Sephora color adapt blush - pink Не сум задоволна од руменилово. Ова е руменило во вид на стик кога ќе го нанесеш на образ треба да даде розева боја. Мене не ми дава никаква розева боја туку нешто како некој сјај и толку кој што не се познава воопшто преку ден , и затоа го користам ко хајлајтер , ако не за друго барем некој сјај ми дава го земав 70% попуст околу 4-5 евра беше , повторно сигурно нема да го земам
Аххх, тоа се производи на Alverde, во најголема мера. Сум пробала шампон со зелено кафе - не го бидуваше, а и не мирисаше убаво по некое време. Исто машки шампон, мислам со гуарана - ужас, еден машки тоалетен спреј беше - иста приказна. Машка крема за лице - одвратен мирис и никакво дејство. Лабело од невен - како ништо на уста да не сум ставила. Се' што сме купиле од Alverde било тотален промашај. Исто така, не би ги купила повторно шампоните на Afrodita (со лук, со портокал, сеедно). Ми се мрсеше косата многу брзо, а на врвовите ми беше сува. Од козметика - не би ја купила повторно пудрата на Rimmel - Stay Matte: лоша конзистенција, плус и најсветлата нијанса ми беше темна и портокалова.
Прв пат купив шампон на Лореал и се разочарав. Катастрофа, божем за сува коса, со вакви онакви масла, врска нема. Косата ми ја пресуши, како метла ми изгледаше, единствено мирисот се задржуваше подолго време. Исто не сум задоволна од овој на Субрина, првут ми се направи. Откако го сменија пакувањето за никаде се. Ниту вадат влакна, ниту восокот убаво се лепи, мислам дека кожата попрво ќе ми се излупи отколку влакненцата да излезат.
Имав пишано и во една друга тема дека воопшто не сум задоволна од шампонов од Афродита. Исто како што кажа и Лејди Феникс,ми ја мрсеше косата,а на врвовите сува,косата добиваше чуден мирис после еден ден откако сум ја измила,а и тешко се расчешлуваше. Внатре измешав и ампули,ми даде рецепт една фризерка,велеше дека се згуснубала косата,но ништо од тоа не бидна. Спојлер Шампон Palmolive од бела коприва и нане,не можев слика на интернет да најдам. Ни овој не ми помагаше,започна косата да ми се мрси за брзо време. Единствено нешто што ми се допадна кај шампонов е што имаше траен мирис,а дека помага против мрсење,тоа не,барем кај мене немаше ефект. Маскара Golden Rose. Ми ги слепуваше трепките,текстурата после неое време се згусна многу,па уште повеќе се залепува трепките и изгледаше многу неприродно. Исто и другаркиве ми се пожалија за маскарава,и кај нив се случило истото. Ја чував убаво затворена,а сепак како пудинг внатре се направи. Спојлер Ленти за депилација Елеа. Немојте умот да ве лаже вакви да купите,не знам кој ѓавол ме натера да ги земам. Ај што со првото тргање не ги извади сите влакна,туку и кожата ми ја откорна,па имав и флеки црвени,модрици и точки насекаде,со по 3 пати тргање не излегуваа сите влакна. За ова чудо ни 100 денари не се даваат,без кожа ќе останете. Спојлер
Спојлер Колку сте само во право околу шампониве на Афродита. Значи, слободно можам да кажам дека ако се избира најлош шампон, несомнено овој ќе го заслужи првото место! Можеби сум пишала и претходно, не знам, ама косата после миење е толку крута што буквално чешелот ми остануваше во неа, а редовно ја чешлам.
За ова џабе фрлени пари. Имам големи трепки и секогаш си користев ефтини маскари затоа што со секоја ми беа убави трепките како на пр. од golden rose сум задоволна А разликата во цена им е дупла
За разлика од тебе, јас го купувам стиков веќе со години, можеби десетина имам потрошено. Зелената страна ја користам за смирување на црвенила и преку ноќ ми ги снемува. Не сум претставник на Орифлејм, и пријателката која ми го порачува пријатно се изненади што повторно и повторно ја барам за него. Се случувало и да истискам бубулче, да направам огромно црвенило, навечер да намачкам од зелената страна и кога ќе се разбудам да нема ни трага од црвенило. А другата страна ја користам како нормален коректор. Можеби зависи од кожата, можеби сум имала среќа. Само сакав да искоментирам, иако е офф топик.
Го зедов и јас како предлог на моја братучетка која е претставник на орифлеим, наводно дека помагало. Онаа кремовата страна покриваше, ок беше, но зелената е она која ми претставуваше проблем. Лицето ми стана исфрлано како никогаш дотогаш. Сега да, дефинитивно е до типот на кожата, бидејќи знам мои пријателки кои се задоволни од производот во целост. Но за мене, претставува едно огромно НЕ, и е на првото место на листата производи кои никогаш не би ги купила повторно
Ја купив по препорака од продавачката и убаво се зезнав. Пудрата е солидно покривна и е баш мат, али лицето ми изгледа како кора од портокал, секоја пора ја прави позабележителна. А и бојата е баш портокалова. Најсветлата нијана 101 беше со розев подтон и затоа ја земав 102ката. Уште не ми дошол паметот да не им верувам на продавачките во парфимерија.
Со тешко срце, и уште потешко разочарување - двофазниот отстранувач на шминка од Alverde ! Го купив најмногу поради тоа што оној од Balea веќе ми е при крај, па ајде наводно да го искористам попустот. Го проверив и рокот на траење пред да го земам и навидум, сè беше добро додека за прв пат не пробам да извадам шминка од очи со него. Почна да ме пецка, а по некое време и да ме пржи до таа мера, што отрчав како улава да го тргнам тоа зло од себе. Ова никогаш не ми се случило со друг производ од Alverde, помислив да не е до маскарата или до тупферот, но попусто. Експериментирав и со дозирањето - пробав со неколку капки, со умисла демек да не случајно премногу од течноста не ми прија, па пробав со мала количина, но резултатот беше ист. Жал ми е, затоа што многу убаво вади и обична и водоотпорна маскара, но го подарив на другарка кај која немаше ваква реакција.
Е, дефинитивно најкатастрофалниот туш што го имам користено. Мора сто пати да поминеш една линија за да остави солидно црна боја, и по саат/два се размачкува и избледува.Ни в од водоотпорен.Никогаш нема да ги прежалам 250ден што ги потрошив на ѓубре.
Dior one essential serum - Не ми се допадна воопшто овој серум , ми излегоа лишаи на лицето од него , добро што имав тестер и го пробав за без пари..
ауууууууууу катастрофа од оваа првата трепките ми испопаѓаа ,а втората грутки остава колку ти душа сака
Garnier Micellaire марамчиња за чистење шминка - покатастрофа производ од Гарниер немам пробано. Марамчињава не чистат ништо , не вадат ниедна маскара а јако се зезнав вадејки ја маскарата на Лореал со нив , милион трепки ми паднаа , шминката ја размачкуваат по лицето. А пак ги земав 1+1 и сега незнам што да им правам , ужас невиден
Maybeline било која маскара и пудрите. Маскарите значи толки ми се одвратни, после нанесување повеќе маскара има истрошено под моите очи, него што имам маскара на трепките. Скоро сите маскари на Авон, особено жолтата, портокаловата, Big Darling маскарата...ретко која ја бива. Долго време ја користев Mega Effects маскарата, значи таа црвената со револоционерна четкичка, со до последното паковање што го купив. Поголемиот дел од маскарата беше налепена за четкичката, него внатре што имаше во тубичката и ми се исуши за брзо време. Тушот за очи на Golden Rose. Ленти за депилација Balea, Silk, па и Veet. Не вадат ништо, а пак прават црвенило.
Никогаш не сум утнала за маскара, додека не ја купив ова. Само што ја нанесов, сите трепки ми ги залепи. Буквално ми направи како да немам трепки. Кога се залепија, едвај ја избришав со неколку влажни марамчиња. Но не ја фрлив. Баш ме интересираше дали ќе се направи тесто внатре после месец дена. И да, си го потврдив сомнежот.
Кремава за депилациjа. Засега единствено од неа не сум задоволна од Балеа. Се друго се погодило. Ич не ги ввади влакната иако само раце поминувам со неа.
Немам испукани пети, имам само малку груба кожа која сакав да ја отстранам, ама ова не е ни за место по дома да ти фаќа. Се рони, ај и го намокрив, да не случајно така се употребува, ЈОК, никако не го бива.