Dove total repair,total замастена коса леплива од коренот па надолу Мислеќи дека е до водата дека не го измива го пробав повторно, ама сватив дека не ми одговара за косата, не знам кај други како делува, јас не го купувам пак.
Која ја имате? Таа за нормална/сува или за комбинирана кожа? Јас ја користев до пред скоро таа за комбинирана и мене ми е сосема ок.
Истата како на сликата кај cocopuff од десно само медиум долу пиши, како што гледав многу девојки не се задоволни од неа, кутивчето не го чувам, а на кремата не пиши за каква кожа е, за нормална мислам дека ја зедов.
^^ И јас прво таа ја купив и ми беше ужасна, ама другава што е за комбинирана кожа за таа цена е и повеќе од солидна.
За многу производи кои порано сум ги користела,ме нервира тоа што се сменети, не само во амбалажата за да не можиш дури ни да го препознаеш туку се и полоши на квалитет, порано вредеа за парите, сега само добиваш 15%гратис или пак 1000мл шампон за само 99 денари или со подароци, па не е истиот производ што долго си го користел.
Да го дополнам списоков: Impala течна пудра, Deline (или така некако) течна пудра - овие ги имав пред едно 6 години, ама се сеќавам какви ужасни пудри беа. Шампоните од Naturals колекцијата на Аvon - првут и многуууууууу првут. А маските од истата колекција им се убави и прекрасно мирисаат. Шампоните од Oriflame исто така. BB кремата од L'oreal revitalift. - Покрај тоа што не ми одговараше поради старосната група, туку и кога ја размачкуваш се лупи кремата и се претвара во топчиња... незнам како да објаснам подобро. Ама дефинитивно не од мене. Воопшто производите на Garnier не ми се допаѓаат, не ми одговараат на кожата или не се квалитетни, појма немам. Фарбата за коса од L'oreal casting without ammonia - воопшто не ми се фати на косата, ма да не ми ја ни оштети. Dove течните сапуни за лице - толку ми ја мрсат кожата. Nivea double effect eye makeup remover - очите како ме пецкаат од ова чудово. Nivea pearl beauty рол он - никаква полза од него. Dove рол оните - исто како и оној на Nivea. Има уште многу, друг пат ќе допишам.
Balea clear-up nose strips Крајно некорисни. Сум користела вакви ленти од Нивеа пред некое време и бев многу задоволна, случајно ги начекав овие во ДМ и си викам ќе ги пробам. Упатството им беше на германски, ама според сликичките сфатив дека само се лепат и се чека 10 минути. Првиот пат ги извлече само најмалите црнки. Тие ленти што претходно ги користев се топеа со вода за да се активираат, па си викам ај може стварно не го разбрав упатството. Па го барав на нет, испадна убаво сум разбрала. Па пробав уште еднаш и ги носев 25 минути. Пак истото. Комплетно губење време и фрлање пари.
Дефинитивно никогаш повеќе не би го купила. Пишува дека е СЕ во едно а не врши никаква функција, како кремче во светло кафена боја,речиси незаприметлива..Само дополнително ја мрси кожата, нема никаков ефект,единствено можи да послужи како подлога за под пудрата, за друго ништо не ја бива.Дефинитивно НЕ од мене!
Лак од голден росе,денес се намачкав сега гледам едно нокте подлупено,а колку е само убаво шишенцево а и нијансите
Од Гарниер бб кремата. Ја купив после долгото фалење. А, што би било кога не би постоеле рекламите ??? Многу ме печеше на лицето, ми ги солзеше очите, имаше ужасен мирис на алкохол, цело време бев нафрлана на лицето, ми го сушеше лицето. Претерале со алкохолот внатре ! Како да отворам шише ракија, а не крема за лице ! (Постојат многу други далеку подобри креми, не знам зошто сите се залетаа по оваа)
^Сигурно мислеше на онаа во слабо тубиче. О ваа на сликава воопшто нема алкохол , јас ја имам истава плус имам сува кожа сигурно ке ми ја сушеше.
овие фарби никогаш еднаш сакав да се фарбам и реков ајде овие најскапи се па и најквалитетни испадна дека не вредат ни за 50 денари мн ми ја исуши косата и зелениот шампон од авон никогаш првут ми ствара
НИКАКО, ама баш никако НЕ користете ваква маска Pure Skin од oriflame. Значи оваа опасна спојка ми направи катастрофална штета на лицето и тоа ја купив по препорака. Спојлер (гледат само да продадат,а дали е корисна или не, не им е гајле) Мазно ќе ми било лицето незнам што ,абе ајде Се изнервирав не ми е жал за парите,колку што за лицето.Значи ме пече двапати го измив,ставив дав крем па некако едвај ми се смири. Ми остави на две места црвенило и ме чеша лицето малку. НИКАКО НЕ ПРЕПОРАЧУВАМ, прв пат ми е ова така да се изгорам,но повеќе не, подобро со сапун само миење лице два пати на ден доволно е ,кој ѓавол ме натера..... Спојлер пс.и тоа само првата ја пробав,таа втората ја фрлив