Знам дека има многу позитивни рецензии, ама мене ми е катастрофа. До датумот и одржувањето не е. Датумот си е ок, не беше отварана (купена од фришоп со залепен пластичен баркод). До трепкиве мои не е, не ми се ни мали ни многу големи ни спуштени. Многу е густа и леплива,со грутки, каша ми ги прави трепкиве. Мислев со тек на време ке се засуши малку ама наеднаш се пресуши. И така, утка голема.Само неколку пати се намачкав и незнам зошто уште не е завршена в канта.
Фрлени пари за џабе. Прво, мириса ужасно, јак мирис од кој глава ме здоболува, а тоа се должи на формалдехидот кој е патем многу штетен, и не знам како може да ги подобри ноктите со толку штетна состоја ама нема врска. Второ, секој лак ако го ставаш толку, еден слој, па друг слој, и притоа не ги сечеш ноктите, ќе ти пораснат и ќе ти изгледаат цврсти, па истото е и после ако го користиш како база. Мене ми се кршеа и листаа дури и кога ми беа налакирани со него, а се правев како што треба, и единствено што ми се допадна е што брзо се суши, и дава убав сјај кога е нанесен, ноктите изгледаат средено, што е добро за некоја жена што нема многу време за тинтрање. П.С Прочитајте ги двете упатства, едно е на македонската декларација, а друго пишува кога ќе ја одлепите, односно тие неколку упатства што се на друг јазик.
Medical Plus влажните марамчиња... мнооогу лошо ми мирисаат. Нивеа шампоните. Воопшто не ми одговараат, косата ми ја прават цела залепена и плус многу брзо ми се мрси.
има различни пасти за белееее на забите од колгејт. Јас ја зедов од колгејт advanced whitening, а другарка ја зеде истата што си ја зела и ти: max whitening. По две недели сите забележаа побели заби на мене и ме прашуваа што користам а кај другаркава исто немаше никаков ефект. сега и таа си ја зеде advanced whitening и е задоволна.
млекото е ужасно. Ни шминка вади, премногу е мрсно и одвратно мириса. Исто како да не сум ја измила косата Откако ќе го ставам кремот осезам тежина на лицето, осеќам како ми се поти лицето во рок од 2 мин и цело лице ми се прави капки капки. Јас сакам лесни креми. Кога ќе ја нанесеш да чувстуваш леснотија. Оваа пудра е најужасната од сите можни! Случајно ја пробав кај другарка и поодвратно нешто не постои. Темна, не се разначкува, густа... Мнооогу е мрсен кремот. Светам од когазе го намачкам и лепам целата. Мислам дека се што е околу мене ќе се залепи на кожата. Го платив толку пари а косата сплескана, мрсна... За никаде!
Искрено, катастрофа од туш, очекував повеќе. Прво, ни В од водоотпорен, се размачкува, а и бојата не е баш црна, треба 2 пати да поминеш за да се добие убава боја. Четкичката е хорор, треба да тресеш и тресеш, пошто инаку не пушта, а после па прска и никако не си, нерви искинав. Грамажата е мала, ама океј, тоа се гледа и кога го купуваш, ама барем да пушташе како што треба, а не да го истресеш еднаш, па цело црнило да ти истече и на крај празен да е. 1/5
Coral Stop Splitting Nails Воопшто не ми се допаѓа, дури и мислам дека уште повеќе ми се лупат ноктите сега. Упорно го користев мислејќи дека му треба повеќе време, но не направи никакво подобрување на состојбата во која ми се ноктиве, дури и ја влоши.
Можеби сепак мисли на млекото за тело но бидејќи е на германски, по грешка ставила слика од млекото за туширање. On: Cristal tonic - течни кристали (или барем така им е описот). Од одамна ми се купени. Според описот треба да делуваат на расцветани врвови. Ги нанесувам на врвовите и по должината на косата. Освен измазнување и минимален сјај (кои се задржуваат кратко), не забележувам промена. Цената им беше 400ден.
Аussie Volume shampoo Втор пат земам шампон на Aussie додека тој Miracle moist го ставив во омилени продукти на месецот со овој не е така , не го ни дотрошив одма го фрлив во канта , единствен плус е што прави многу пена и убаво ја мие косата , не дава волумен , не мириса убаво и ги има сите можни парабени да прочитав навреме ќе си го земев тој што стално го земам. Balea golden magic deodorant Има убав и јак мирис, мене лично премногу ми се допаѓа како мириса но воопшто не заштитува при потење..повторно нема да го земам
јадеж и црвенило по телото ми остави после туширање, можно е да сум алергична на некои од состојките, но никогаш не би го купила повторно.
Не, не и не! Мојава кожа не ја сака кремава, залудно пробувам да и ја наметнам секојпат кога ќе се намачкам џабе е... ме пече онака скрос неубаво ми е. Може на некој друг скрос би му се погодила, убаво свежо мириса и колку толку го матира лицето али мене лично не ми одговара.
Ммммм не би купила многу работи... Ама она што прво ми паѓа на памет е било кој производ на Фелче Азура. Иако спаѓаат во едни од надобрите и најквалитетни производи, не можам да им го поднесам мирисот. Премногу е јак за мојот нос.
Оуу, ова првпат слушам дека фелче важеле за најдобри и најквалитетни производи, па жив ужас се од мирис до состав ми се одвратни. Кожата ме чеша и ми перута од нив.
Revlon colorstay foundation Пудрава ја земав пред 1,5 месец од зегин, ја најдов точно мојата нијанса за мрсна кожа ( 150 buff) , за покривноста и трајноста немам коментар , стои на лицето од сабајле до вечер , не се копира на облека, не свети лицето , но мене лично ми правеше акни со гној и внатрешни акни (а јас немам проблеми со лицето) решив да направам пауза и видов дека проблемот е до пудрата почнав повторно да ја користам и повторно почнаа акни да ми излегуваат по што прекинав со употреба и секако нема повторно да ја земам. Исто негативно е дека има два парабена , знам дека има во секој производ нешто штетно , но на тие производи што пишува парабен ги одбегнувам