Маскарава Ужас! Нема ни В од волумен. Колку пати сакаш поминувај со четчето, ништо не се случува со трепките. А после 1 час од ставањето, исто како ништо да не си ставил на трепките... само бледо црна боичка и толку од ефектот на чудово кое чинеше 14$.
И јас го делам истово искуство за пудрава, и мојата е иста нијанса. Склона е кон правење акни и делува РАСПРСНАТО после само неколку часа. Ужас!!!
Prelistuvam cat pat od temive za kozmetika,sminka... Navistina se cudam kako tolku mnogu eksperimentirate so kozmetika. Koga ke najdam nesto sto odgovara na moja koza,kosa...se drzam do toa i nema sto da frlam pari bezpotrebno i da si maltretiram telo,kosa,lice.. Da se drzam do temava,maska za kosa na Ganera nikogas ne bi kupila.Ednas pred desetina godini si ja izmiv kosata i i ja dadov na majka mi(ona ke ja iskoristila)i nikogs poveke ne bi kupila.
Дефинитивно не би ги купила повторно овие два производа од Афродита. Депилациската крема воопшто не е ефикасна, во упатството пишува дека треба да стои 3 минути, јас го оставам 5 и пак нема никакви резултати. Пената за чистење на лице ја користев една недела и одма лицето ми се нафрла и ми го исуши. Не сум имала искуство со другите производи на Афродита ама после овие два се плашам да пробам некој друг производ.
Лабелово, нит е како лабело функционално нит како сјајче/карминче. Усните не ги хидратира , само пушта розева беби боја ама на ништо не личи. Го купив по карминот од Голден роуз 20ка, затоа што е многу сув и ми ја суши устата. Ама ете не ми помага, само за duck face е измислен. Кога сме кај карминот, преубава е нијансата, боја на вишна, долготраен ,мат, ама многу е сув после него морам еден тон кокосово масло да ставам. Друго шо забележав кај карминот е дека навлегува во порите , не околу усните пошто имам моливле ставено туку низ целата уста. Кога ќе се насмеам како пукнатини низ устата..... Многу ми беше по ќеиф ама не го бива. Ова го добив на поклон пред неколку месеци, не е со поминат рок ама кога ќе го отворам и без да го притиснам масло тече од него пред да илезе кремот, многу е мрсен ептен... ББ кремава се размачкува лесно пошто е И како жива кал нели. Безвеза.
И за крај да не ги заборавам ужасните сенки на EVINURS(прв пат ги видов).Ги купив пошто 200 денари беа, ама крајот не можам да му го најдам. Кога ги нанесувам многу се јаки , ако ги размачкам па бледнеат, цели се светкави , ни со прст ни со четка се ставаат. Не пишувам "размачкуваат", затоа што само се тапкаат како суви светки за врз колачи ....Сеа за велигден за шарање на јајца може на мајка ми да и ги препорачам.
Znaci ne gi bidva i ne gi bidva samponite ziva katastrofa,ovaj go zedov demek protiv prvut i za mrsna kosa,ako vervate i poveke prvut imam i pomrsna mi e kosata od ovaj sampon,tolku e gust i tezok so nemozam da opisam krajno sum razocarana za nisto e gi biduva Ovaja podloga ja zedov demek medicinska za mrsna koza luge UZASSSSS,kako so malter da si stavila isto e,neubo se razmackuva namesto da gi poprava nesovrsenostite taja uste tolku gi istaknuva znaci poloso nesto ne sum stavila na lice...
1. Rimmel Wonderfull Extreme Black - Mаскара со арганово масло Нов производ скоро секаде беше на попуст, па ме прелажа да ја земам...и онака од Римел немав користено маскара. Накјраток коментар, О-ЧАЈ-НА! Жими што ги разделува трепките и не ги лепи во снопчиња, ама што фајде, кога уствари најверојатно не ги лепи пошто не ни остава којзнае колку маскара. Ниту ги подига, ниту ги витка, ниту ги издолжува, ниту волумен дава...абе едно нешто да правеше да речев ај нека помине. Дури и тоа Extreme Black не знам со кој памет го напишале. Среќа ја платив околу 200, да ја земев по регуларната цена од 400 и нешто денари жива ќе се изедев. Не ми се врува дека е толку лоша уствари, си викам мојава да не се погодила исушена, кој знае...чекам некој друг да пише, можеби ќе има некој задоволен. Инаку ја земав од Космо. 2. Balea флуид за лице од малина Го земав без некои посебни очекувања и дефинитивно имало и зошто да сум скептична. Не дека ми направи некои иритации или не знам што, но џабе го трупам лицево со нешто апсолутно беспотребно. Не бев задоволна од хидратација, нешто посебно не ми го измазнуваше лицево, споро се упиваше, ми даваше лепливо чувство и мирисот на малина ми беше превештачки, а обично го сакам. Инаку структурата делува многу интересно, можеби ќе биде погодна за летно време ќе пробам да видам што ќе биде тогаш, иако не очекувам нешто посебно. Пакувањето е мнооогу практично како и да е, би сакала сите вакви производи да се продаваат во слична амбалажа за да може да се има точен увид уште колку продукт е останато и да се има можност да се дотроши цел до капка. Цена околу 150-160 денари во ДМ 3. Alverde рол-он од нане и бергамот Го купив прво тој од ориз и алое, презадоволна бев па сакав да ги пробам и другиве мириси. Од овој се разочарав, многу чуден мирис има и малку пот фали за да почне да развива некои чудни, јаки мириси кои доаѓаат од самиот продукт, а не потта дека мириса. Мислам дека нането конкретно го има зафркнато производов. Како и да е штета што е толкава спротивност на другиот што го користев, без размислување ќе оди во канта. Цена окоу 150 денари во ДМ. 4. Ziaja млеко за чистење лице од маслинка Ништо страшно, ама и ништо посебно. Да не должам многу, едноставно не е онолку ефикасно колку што сакам. Инаку има пријатен мирис и не иритира. Доста е лесно, но џабе е се кога сто пати треба да поминам со памукчето. Не ми текнува цена не беше нешто скапо. 5. Balea лосион за раце од шеа путер и арганово масло Прво мирисот не ми се допадна, многу ми е тежок и чуден, не можам да го опишам. Вака лосионот е лесен, се упива брзо, но не дава убава хидратација и само моментално ја омекнува кожата. Инаку имам сосема нормална кожа на рацете, не ми треба нешто посебно за да ми задоволи потреби. Штета што не ми се погоди, амбалажата е доста практична. Ќе пробам некој друг мирис можеби. Околу 90 денари во ДМ 6. Balea мус за миење лице од Кашмир Генерално не е лош продукт, но јас сакам понежни средства за лице. Убаво чисти, не ми ја суши кожата, не пени многу и лесно се плакне, но не дај боже да ти дојде во контакт со некоја слузокожа како на пример очна или внатре во носот, многу лути. Особено во носот. Ова прв пат ми се случува со некое средство за миење лице. Можеби е и до мене, иако немам некоја сензитивна кожа. Мирисот од една страна ми е убав, од друга страна како премногу парфимиран ми делува, не можам да се одлучам. Цена околу 150 денари во ДМ 7. L'angelica Officinalis - Гел за туширање од лаванда Производов ќе беше многу добар да немаше таква грда конзистенција. Буквално се тегне низ раце ко мрсул, сперма...ваш избор Помага ако се користи луфа, нормално, ама сепак тешко е и за дозирање и ме нервира кога го гледам. Инаку многу убаво мириса, доста е интензивен, пената е нежна и убава и не ја суши кожата. Цена 150 денари во ДМ. 8. Himalaya Energizing - дневна крема Многу лесно кремче, доста брзо се впива и мириса убаво на чисто. Но џабе кога не дава доволно хидратација. Можеби за лето би била подобра, јас ја тестирав на најладното, но како и да е за цена од 450 денари треба многу подобра да е од тоа што го прикажа. Се наоѓа на промоции обично во Космо па мооожеби само така вреди да се земе до некаде, иако еве јас не би ја земала никогаш повеќе. Баш сум задоволна од нивните производи, не очекував ова вака да не ми се допадне.
^ @Giovanna се согласувам со тебе за маскарата на Rimmel. И јас се прелажав за цената, барав нешто да ставам секој ден за натака навака и ја земав оваа. Се што кажа, се согласувам. Дури ме нервира и што се толку големи влакната на четката, обавезно капаците ми се размачкани (не сум неспретна). Но, кога ќе ставам по втор пат, ефектот се подобрува, така да ќе ја потрошам и нема веќе да ја купам. Инаку, производ кој дефинитивно нема никогаш да го купам се кремите на L'Oreal, Triple active. Периодот додека ги користев почна лицето да ми се исфрла, што никогаш не било случај, освен пред циклус. Исто така ми се пресушуваше лицето, ми се појавуваа и лишаи па мислев дека е до сапунот што го користам, дури пишав и во темата за сапуни. Престанав сапун да користам но немаше никаква промена, па конечно ми текна кремата да ја променам. Сега користам на Афродита крема и повторно си користам сапун и немам апсолутно никакви проблеми, дури и ми се исчисти и хидратизира лицето. Големо НЕ за оваа крема!
Добро е, значи не сум била баксуз да земам некоја што била претходно отворена и исушена, иако стварно помислив затоа што ретко да имам вака лошо искуство со маскара. Инаку јас сум многу задоволна од кремава тебе што не ти се допаднала, иако и јас повеќе ги сакам производите на Афродита, но такви лоши реакции како кај тебе не ми направила ни од далеку. Затоа сепак си зависи од кожа до кожа и баш заради вакви различни искуства се обидувам да ги земам со резерва сите критики низ темиве, како што се надевам дека се земаат и моите. Баш се фаќам доста често дека давам рецензија за многу производи, па се надевам дека не се сфаќаат 100% здраво за готово, туку како помош при избор во дадена ситуација
^ Секако,секоја кожа е различна, но ете јас имав многу лошо искуство. Како и да е, секој тип на кожа, трепки итн е различен, па колку и да сакаме да послушаме нечив совет, не можеме да се потпреме само на нечиво искуство, без разлика дали е позитивно или негативно.
Sephora outrageous mascara ultra black Ја купив пред месец ипол а ја користам веќе 3 недели. Воопшто не ми се допадна , некако е многу воденеста , незнам тоа дали ќе се поправи за тек на време , исто така мислев дека ќетката ќе ми ги расзделува сите трепки тоа уште толку ми ги слепува , за должина дава , но кога веќе ги слепува џабе е се. Не вреди за парите ( 19 евра ) среќа што на попуст со кармин ја земав. Многу повеќе вреди некоја на Мејбилајн него ли оваа
Маскава за коса на Aussie - ми ја мрси косата премногу и сметам дека за тие пари не вреди , маските на Глис се стопати подобри
OPI - Hotter than you matte nail polish Го наачекав лаков на попуст за 6 евра во Сефора , какви 6 ниту за 1 евро не вреди па тие лаковите на Есенс се 1000% подобри. Веќе имав еден лак од ОПИ во пастелно зелена боја од која исто така не бев задоволна,кај требаше да нанесам 3 пати кај после тешко се исуши па ако земеш да миеш садови цел ден лакот отиде. Имам лакови од Сефора и Есенс па еве и Флормар штосе меѓу најевтините и со топ коат ми седи и повеќе од 5 дена, овој ни 1 не издржува одма почнува да се лупи. Еднаш дадов 14 евра сега 6 епа веќе доста е
Sephora body lotion (Green tea) Го земав од сефора имаше на нивните производи 2+1 гратис и така да гратис ми дојде мирисот не ми се допадна баш ама е мн траен (мене некако овие киселкасти мириси не ми се допаѓаат ) убаво ја омекнува кожата , но одвнатре заедно со лосионов ми излегуваат и некои парченца што не се размачкуваат никако сега дали е нешто расипан , дали ќе почне да се расипува,дали долго време им стои таму па затоа но веќе не би купила ваков лосион за тело
Herbal essence shampoo and cinditioner volume 0% naked Шaмпoнoв и регенерaтoрoт ги имaше 1+1 и зaтoa ги земaв плус бaрaв нештo зa вoлумен. Дефинитивнo мирисa преубaвo нa ментoл убaвo јa чисти и мие кoсaтa нo вoлумен не дaвa :/