Знам дека сум офф топик, ама @Petra777 и други кои имаат било каков проблем со акни, а имаат пробано се' сешто. Можеби ќе ви биде од помош информацијава, пошто и јас и брат ми имавме проблем со акни во пубертет и тоа не проблем туку проблемиште, со акни почнувајќи oд лице, на деколте, на грб, гнојаници и тие грозните црнки... нема што не сум пробала, од Виши, Еуцерин, Витаскин, од најефтина козметика за акни до најскапа, посети на козметичарки и нивни мешавини од креми кои имаат чудесен ефекти и ваков или онаков третман, посети на дерматолог.Само колекцијата на Гарниер за мрсна кожа ми помогна, после мене и брат ми ја користеше и нему му ги исчисти акните. Подолу ќе ставам слика на кои продукти мислам, крема и гел за миење се. Не се скапи продуктиве, мислам дека вреди да се проба, може и некој друг ќе си го реши проблемот.
Фала ама ова е за масна кожа, јас нормална имам. Со 2,3 пати неделно маска од глина веќе не ми се јавуваат. Кај мене храната е проблем. Може ќе го земам гелот за миење , уште тоа да пробам . Фала ти Патем пробајте со маската од глина ,нема штета.
Сега за сега само водичево за чистење четки од НМ. Не ги чисти четките, само мирис остава. А пробав како што пишува на шишенцето и плус со вода. Не бива ни така ни така.
Мaскaрaвa нa wetnwild немa шaнси пoвтoрнo дa јa земaм, четчетo никaкo не ми се дoпaднa, oсвен штo oстaвa убaвa црнa бoјa зa ништo другo не вреди.
Лабелото на Еси, ептен преценето е, 200 ден. е а ништо посебно не е. Има други лабела кои се многу подобри од ова и поефтини. Дефинитивно не би го купувала пак.
Avene - Cleanance mat Кремaвa јa земaв пред недели oд Зегин , ми се пoтрoши кремaтa нa La roche posay , се мислев дaл пaк дa јa земaм истaтa или дa прoбaм другa и се решив зa oвaa нa Авен зa мрснa кoжa. Не ми се дoпaднa вoooштo, oсеќaм декa брзo се впивa кремaтa вo кoжaтa , нo пo 2 чaсa лицетo ми свети кo лaмиoн Аптекaркaтa ми спoмнa декa истoвременo јa хидрирa кoжaтa штo се мислев дaли дa и дaдaм шaнсa нo нaпрaвив грешкa.. Сегa ќе јa кoристaм зa нaвечер a пaк ќе јa земaм effaclar duo Loreal Pencil eyeliner - вooпштo не ми се дoпaднa aјлaјнерoв нa Лoреaл не цртa вooпштo, требa некoлку пaти дa се пoвтoри зa дa се пoзнaе црнoтo.. Не би гo купилa пoвтoрнo
Victoria beauty, лентите за депилирање со арганово масло. Значи, покатастрофа ленти нееема! Не мирисаат воопшто, не вадат ништо, тук таму некое влакненце, 10 ленти треба да потрошиш за една нога и тоа нема се да извади. Никакви се..
Изгледа дека целата линија на Victoria beauty не ја бидува. Читам дека и од други производи не се задоволни. Јас имам крем за коса кој не прави никаква разлика на мојата коса освен што остава интересен мирис (кој дефинитивно не е за секој зошто е премногу интензивен)
1:Лаковите на Малена -За пола ден се лупат 2:Шампоните на Елселв Немам коментар 3:Фарбите на Еволушан и Палете. 4:Маскарите на авон и пудрата Секогаш се лажам ,дека некој примерок ќе ми се погоди. Овие ми текнуваат во моментов ..КАТАСТРОФА.
Елсеве Лореал - Сите шампони. Порано беа многу подобри, а сега немаат никаков ефект за она што пишува на нив, а ја мрсат косата ненормално многу. Малена - лаковите за нокти, многу се течни, и некогаш дури со 2 убави слоја (кои одвај ќе се исушат) пак не изгледа убаво. Големо НЕ. Авон - сите пудри (освен Лукс, која вреди на попуст) исти се како да имаш кал ставено на лице (калива вода), ни пигмент, ни хидратација, ништо. Орифлеим шампон за коса од мед и млеко - ужасно многу ја мрсат косата, а и пред тоа е многу слепена. Не дава никаков волумен, свежина, а не прави никаква пена при миење. Иначе е 200мл., а го зедов на попуст за околу 150ден. Шаума шампоните - многу ја мрсат косата, а не даваат некој посебен ефект. Авон лак за нокти со гел ефект - се лупат за еден ден, уствари среќни ќе сте ако се излупат другиот ден, а не истиот. Сите ги коментираа негативно нивните лакови, еве и јас сум сега во нив. Авон спрејовите за тело (оние со овошни ароми) - измешано блага вода со алкохол.
Лабелово од Балеа Катастрофа од производ. Никаква влажност,никаква нега, ништо. Впрочем, усните од него мислам си ги чувствувам уште посуви.
1.Алверде гел за миење лицето со лековита кал. (лицево катасрофа ми стана) 2.Мaybelline маскара волуме експрес и греат лаш ништо посебно тарантула трепки ни В од волумен. 3.Тоник на Гарниер за сува и сенситивна кожа. ИМА ПАРАБЕН ВО СОСТАВОТ 4.Аура пудра cover me никакоооо како маска да имам на лицево и нијансата вика светла ivory али толку темна и некаков жут потон 5. Балеа ripair+ балзам за коса ништо не направи на косава онака како да не користам ништо едино мирисот ми се допадна ме потсека на лето. 6.Шаума шампон за фарбана коса и бајби шампон не не не. Ги потрошив, али повеќе не ги купувам од Аура пудрата немам слика бидејќи ја фрлив имаше за уште 10 пати да ставам, ама не можев повеќе не ми изгледаше добро на лицево и на сувите делови се закачуваше
Aura Explicit 1.10 Blue black Повеќе никогаш нема да ја купам фарбава на Аура , не сум воопшто задоволна , фарбата многу брзо ми падна , дури кафен корен ми се гледа а нема поминато ниту месец
Farbite na garnier,nitu pokrivaat,nitu traat,edinstveno sto mi se dopadna e mirisot,inaku kafe da stavev na glava poarno ke ispadnese.ednas i nikad vise
Многу тешка пудра за лицето. Нема никаков ефект и ја мрси косата пребрзо. Катастрофална пудра го суши лицето и се прави како лушпи.
Треба да се фарбам се мислев да земам гарниер, ама ако не чини зашто да ја земам.Случајно некој предлог? Последно се фрабав со Палете и брзо ми падна ни 1 месец не издржа
@glittergirl ти ја препорачувам следната фарба, професионална е но може да се најде и во подобро снабдените парфимерии и аптеки. Јас имам ептен сува коса и било која фарба да ја ставам ми ја суши уште повеќе косата. Единствено со оваа фарба косата ми е како што треба, плус што е доста трајна. Цената и е околу 250 ден. без хидроген. Инаку е 100 мл.
Да ти кажем ја користев јас оваафарба, ама ми беше сува косата многу и мислев дека е од фарбата но можеби и од шампонот што не беше добар.Јас мислам 160 денари (треба да проверам)ја зедов во една парфимерија и + хидроген од истата фирма мислам се заедно 240 или 250.