Им се нафрлив на Балеа. Вообичаено си купувам од аптека вакви влошки, ама овие место да помагаат уште толку неудобни ми ги направија чевлите, глоѓаат , ако сакате нешто за да ви станат неудобни чевлите тогаш ова е тоа.
Коректоров на Флормар. И покрај тоа што ми го пофалија доста, мене ни ми се допаѓа, ни ми одговара. Ајде за подочниците некако е ок, ама за на друг дел не да ми покрие и камуфлира, он ми се чини ми ја истакнува секоја поричка од тој дел на лицето уште повеќе.
Гел за чистење, тоник и лосион за лице со алое и ѓумбир. Поодвратно нешто - амин Дневен крем за лице со роза. Содржи светкави пигменти и лицето ми се нафрла со мозолчиња. Дефинитивно ова е најлошата крема за лице што ја имам користено
се сложувам потполно.. никаква е кремава да ги додадам антиперспирантите на Рексона, посебно оној син со светло кафени линии.. првиот ми беше мн убав.. но веќе следното пакување ми беше одвратно наместо да те заштити од лоша миризба ова чудо труе на кожата.. неподносливо
И јас како nekoja85 не сум задоволна, само во мојот случај е рол-онот од овој вид на Rexona. Тој период кога го купив многу ретко налетував на производи од Rexona. Овој беше последен на полица и го зедов без размислување, а беше и значително поскап од просечната цена на нивните рол-они. За заштита не знам дали беше добар бидејќи самиот оставаше ужасен мирис. Сите останати мирисаат убаво (иако мирисот е релативна работа, ама во овој случај се си мислам дека не е така ), освен овој. Значи, само овој од редот на Rexona, не зборувам за останатите стикови и рол-они кои се сосема солидни во поглед на мирис и заштита кога се користат во умерени количини и без претерување (како што многумина знаат да направат). Уште си стои со само 2-3 употреби и кај и да е ќе се ослободам од него.
Балеа крем за раце со папаја и млеко од путер Мириса преубаво и мирисот долго останува, текстурата на кремот е таман, ни сува ни мрсна, баш како што сакам но изгледа сум алергична на некоја состојка После кратко време од нанесувањето рацете почнуваат да ме жежат и откога ќе го измијам кремот кожата ми е сува и рапава на допир...
Хидратантен гел крем за лице со краставица и зелен чај И пред да го порачам овој крем, не очекував кој знае каков матирачки ефект на т-зоната. Кремот има некомпактна содржина, малку е разлеан.Ниту хидрира, ниту освежува,а наместо да создава природен мат-изглед ја затегнува и ја суши кожата.По нанесување лицето изгледа изморено.Единствено позитивно е што има свеж мирис. Но, со оглед на ниската цена 109 ден. може да се проба.
Gliss Total Repair Shampoo Пишува дека е за сува и оштетена коса, а летово баш таква ми стана косава и не можам да си најдам добар шампон да ја оправам. Решив да го пробам овој на Gliss ама некако не ми помага ама ИЧ, дури мислам дека уште посува ми е косата како слама ми е кога ќе се измијам со овој шампон! Дефинитивно не би го купила пак.
Maybelline Baby Lips, Pink Punch Кога го купував ни на крај на памет не ми беше дека тука ќе го `оговарам` ама воопшто не сум задоволна! Мириса феноменално, да го изедеш дури но тоа му е единствениот плус. Прво нешто што не ми се допадна кај него е тоа што е толку пигментирано-очекував некоја дискретна боичка но не и цел кармин! На моите усни добива некоја неонска розе /лила нијанса а што е уште полошо, бојата тешко се вади... Следно, јас сум многу пребирлива кога се лабелца во прашање зошто имам суви усни и што се однесува до Бејби липс, можам да кажам дека сум имала похидратантни кармини!!!! После некое време ко ништо да немам ставено, усните ми се суви (ама битно се лилакови). Сакам да им дадам уште една шанса на Бејби Липс и на мисла сум да го купам синото, се надевам дека тоа ќе cе покаже во подобро светло...
Мене многу ми се допаѓа плавото Hydrate. Барем кај мене на усните се задржува подолго. А, и јас ќе го купам ова, па ќе пишам мислење.
Од почетокот ми беа убави се додека не го почнав второто пакување, катастрофа од шампони, ја сушам уште косата и мрсна, бог да чува!
Шампонот Сајос го имав земено уште лани мислам,ама погрд шампон од овој не сум купила.Косата за прв пат во животов почна да ми се мрси на вториот ден,скалпот значи корупки,ме чешаше ненормално и прекинав да го користам.Кремата ја имав купено поради тоа што содрѓи екстракт од невен,наводно помагала за црвенило,но не ми беше баш погодена,наутро кога ќе се миев на лице кремата како да се растекуваше,некако...ќе ја нанесеш,ќе се исуши веднаш,па после со вода кога ќе се измијам утрото се вадеше,ептен чудно.
Кремов е наменет за млада мрсна кожа, ама откако почнав да го користам кожава ми стана уште помрсна и ми се нафрла лицето. Полош крем од овоj немам се уште начекано...
Кога пристигна Мејбилајн кај нас, си ја купив онаа маскара во розе пакување, демек класика нивна, најпродавана. Леле мори мајко, една смрдеа, лепливо, мислиш крем за депилација на трепки. И никогаш немав купено ништо од таа фирма се до неодамна на некој попуст летоска во Космо земав една пудра Афинитон, најсветлата ја земав незнам кој број беше. Иако најсветла (имам снежно-бел тен) оваа беше како кал, мислам и на црнкиња не би и одговарала, а текстура тоа силиконска некако, лепливо,никакво. Двапати направив иста грешка (иако во размак од неколку години) купувајки од нив, а гледам доста реклами, незнам што да кажам, сепак сите сме различни.