во право си да сега ја користам само за тело и немам никаков проблем со кожата а на лицето ставам крема за лице
Кремов е како вода..и плус во допир со кожа после неколку минути мириса катастрофално и неподносливо Лаковиве треба еден сат да чекам да се исушат..и плус се премногу течни...треба по 100 пати да се поминвам едно на едно Лосионов убаво мириса нежно... ама не ми чисти туку ми ја замазува кожата .. и плус после некое време станува премногу течен Парфемов спрема парите што е во каталогот не вредит ни за денар... пола да го потрошиш за едно прскање дури да излезиш до врата нема да мириса Од цела линија вакви шампони за коса... не сум задоволна... ми прават премногу првут и ме чеша косата синкир вошки да имам... фујјј
sauma samponite koi mi stvaraat prvut i shower gelovite na balea.imam mnogu golemo cesanje po kozata od niv otkako kje se istusiram. seizvinuvam za latinicava.telefonot mi e kriv
Маскарава ужасно ми се покажа. Прво четкичката воопшто не ми се допадна иако користам маскари исклучиво со гумени/силиконски четкици. Бојата и е интензивна црна тоа ок меѓутоа претерано е. Структурата и е многу течна што остава баш течност по трепките и се прават ко грутки. Четкичката наместо да ги чешла трепките со тој изглед таа ги слепува. Морам прво да нанесам со оваа четкичка па после со друга четкичка од сува маскара да ги чешлам за да не се стврднат така залепени. Многу тешко се отстранува.
Ќе започнам со овој гел за туширање на Dove. Делумно сама сум си крива што не дочитав што пишува на него, а тоа е дека не мириса на кокос, туку на кокосово млеко. Лично мене, тој мирис ми е одвратен и неподнослив. Мислам дека по користењето на овој сув шампон ќе имам доживотни последици на белите дробови. Правот повеќе се разлетува наоколу, наместо да се прилепи за косата. Нема да ви помогне прскање на тераса, прозор итн. Не дај боже во некое потесно купатилце Долгиот врв што многу тешко се контролира во комбинација со бледата формула го прават многу тежок за апликација. Исто така, врвот по неколку недели фати мувла (притоа го чував во нормални услови како што се препорачува за шминка, заедно со повеќе ајлајнери од ист тип на кои не им беше ништо). Лосионов наменет за вадење на шминка од ОЧИ, најискрено ви препорачувам да не го доближувате до очите. Предизвикува црвенило и печење, а не е ни толку ефикасен, особено ако имате нешто водоотпорно. И за крај овој шампон од Garnier. Ми го испофалија, а за мене ужасен. Ми ја правеше косата леплива, тешка за чешлање и дури и најмалата количина на шампон не можев никако да ја доисплакнам.
Се согласувам, јас си купив и гел и лосион, ама немаат ни К од КОКОС. Има некој чуден, ништо посебен мирис, а лосионот не се впива убаво, многу е чуден. ШАУМА / ГЛИСС - Сите шампони ми се катастрофа, многу ја мрсат косата, ама стварно многу !!!
Производите на секому различно делуваат. Пример пред месец ипол прочитав мислење од една феминка дека другарка и се прскала со спрејот од Балеа за осветлување на косата и ја добила нијансата Ash-brown. Jaс го употребував спрејот една недела и косата од средно кафеава ми стана портокалова. Никогаш повеќе нема да го купам овој производ.
Искрено јас од лосионот за шминка од AVON сум премногу задоволна и воопште немам црвенило и не ме печи на очите... Зависи и до кожата
Seventeen the stylist mascara - оваа маскара ја купив пред неколку месеца , воопшто не сум задоволна одо ваа линија на маскари од Севентин , незнам дали такви се маскарите во боја ама оваа не ми даваше ни волумен ни должина а и многу брзо се исуши. Кога ја нанесував секогаш се ронеше под очите. Инаку за бојата немам коментар , јасс ја имав лилјаковата маскара.
Toni&Guy shampoo for blond hair Незнам што точно прави шампонов , има просечен мирис , густ по структура со златни светки внатре ама многу многу ми ја суши косата , морам прво да ставам од него па потоа некој друг за да ми ја омекне косата. А и голем минус е цената , 7 евра на попуст
м Од каде го купуваш ? http://www.lookfantastic.com/fudge-clean-blonde-violet-shampoo-300ml/10994370.html овој ли е?
Во врска со тоа за вадење шминка јас го користам и немам таков проблем. Ама мн ретко го користам само кога имам јака шминка и не ме печеле очите. Но секој си има различно искуство.