да го фрлам во првата канта, затоа што ни за освежувач нема да го бива. Друг производ што ме разочара е еден лак од Мејбилин. Знам дека многу феминки го фалеа, ама ич не ми се погоди. Многу е густ и споро се суши, а и не покажа којзнае каква издржливост кај мене.
Мене пак баш ми помага за побрзо сушење на нокти.. -Инаку не би го купила повторно оној златната боја од глис спрејовите со оглед дека цело шише го истрошив ефект никаков -Malena лаковите од нивните ефтини лакови кои ги испробав ноктите ми испукаа, подобро 130 на сигурно отколку 30 па после оди управи ги
НАЈГАДЕН,НАЈГРД,НАЈСМРДЕН производ што може да постои!!! Да не сте се излаѓале да земите оти примамливо е! Огромно пакуванје за 100 денари бре!!! Косата ми е како слама, ја чешлам 3 дена откако ќе ја измијам со овој шампон и мириса на нешто скапано!!!!
Сите пудри на авон се тотална катастрофа. Како масло да си ставала на лицето. Воопшто не се покривни и слободно можам да ги сместам во оваа категорија.
Кога видов коментар за Сајос, морам да искоментирам. Купив на промоција зелениот Сајос со кондиционер, ама косава не како да ми е миена, мрсна, мрсна, залепена, ма погадно нешто во живот не сум купила. Никој производ не ме разочарал како овој. Ни фото финиш пудрата на менхетен. Никако да не фрлате пари за ѓубрево.
Ова чудово што и јас незнам за што ми користи освен што ми ја прави косата како тесто па можам лесно да ја наместам каде што сакам!Од волумен ни В нема!Можеби јас неправилно ја нанесувам
Одвратно,лепливо и чешаат пазувите од него,мириса можеби саат-два откако ќе го ставите,секогаш кога го ставав,во текот на денот имав чувство дека мирисам на пот.Катастрофа Бидејќи бев задоволна од кремата на Гарние во зелено кутивче,кога излегоа овие гледам ја фалат овде и тоа девојки со мрсна кожа,си викам да ја купам сигурно е подобра од старите.Можам само да замислам што прави на мрсна кожа кога кај мене со комбинирана не се впива,околу носот и на челото мрснотии,само образите како што ми се посуви малку ќе упијат.Ужас жив,тие што ја фалеа како е екстра или не ја користеле,само еднаш ја пробале или се лажат самите себе,каков матирачки ефект,вакво нешто не би се ни осмелила под пудра да ставам.
Сувиот шампон на Balea, ми ја прави косата тесто . Пудрата на Miss Sporty,ја земав за летото-барав да е некоја полесна,но оваа пудра се покажа ептен лесна .Воопшто не покрива,не би ја земала никад више.
Кремата е за никаде , кога ќе ја нанесам ми се прават како парчиња од неа Овој туш за очи се е само туш не е , отапува и не можеш да исцрташ линија со него ,не знам зошто се излажав да го купам . И млекото порано ми беше убаво , сега е катастрофа премногу течно ,веројатно нешто смениле или мене порано критериумот ми бил премногу низок
Ги имав овие едно време скоро сите ги пробав, и КАТАСТРОФА. После туширање чешање и црвенило ( а не сум алергична на ништо). Никогаш повеќе не би ги купила, и на поклон да ми ги дадат. Многу шанси им дадов, доста е.