Тоа е дефинитивно еден сјај од кој никако неможам да најдам слика на интернет ама на него пишува Jully Rose PARIS (longlastin 23 hours waterproof lipgioss) Се истрчав да го купам поради нијансата која беше темно лилјакова. Кога ставам од него имам чуство дека со фломастер ја мачкам устата, исто така делува. Се суши за неполни 5 минути и потоа устата лепи. По некое време и почнува да избледува и устанува само на краевите по некоја точка, ко да сум цртала испрекинати линии со оцртувач за уста. Да надополнам, ниту да брише нит се мие. Ужас, канта му е мајката.
Долго време сакав да пробам некоја течна пудра на Сефора , па земав за мрсна кожа , нијансата 20 clair light. Пудрата е многу лесна , мат , но не е покривна воопшто , може да се стави и втор слој , но многу брзо ќе се потроши бидејки и милимитражата е помала од останатите пудри -само 25 исто така немаше воопшто избор на нијанси , незнам дали е така во секоја Сефора а гледам на страната на Сефора во Америка дека има многу поголем избор на нијанси , оваа јас што ја земав беше најсветла од нивните пудри и дури дома приметив убаво дека има разлика помеѓу вратот и лицето кога ќе ја нанесам пудрава. Исто и нијансата е многу жолта. Се на се солидна пудра , но не би ја купила поради покривноста и нијансите , јас си сакам покривни пудри да немора двапати да ставам
Црно моливче за очи на Manhattan. Ново мие, околу 190 денари го земав но не вреди ни за пола цена. Се размачкува, се пресликува и тешко се остри . Никогаш нема да го купам повеќе Многу убава и ефтина. Ги разделува, ги поткрева , ги згуснува .... супер е .Нешто повеќе од 250 денари ја земав. Но , повеќе нема да ја купам затоа што многу тешко се вади. Еве пробав и со кокосово масло и со дурги средства, значи никако не се вади . Од трепките се симнува бојата на долниот дел од капакот . Па горе долу, партали тој дел . За џабе.
Manhattan Volcano Explosive Volume Mascara Откако почнав да ја употребувам, повеќе немам потреба да користам средство за чистење на шминка од проста причина што после два часа од нанесувањето ништо не останува од неа на трепките, целата маскара ја наоѓам изронета под очите. Рокот на траење и е супер, не била претходно отварана (едвај го тргнав селотејпот), не мириса чудно... Пред неколку години имав користено иста ваква маскара (или нешто слично, паметам беше Вулкано и пакувањето беше исто вакво, црвено-црно) и бев ептен задоволна па или сум имала „среќа“ да ми се падне фалична маскара или квалитетот на Менхетн маскарите отишол по ѓаволите.
Catrice Calligraph eyeliner pen Знам дека ваквиот тип на ајлајнери што се во форма како пенкало обично побрзо се сушат, ама овој ми користеше само 3 пати, останатото како бојата (во почетокот) и формата на врвот е одлична, тенка за детално формирање на линија.
Ја имам едвај да ја поторшам пудрава! нијансата ја погодив али оваа пудра катастрофа изгледа на мене како да имам 5 тона на мене ставено
Шампонов... Како можеше до толку да не ми се погоди... крш ми ја прави косата, премногу ми се плетка и некако многу е крута на допир а со тоа никогаш не сум имала проблем. Да го дотрошам па ќе се вратам или на Orzene или на Schauma.
Ужас. Се лепи по усните, после две минути од нанесување никаде го нема, абе полош кармин немам ставено.
Никогаш повеќе. Како прво неможам ни да ја нанесам убаво, како второ откако (едвај некако) ќе се намачкам лицето ми е суво мислиш со малтер сум се мачкала. Толку е очигледно дека имам пудра ставено, а пишува дека е со средна покривност. Ужас невиден, никогаш повеќе.
Крем за лице со невен Bubchen Имав големи очекувања од овој крем за лице дека ќе успеам да ја редуцирам маснотијата од т-зоната и го земав со таков план за да го користам само на критичните делови (чело, нос, брада). Тест-периодот помина, а ефектот е полош и од претходно. Кожата за кратко време сигнализира големо НЕ и се откажав од понатамошна употреба. Секој козметички производ не одговара за ист тип на кожа. Се надевам дека @Lady Phoenix го најде спасот за матирана т-зона. Јас продолжувам во потрагата по нешто посоодветно
Мила, многу ми е криво што не ти се погодило кремчево. Инаку, ни јас немам спас за мојата мрсна Т-зона. Еве што имам пишано за кремчево: Бубхен крема со невен. Ми се погоди за поладно време, го омекнува лицето и не го мрси дополнително, а имам мрсно лице, т.е. мрсна Т-зона и проблематична кожа која не прифаќа креми. Едноставно ми избиваат акни и ниедна крема не ја трпам, освен оваа. Сега за топлово немам. Мене само не ми го мрси дополнително и не ми прави акни кои ми ги правеле други креми, ама затоа ми е спас за остатокот од лицето кое ми се потсушува на ладново. Вистина е, ниту една кожа не е иста.
И јас не сум задоволна од кремов, барем не како дневна крема. Имам комбинирана кожа и моментално ја користам само навечер како ноќна крема, во мала количина. Poenta, дали ја имаш пробано матирачката крема на Алверде, од лимон и јаболко? Ја користев во текот на летото, сега како заладува во потрага сум по нешто похидратантно, но матирачкиот ефект кој го дава е извонреден. Воедно убаво ја негува кожата и не ми предизвика несакани ефекти. Ти ја препорачувам доколку ја немаш пробано, околу 120 ден е во ДМ.
Од производите на Алвреде за нега на лице немам ништо користено. Ти благодарам за предлогот и мило ми е кога ќе прочитам нечие мислење за позитивно искуство од некој производ особено кога станува збор за комплицираната т-зона и постигнувањето мат-ефект. Посочениот крем не сум го користела, а периодов ми е повеќе од потребен таков производ, па ќе му дадам шанса.
Незнам зошто во оваа категорија, јас го имав и ми траеше две години, многу јак мирис и траен. Би си го купила пак.
Едноставно не ми се бендиса воопшто...Не велам дека не е траен,ама миризбата некако какко на евтино наливно парфемче ме потсетува.Секој со вкусот...Инаку од paco rabanne one million (машкиот) премногу сум воодушевена,предобар е
Поента јас пак воопшто не сум задоволна од кремата на Алверде. Залудно фрлени пари, освен убав мирис не добиваш ништо од кремата. Барем мојата кожа многу лошо реагираше на кремава, одма се нафрлав, не ми ја матираше кожата, со пудра воопшто не одеше. И ја дадов на тетка ми која има нормална кожа, и беше супер ама за мрсна и чувствителна кожа не е.
Мене Алверде матирачката крема премногу ми го матираше лицето, дури кога ја користев како подлога за пудра, ми се појавуваа лушпи и на масните делови од лицето, а знам дека @poenta нема до толку масно лице, па би рекла да внимава при изборот и доколку има отворено тестер, да си проба. Кога ја нанесував самостојно во жешките денови, ми беше супер и не ми правеше проблеми, но многу ми го затегаше пределот кај челото, па затоа ја комбинирав со Афродита дневната крема со невен и од Алверде нанесував единствено на Т-зоната, со исклучок на челото. Не успеав да ја потрошам, ми стои речиси пола отворена од јули, па ако си заинтересирана, на драго срце би ти ја поклонила да ја пробаш. Ако не ти одговара, слободно фрли ја или подари ја на некого - мене нема да ми биде воопшто криво.