1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи кои не би ги купиле повторно

Дискусија во 'Тело' започната од MejkApGirl, 26 јуни 2012.

  1. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека го матира лицето дури и премногу, ја препорачав бидејќи и јас имав период кога ништо не ми го матираше лицето како што треба, освен кремава. Проблемот со преголему исушување го решив со тоа што користев похидратантна ноќна крема, а оваа на алверде исклучиво како дневна. И би препорачала да внимава на средствата за миење на лице, бидејќи и мрсната кожа не треба да се пресушува. Јас целосно ги исфрлив од употреба геловите за миење на лице и се држам до млеко за лице/пена+ тоник+крема (дневна/ноќна) и конечно ми се смири состојбата со лицето. Бидејќи е поладно надвор и лицето е дополнително суво може да проба и со кремата од роза на алверде, јас сум екстра задоволна од дневната и ноќната. Не ја мрсат кожата а се доволно хидратантни. Да затопли времето и ќе се вратам пак на матирачката крема, навистина во овој период на годината можеби не е најсоодветен избор. Поздрав
     
    На simoncelicius и poenta им се допаѓа ова.
  2. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Матирачката од Алверде и мене ми е ептен погодена за летниот период. Матира, го затега лицето, мирисот е прекрасен и едно пакување ми е таман за 3- 4 месеци.
    Ја користев и ноќната крема на Афродита од невен, но воопшто не ми одговараше на лицето, ми се појавија комедони, па тоа е производ кој не би го купила повторно.

    Сега користам само кокосово масло (БиоПланет) и ми е омилен производ периодов.
     
    На kjukli и simoncelicius им се допаѓа ова.
  3. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Aura- тhe strong hardener
    Еден слој, иако тешко- се суши; два или повеќе слоја- невозможна мисија.
    Го купив околу 150- 200 денари.
    [​IMG]

    Flormar- active nail hardener
    Доколку го користите како основа за лак или како безбоен лак, воопшто не е лош, но воопшто не ги зацврстува ноктите. Не се сеќавам точно на цената, околу 150 денари во Шатци.
    [​IMG]
     
    На LUCERKA и Mama25 им се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    @Mishela и @marama
    Секогаш кога размислувам да направам промена на кремот за лице голем скептик сум при изборот и сакам да прочитам рецензии за да знам поконкретно за каков производ станува збор, иако ист тип на кожа може различно да реагира на еден ист производ. Најверојатно нема да посегнам по овој крем и морам да признаам дека во вистинско време ги напишавте постовите. Изгледа синото пакување на Нивеа е кремот на кој се навраќам кога станува збор за веќе согледана промена.
    Се согласувам со тебе @Mishela за мојот тип на кожа и со твоето мислење се совпадна моето сомнение дека може да имам проблеми со пресушена кожа на проблематичната масна зона. Ти благодарам за споделеното искуство и љубезноста за понудениот подарок :hug:
    Исто и тебе @marama :hug:, само што кај мене кога не одговара некој крем немам проблем со исип, освен со затегната, недоволно хидрирана кожа, а во најмала рака имало и такви кои не покажуваат ниту нешто позитивно, ниту негативно. Среќна околност е тоа што кожата ми е имуна на појавата на акни, па ми останува само да се справувам со маснотијата.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.413
    Допаѓања:
    105.699
    Пол:
    Женски
    Garnier micellar water - Ја земав пред 2 недели , ја имаше и таа во розево пакување , но бидејќи овој производ е нов реков да го пробам. На шишето пишува дека е наменета за мрсни лица. Ако немаш толку шминка на лицето ја вади ок шминката како и другата во розево шише, но приметувам дека од кога ќе го пребришам лицето откако ќе се измијам ми го остава доста мрсно. Како и да е , не би ја купила повторно
    [​IMG]


    La petit marseillais - сапун за раце - не сум воопшто задоволна од оој бренд не им се убави ни шампоните , ни геловите за туширање , а за гел сапунот за миење раце да не зборувам - го имам тој најдесно смрди корне и самата незнам на што :puke: не ги препорачувам воопшто
    [​IMG]
     
    На glittergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. buttercup5

    buttercup5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    1.240
    Пол:
    Женски
    - Rimmel Stay Matte foundation - лицето изгледа како да е мачкано со паштета
    - Maybelline Line Refine kohl - моливчето воопшто не е меко, се распаѓа при оштрење и нанесување
    - Essence liquid eyeliner - сите тушеви за очи кои сум ги пробала ми беа премногу суви и воопшто не оставаа боја
    - Manhattan Powder Mate make up - премногу густа, лицето буквално не дише
    - D'eyeko false lashes - трепките кога ќе се одлепат ја губат полукружната форма и се стеснуваат во кругче кое никако не може да се исправи и а камо ли да се залепи
    - Bellaoggi eye shadow - се прелажав да купам само зашто имаше повеќе и убави нијанси на една палета, но пигментацијата е воздух, воопшто не се познава бојата
    - Catrice Pore refining anti-shine base - порите воопшто не се пополнети и кожата сјае
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    PicMonkey Collagefg.jpg
    Radiant пудра за мрсна кожа, воопшто не е покривна треба повеќе слоја да нанесеш за да добиеш средна покривност ама сепак не е тоа тоа.
    Не ја препорачувам воопшто за таа цена подобро Ревлон да си ја земате
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Откако се префрлив на Алверде козметиката, задоволна сум од пудрите и руменилото но катастрофава од коректор не можам да ја смислам. И ја дадов на мајка ми, но и неа не и се допаѓа. Како вода е, башка во делот каде што имаш ставено се брише и пудрата и излегува како "голо" местото да е...а баш конкретно тој дел треба да е покриен,бааги.
    download.jpg

    Во псоледниот месец не жалам што потрошив пари на неколку моно сенки и база на Менхетен, ама за моливот за очи khol kajal ми е криво. Не црни доволно, се пресликува и се брише. Не ми се допаѓа.

    download (1).jpg
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Perdedorita

    Perdedorita Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2015
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Ни една пудра или било што за лице на Авон не чини . Катастрофа!
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.571
    Марама, касно ти пишувам, ама типична е реакцијава за тело со токсини. Се исфрлаш затоа што се чистиш, веројатно си користела дп сега креми со повеќе хемија.
    А не ти одела со пудрата затоа што исто така бара природна формула од пудра.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    може еден автонокаут да си дадам со шизофренички монолог?
    Прелошо. Ни интензивност ни ништо... И да се утепаш од нанесување пак нема да се познава.
    А тоа тестерчињата фини им беа. Превара. Скарана им сум засекогаш!

     
    На Valentina.Vaki, SV1911, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Воглавно производите на Алверде, освен тоа тробојното руменило. Пудрата ништо не покрива, само ми го замачка лицето портокалово и одма се суши траги ко со прсти по цело лице. Сјајот со корална боја е слабо пигментиран и после пола саат се брише, а да, и мириса не баш убаво. Со зелениот дезодоранс не мирисам на чајче, туку корнам. :) Епа бај бај алверде.
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Јас затоа ги пробав најсветлите нијанси на тестер и не оставаа многу боја и едвај се познаваше,ако светлиите не оставаат темните па ич.
     
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Паметно. Како јако сум се зезнала јас, немам речи! :@
    Многу се изнервирав што испаднав мутава, ама така се учи :angel:.
    Ќе ги хејтам сега кај ќе стигнам за да ми е полесно на душичкава малку! :devil:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.947
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам истата, дефинитивно не ги бива. Не се познава дека имаш нешто ставено на очите. Уште ја користам повремено за на работа, арна ми е. Ама нареден пат ќе се помислам дали ќе купувам од Катрис пак.
     
    На Madam-A и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. Columbianna

    Columbianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    garnier-honey-shampoo-condi.jpg Наводно шампонов е за сува коса и распукани врвови, ја обновува и регенерира, меѓутоа мене воопшто не ми се погоди, не само што ми ја сушеше туку ми се појави и многу првут од него :|
    82344_04_2013_StayClear_PurifyingToner_PNG.png Тоников исто така катастрофа, ми се појави црвенило, неколку месеци не го користев, па пред некој ден си викам ајде да му дадам втора шанса, и повторно истото:^)

    bild-alverde-augencreme-augentrost-calendula-data.png кремава за очи од алверде исто така не би ја купила, 2 пати ставив и ја фрлив бидејќи ми се појавија бели точки под очите, не знам како да ги објаснам, како бели зрнца..
    fe.png ББ-кремава, не личи на ништо има некоја портокалова боја, премногу е течна и воопшто не покрива ништо. единствен плус е што мириса убаво.И така :D Моментално на овие ми текна, а сигурно имам уште ... :$
     
    На koritsaki и A-j-a им се допаѓа ова.
  17. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Ако за нешто го бива прајмерот на Макс Фактор, тоа е да ти ги пропадне парите. Вреди околу 750-800 денари, како и пудрата (која често е и поевтина бидејќи е на акции). На страна што ќе добиете производ што е прескап во споредба на перформансите, немам зборови да го опишам овој ужас. Кога ќе го нанесам на лицето се осеќам како да сум нанела маска која го затега. Долго време се чудев зашто кога ќе нанесам пудра ми се увалкуваат како топчиња и едвај можев да ги истресам од мене, се додека не ми светна што се случува.
    Освен што не ми се допаѓа неговата структура, дека нешто посебно ја задржува пудрата на лице не приметив. Исто како да го нема, само што тоа тешко чувство на лицето останува.
    Моја оценка 3/10 колку да не биде без ништо. :)

    primer.jpg
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Трепки ми паѓаа од римелов ,ама буквално по 5 од миење!
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Таа има вештачки влакненца ако не се лажам за ефект на вештачки трепки. Јас ја имав но што е тешка,тешка е.
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Kratko I jasno ,jas bez sliki. Ideme..
    Nikogash povekje:
    -Bilo koja pudra na Avon ,dali tecna ili kamena ,seedno.....
    -Bilo koj rimel na Avon ,pisav I pogore ,trepki mi pagjaat od NIV
    -Bilo kakvo sredstvo za ciatenje lice (ni edno da ne mi se pogodi ) osven sapun medicinski
    - Cela linija na Malena - UZAS!
    -Na poslesno mesto gi stavam preparatite za akni , bilo kakvi,ne pomaga I tocka. Se imam probano.
    Zelena glina samo priznavam!
     
    На glittergirl и mssuniquee им се допаѓа ова.