1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи кои не би ги купиле повторно

Дискусија во 'Тело' започната од MejkApGirl, 26 јуни 2012.

  1. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Сапун Dove со екстракт од краставица еве никогаш повеќе!
    300.jpg
    Толку ми ја исуши кожата и лицето ми беше уфф... фала богу си го средив со овој другиот и баш ми одговара ^_^
    Dove_carton90_R2.jpg
     
  2. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    1.154
    Со шампонов се зафркнав, не очекував дека е волку лош. Претходно бев задоволна од Диплома (со портокалово капаче) и не знам што ми текна ај демек за сјајна коса..врска нема, ја затестува, ја суши, не ја пере убаво косата..не знам уште што се не,,ама од сјај ни с!

    http://www.echemist.co.uk/productmedia/loreal-elvive-nutri-gloss-shampoo.jpg
     
  3. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Sleek and shine? You wish! Не вредат за парите. :shake:
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Maybelline Baby Lips Balm Pink Punch

    [​IMG]

    Срање во боја. Буквално во боја, затоа што остава некој мрсен розеникав сјај. Не очекував премногу од балсамиве, знаев дека само тинејџерки што ги виделе на I Heart It се палат на нив, ама ова е жива катастрофа. Единствена позитивна работа е слаткиот мирис.

    Rosal Lip Balm Violet Touch

    [​IMG]

    Уште едно срањенце кое не вреди ни за тие 100 денари. Ова е вистинскиот избор за вас доколку сакате нешто налик светкав кармин кој ќе ви ја пресуши устата. Зошто зборот balm му стои во името? Мистерија.

    L'Oréal Voluminous False Fiber Lashes Mascara

    [​IMG]

    Не се плашете, маскарава ја нема кај нас :D Но ја имаше во Америка и беше на некој попуст, па се решив да ја земам. Ефектот се постигнува ако одвоите 15 минути за нанесување маскара, па ставате слоеви и слоеви и слоеви... Ако ви се брза и имате време за слој-два, нема да добиете никаков ефект. Очекував повеќе од името и од цената.

    Avon Mega Effects Mascara

    [​IMG]

    Револуционерната маскара на Avon, знаев во што се впуштам уште кога ја купив. Знаев дека не е маскара за „на брза рака“, но наводно ефектот бил досега невиден. Ништо револуционерно нит невидено, ефектот кај мене е ист како од маскара од Golden Rose која е двапати поевтина. Не трошете време и пари на чудово.

    Golden Rose Color Expert Nail Lacquer 02

    [​IMG]
    (безвезе слика пошто ставиле бел лак на бела позадина :drunk:)
    Задоволна сум од Golden Rose лаковите генерално, не сум задоволна од конкретниов. Некаде на форумов прочитав дека ова е креч бел лак и доволни се два слоја за да се добие убава непроѕирна бела боја. Во мојот случај не беше баш така. Со лаков имате две опции; или да ставите два слоја и да имате нежно бели нокти, или да ставите пет слоја и да добиете скоро креч бела боја на која ќе и требаат три саати за да се исуши. Јас ја одбрав втората опција, чекав цел час за бојата да ми се исуши, пола лак ми падна кога се обидов да облечам фармерки. Патем, ми се допаѓа четкичката на овие Color Expert лакови. Се` уште сум во потрага по креч бел лак.

     
    На lovemme, senza.parole, ForeverYoung и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.837
    Допаѓања:
    5.179
    Пол:
    Женски
    Не ги зацврснува ноктите воопшто! Среќа го купив 85 ден пред да го тргнат од продажба, па не ми е криво.
    A шампонов ми ја прави косата како тесто првиот ден, а вториот ми е веќе мрсна.
    [​IMG] [​IMG]
     
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Многу убав мирис на чисто, меѓутоа трајност 0. Исто, ама баш исто како ништо да немам ставено под пазуви. rx_women_product_q2_2014_aero_invisibleaqua1259-762582.png
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.949
    Пол:
    Женски
    Имаш на Флормар (ако си во Мк) креч бел лак. Јас купив таков, демек френч ќе си праам дома сама, така ми стои. Да не беше отворан, одма ќе ти го дадев, ама сум го отворила неколку пати, може е веќе сув. Не беше скап, некои 100тина ден.
     
    На koritsaki и Oxymoron им се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    [​IMG]
    Шампонов е катастрофа. Косата после првото миење е како со масло да е премачкана.

    [​IMG]

    Не баш овој, туку најновиот од Палмолив (со нане и коприва) за волумен, е катастрофа. Ни В од волумен нема, ем ја плетка косата. Џабе фрлени пари.
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    BOURJOIS
    MASCARA EFFET Push up
    Volume Glamour

    [​IMG]
    Полоша маскара јас во живот немам користено. Ги лепи трепките, никако не можеш да ги раздвоиш, тешко се вади, пола трепки ми испаднаа дури да ја исчистам. Целите трепки ги прави згрутчени, ко лепак е, не маскара. Еднаш ставив и толку, не се осудувам да нанесам вторпат.
     
    Последна измена: 24 декември 2014
    На senza.parole и crimson им се допаѓа ова.
  10. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.477
    Лосион за тело Balea - Sweet Wonderland

    Во почетокот беше добар и немаше никаков проблем. После некој месец користење преовладуваше мирис на хeмикалии повеќе отколку на самиот лосион кој мириса на чоколадо. Помина уште некој месец и лосионот се претвори во многу потечен за разлика од почетокот кога го купив и освен заради мирисот, нема поента да го нанесувам.
    Не му е поминат рокот и нема означено колку месеци е препорачливо да се користи од моментот на отворање (иако стандардно е да биде 24 месеци).

    Секако нема да го купам повторно бидејќи беше лимитирано издание но се прашувам дали и другите лосиони им се такви или мене ми се погодил така?
     
  11. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Syoss шампони
    Да се приклучам и јас во клубот на незадоволни потрошувачи на Syoss.
    Штета на толку убави мириси, да бидат од корист само за тело, а не и за коса. Никогаш не сум имала проблем со мрсна коса, а со овие шампони за ден-два се мрси. Невозможно (facepalm)
    [​IMG]

    Avon calming effects corrector
    Дали сум ставила или не, исто ми се фаќа. И така ништо не покрива, плус структурата му е многу течна, а и ми се потроши за нецел месец. Се си мислам дека пола празно ми го донесоа. :| Со четкичка се става, како оние од сјај за уста. Го купив на попуст за 150 денари, ама не вреди ни за 50.

    Бalea young soft & care gegen pickel und mitesser
    Овој коректор наводно треба да ги лекува и покрива црвенилата истовремено. Покрива, ама само некои минимални точки. Далеку од тоа дека ќе прикрие цела бубуличка. Го користам веќе два-три месеци и не дека е до толку лош, ама не би го купила пак. Сакам нешто поефективно, а не за замачкување очи.
    [​IMG]
     
    На Anabelle.Amorette и Elence93 им се допаѓа ова.
  12. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Овој шампон никогаш повеќе курупки ми се појавуваат кога ќе се измијам и плус ме чеша косата ко вошки да имам
     
    На IthoughtIwasAnAllien му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Никогаш повеќе нити мие како треба а не пак да ја обезмасти косата. За мирис нема никаков. Ефект - спелескана коса. НУЛААА.
     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      4,6 KB
      Прегледи:
      27
    На SimonaTino, magic.girl, t-sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Исто!
    Рексона користам со години, омилени дезодоранси ми се, ама овој за ништо не чини. Јас обично ги користам оние во светлата амбалажа (најчесто linen dry, cotton, oxygen) и не знам што ми текна да земам еден од овие, ама за заштита му давам нула.

    Исто не сум задоволна и од Супер Шок маскарата
    [​IMG]
    Знам дека им е една од најпродаваните маскари на Авон и дека на многумина им се допаѓа, ама јас сум скарана со четкичкава :| Обично ја користам онаа ultra volume x4 на Голден Роуз и искрено сум многу позадоволна од неа. Никогаш не ми се исушила брзо, ниту па ми оставала грутки на трепките. Баш убаво ми ги згуснува и продолжува трепките. Со Супер шок имав мака, си викам ај може не сум навикната на четкичката. Ама милион начини за нанесување пробав и пак трепките ми се ужас.
     
    На pipi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Balea - Blemish balm BB cream
    [​IMG]
    - Темна е, не е за светла кожа.
    - Бојата воопшто не е убава, мава на портокалово, нималку не делува природно.
    - Самата смеса не делува толку течно ама кога ќе ја нанесам на лице е течна, имам чуство како буквално вода да ставам на лицето.
    - Не се нанесува рамномерно, ко со флеки да сум по лицето.
    - Не покрива ама апсолутно ништо, значи ја нема онаа минимална покривност и изедначување на тенот.
    - Со втор слој добив изглед ко да сум со изгореници по лицето.
    - Има убав мирис но јак е, премногу се осеќа.

    Благо речено катастрофа.(n)
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.837
    Допаѓања:
    5.179
    Пол:
    Женски
    Се согласувам потполно со @A-j-a , не ми се веруваше кога читав позитивни коментари кај рецензијата (facepalm)
     
  17. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    1. Маскара од Евелин
    Маскарава ја купив само затоа што немав појма каква да земам и кога прв пат ставив едноставно ефектот беше WOW , но премногу бргу се исуши. Ја немам ни месец а веќе е сува. Не би ја купила повторно.
    [​IMG]

    2. Пудра Стеј мат од Римел
    Мислењата ми се поделени но сепак сигурна сум дека нема да ја купам повторно. Едно е тоа што не е за секој ден, премногу се познава на лицето дека имаш ставено пудра ама затоа пак го држи мат лицето многу долго време.
    [​IMG]
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Лабело за усни Rosal shine on me

    Големо НЕ за овој производ. Третпат купувам од лабелата на овој бренд, но конкретниов производ не ги задоволи моите очекувања. Премногу сувата текстура и отсуството на хидратација создаваат неприроден изглед на усните во однос на бојата и чувство на затегнатост.
    Не го препорачувам!!!

    [​IMG]
     
    На SnowQueen17 и Fatalnata им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Па секоја кожа не е иста.
     
  20. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.837
    Допаѓања:
    5.179
    Пол:
    Женски
    да, но работите кои ги наведе @A-j-a немаат врска со типот на кожа, туку со самата структура на кремата, дека е водеста, бојата мава на портокалово, не се нанесува рамномерно, изгледа како флеки, не покрива...
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.