Никаков мирис, ми се повраќа од него. Не можам да го поднесам, ниту еднаш не си ставив од него само така ми стои дома. Немам срце да го фрлам непочнато. Дефинитивно никогаш повеќе нема да го купам.
Слична боја. Malena 56.Катастрофа! Ѓубре,заради него нема да си го направам посакуваниот маникир за полуматура.Најгрди ќе ми се ноктите И уште спрејот за сушење на лакот за нокти од Jumbo,само ќе ви ги измрси ноктите..
Сите лакови што се на Мalena. Премногу се течни, еден слој да ставам е недоволен, а ако ставам два се суши цела вечност. За траење да не зборам, уште од вториот ден се љупат. Со еден збор залудно потрошени пари на такво ѓубре.
Никогаш не би ја купила кремата за лице од зелената линија на Еуцерин за мрсна кожа. Јас немам апла мрсна кожа па со оваа крема сум како лампион, а тие со многу мрсна кожа не знам како би терале со неа. За парите воопшто не вреди, не ја бива ниту како подлога за пудра
ТотAлно сум разочарана од производите на Гарниер ужас,овај шампонот демек за масна коса ко првут врска нема уште повеќе првут ми напрај ,исто така дезодорансот со розево капаче демек што не остава дамки на алиштата луѓе по катастрофално нешто аминннн,воопшто не ги суши пазувите никаква заштита и по некое време ужасен мирис све на све жива катстрофа и фрлени пари
Новата на Maybeline - Go extreme. Многу сум незадоволна, ми ги залепува трепките, не ми дава ни волумен, ни должина. Ја купив да ми дреме во несесер, незнам шо ме натера да ја купам, ептен беше на попуст па не ми е криво. Може на другите ви се има погодено, ама јас полоша маскара немам користено, премногу очекував од маскарава, ептен ме разочара.
Ако сакате да мирисате на алкохол и за џабе да фрлите пари - купете си ваков спреј од Авон ! Впрочем, сите спрејови им мирисаат на алкохол и благ мирис (кој испарува за 2-3мин.). own:
Еден сапун од портокал,како мирисаше А состав:Свинска,ваква таква маст,лој Одма го џитнав,не знам како изгледаше.
Avon SKIN SO SOFT Soft & Sensual Ultra Moisturizing Body Lotion Имав огромни очекувања од лосионов, критиките на нет за него се прекрасни но во реалност така лошо мириса на хемија, аптека, болница што нема шанси да го купам повторно! На кожа е така - така, ништо посебно, имам сува кожа и немам приметено дека нешто особено ја негува и хидрира. Скоро секогаш сум презадоволна од продуктите на Авон, но ете за се има првпат
Истото мислење го делам, мирисот му е катастрофа...тежок неподнослив мирис, структурата не му е лоша но мирисот убива, не е поднослив за секој нос.А приметив и дека спрејчињата мирисаат скоро исто, 2 имам земено, едното со светки, другото со минерали и двете исто мирисаат.. бљак
Во право си за овие,стварно мирисаат на алкохол. Јас како што знам да се капам во парфеми,цело тело го намирисам со вакво потоа моите викаат на ракија им мирисам Додека да излезам од зграда ништо не мириса
Fruttini - пилинг за тело Го фалев претходно многу како убаво мириса , како има крупни зрнца и кожата ја прави мека,ама случајно ми текна да видам што содржи кога видов дека е полн со парабени одма го џитнав во канта Make up forever Velvet Matte Foundation 10+ за покривноста , но ептен ја згрешив нијансата , кога ќе нанесам од пудрава сум како дух исто така има два парабена (јас незнам зашто се уште во некои производи додаваат парабени,нели беа забранети ) и најнегативното , цената , 33 евра со попуст џабе фрлени пари ете сега ми стои така во фјока ама памет за др пат