а мицеларната вода на нивеа ја имаш пробано? мене ми одговара ја вади шминката ама не го хидрира баш лицето како што пишува па пак си ставам крем http://4.bp.blogspot.com/-ebr5f0IIX4o/VQoLhQFU7lI/AAAAAAAAC0I/wvn_V1hmxv4/s1600/Nivea+3.jpg
Знам дека повеќето го испофаливте ама мене ова чудо страшно не ми одговара. Скептична сум секогаш за вакви производи што треба да направат се одеднаш, по се изгледа и со право. Како пилинг ми е преслабо, лицето не осеќам дека го мие темелно, а како маска никаков посебен благодет не гледам. Друга работа што можеби и ми е најголем проблем со производов е што ми предизвикува поткожни мини акни што многу ме болат. Од ништо не ми излегло до сега такво нешто и на неколку пати се убедив дека е од овој производ. И го дадов на другарка ми од кога конечно се откажав да го користам, ама и кај неа истиот ефект го имаше. Најчудното е што и двете имаме доста отпорна кожа, без никакви недостатоци и проблеми. Вака и кога ќе размислам ништо не ми се допадна кај производов, што ми е стварно реткост. Потешко се плакне, мирисот онака проаѓа ништо посебно не е. Едвај 2 од 10 би му дала
http://www.pinkmelon.de/wp-content/uploads/2010/04/alverde_neuheiten_april_2010_mascara.jpg трепките од кафени, место црни ми ги прави уште посветли, погрдо нешто амин.
Сапунов не би го купила повторно бидејќи на се личи освен на глицерински сапун,најверојатно е само имитација, го мие лицето и убаво мириса ама не е тоа тоа,тоа можам да го постигнам со секој обичен сапун,од глицерински очекувам да ми го исчисти лицето ама со овој тоа не е случај....
Parfemcunjata od Zara nikogas poveke!! ne se skapi 700den ama ke si kupev bar nesto poasalno za tie pari. Nitu mirisot e ist kako na testerite i na koza i trae 5sek
И јас стално го користам овој стик...и можам само да го пофалам..можеби и до кожата е ..ама мене на мојава кожа ми дојде таман.. .. Извинете на офф топик...
Балеа, повторно. Шанси еден куп, различни производи, но сепак не одговараат. Балеа 3 во 1. Веќе година и нешто го користам гелот на Алверде со морски алги и сум презадоволна. Ама, многубројни рецензии, сите задоволни, а и 3 во 1, кај гел, па и пилинг, интересен мирис, а од зеленава колекција само кремата со овошни киселини ја имам пробано (иако немам проблем со флеки, пеги) и сум прилично задоволна од неа, се убедив и гелот да го променам. Од прва, лицето прекрасно. Лесна структура, преситни гранули, лимонест мирис, супер ми беше. Веќе од вториот ден, почнаа да излегуваат ситни мозолчиња. За секојдневна употреба не, но може после исчистено лице, како маска да го оставам да делува. Самостојно, нема шанси! Шампон за долга коса .. Косата доста брзо ми се заситува од шампони,па ги менувам доста често. Повторно, многубројни критики, а немав потреба од нешто специфично, па го одбрав овој за долга коса. Мислам дека на едно миење и половина го иститснав. Не пени доволно, има чуден мирис на хемикалии ми мириса, а косата најмалку од се ми е свежа.
Nivea и Dove. Пред некое време гледаве една репортажа за геловите за туширање и млеката за тело од овие две фирми. Испитаниците дадоа урина на тестирање пред да започнат да ги користат овие производи и една недела покасно. Резултатите ме изненадија. Во урината после само недела користење на нивните производи се покажаа состојки кои се штетни (меѓудругото и парабени иако не стои на опаковката). Од тогаш користам само на алверде бидејќи и скоро сите останати се претпоставувам со ист / сличен квалитет како предходниве.
Подлога за шминка од Young Derm 5та . И пудрата на Miss Sportly 025 medium dark. Жолта е пудрава кога ја ставам на лице ...ужас. Друго, Tesori сивиот . Еден парфем на LA RIVE(True by woman).
Пред неколку месеци го зедов и се залажав за мирисот. Ептен грдо мириса на кожа, одма и го дадов на мајка ми.. А и настрана тоа, не е нишо посебно..
NYХ matte lipstick Збoрувaм зa сите мaт кaрмини нa nyx. Мнoгу ми јa сушaт устaвa aмa мнoгу. Дури ми е кривo штo земaв 2 бoи еднa темнa црвенa и еднa рoзевoпoртoкaлoвa бoјa не верувaм декa ќе ги искoристaм дo крaј. Јaс немaм мнoгу суви усни a кoристaм и др мaт кaрмини нo oвие мн јa сушaт устaтa
јас го имам 626 - Mistress, кога ќе се исуши бојата е некако чудна, изгледа како нерамномерно нанесен. трепките ми ги прави да изгледаат убаво, но почнува да се рони по нецели 3 часа