Катастрофа од шампон. Го зев пошто мислев добар, дека имам видено фризерки како го користат. Ми се уништи и коса и скалп и се. Првут ми се правеше косата и после еден ден мрсна ми беше.
Дефинитивно многу лоша маскара. Ми ја предложиа во космо дека демек била многу добра Ми ги лепи трепките и ми ги праи како сплескани иако имам големи трепки Никогаш повеќе не им верувам на продавачкине ... Земи си што си мислиш и терај . . .
Го навлажни местото пред да ги залепиш? Треба прво да ставиш многу вода, не ја бриши и залепи ја на мокро лентава, чекај да се стврдни за некои 15-20 мин. и има ефекти. А ако си на мокро залепила и ништо, стварно незнам зошто не функционира.
Aura explicit nourishing mask Хранлива маска со араганово, бадемово и маслиново масло, звучи убаво и примамливо но ништо не и прави на мојава коса. Вика дека е 5 минутен третман за ревитализација на слаба, оштетена или хемисли третирана коса, но нема апсолутно ништо од тоа. Воопшто не ја омекнува косата, да ја негува уште помалку, сувата коса и расветаните, оштетени изгорени делови ги истакнува дека си се такви, исто делува и на потполно здрава коса, абе ко да не сум ни ставила маска. Да спомнам па уште колку тешко мириса ко на кола, одвратно. Цената и беше околу 300 ден. не повеќе, Лореал или Пантен ќе си купев со тие пари.
и јас ја земав пред некој ден, ко што пиша ти: многу примамлива и ревитализирачка ми изгледаше, и вчера ставив првпат и јас не осетив дека нешто и направи на косата... викам ајде може ми се чини другпат повеќе ќе ставам. Многу се разочарав сега јас ја земав 190 од ДМ
Го земав над 200 денари од орифлејм. Скептик бев, ама некако се убедив да го земам. Никакво покривање, џабе парите.
Го имав едно време и незнам мене баш ми се погоди... Но сега веќе слушнав разни коментари и не би го зела пак.
Mimi, во право си, млекото на Бекутан е многу потечно од што било. Но јас бидејќи купив големо пакување, па го ставам навечер, наместо крема. И супер ми е!
Можно е да си ја утнала нијансата па затоа да не ти се допаѓа. Мене квалитетов на карминиве ми е повеќе од супер за париве. Позитивна препорака од моја страна, преубав е. Патем, моментално го користам шампонот на Афродита со лук против опаѓање на косата, исто пофалби, но бара квалитетна маска како надополнување, за разлика од Сајос со кој немав потреба ни од регенератор. Не би купила повторно маскара од Малена. И лабело од ...Лабело, нема мирис што е незамисливо за мене, баш никако не мириса, а и нема некој омекнувачки ефект, како Росал на пример.
Знам го испофалив кога го зедов, ама по неколку миења ми ја затести косата, катастрофа. Мнооогуу важна улога игра и водата па првиот пат не го користев дома и затоа го пофалив бидејќи и заслужуваше. Ама дома после второто миење ужас.... Истото ми се има случено и со други шампони и по тоа заклучив дека е до водата.
Производите на Далиа, гелот за туширање и сапунот Кожата премногу ја сушат, единствено мирисот им вреди
Дефинитивно не би го купила повторно новиот парфем на авон femme. За џабе фрлени пари.Подобро ќе беше да си зедов некој на точење отколку овој
Пудрите на Seventeen - Natural Velvet и MATT+ Им дадов премногу време и премногу шанси да се докажат, но залудно. Кога нешто не одговара - тоа е, на сила убавина не бидува.
Маскарава ги жалам париве дадени за неа, 17 евра,ќе додадев уште 2 евра ќе ја земев на Бенефит не им прави ништо на трепкиве , нит ги пофигнува,нит волумен им дава...
Млекото за чистење лице на Росал, од кога почнав да го коситам личето со акни ми се направи и црнки, џабе фрлени пари.
http://www.njuskalo.hr/image-w920x690/kozmetika/cc-krema-avon-35-kn-slika-33717088.jpg више никогаш нема да ја порачам тоа со сигурност.Бидејќи ја ставив еднаш и ме печеа очите и целото лицемислев дека е од пудрата но не било така. Ужас за џабе фрлени пари се тоа.
Кремата за тело со мирис на кокос ми беше многу примамлива одамна и се решив да ја купам пред неколку недели. Мирисот е преубав, ме потсеќа малку на мојот непребол, путерот за тело Cien. НО, премногу е леплива додека да се впие убаво, а друга работа е што мирисот се губи за кратко, можеби за саат два. Тоа и не ми е толку битно, ми се допаѓа како ми ја хидрира кожата, но премногу ме нервира тоа што ужасно лепи. Баш економична варијанта е, но мислам дека следниот пат пак ќе си купам Џонсонс бејби.