Јас само еднаш ја фатив на некој попуст беше за 180-190 ден. инаку ја зимам по толку 240-250. Можно е да ти била сува косата од шампонот, ако сега користиш друг порбај ја пак фарбата па види дали има разлика.
Повеќе од овај шампон нема да купам, воопшто не сум задоволна ... многу првут ми направи со едно миење.
Jas obicno loreal koristam i dobra mi e,ama i taa e bez amoniak i nee nesto kojznae kolku trajna,e sea zedov edna druga ama uste nesum ja provala kako ke bide
Essence четка за кармин Бев премногу возбудена за новите шарени четки на Essence, но ја купив само оваа за кармин затоа што имам четки за друга намена. Четката е бесцелна. Синтетичка е, и сакам синтетички четки, но оваа е премногу мека и мазна. Не знам дали ова е случајот со останатите четки од колекцијата, или пак оваа текстура не одговара само на четката за кармин, но сум ја пробала и со течни, и со тврди кармини, и само ги зашлакува, како да го отстранува карминот, воопшто не помага. Првпат користам четка за кармин, си мислев да не е до мене и се` уште ќе и давам шанси, ама не ќе да е до мене Не беше скапа, но не вреди ни за толку. Essence моливчињата за усни во ново пакување Зборувам за моливчињата со капаче во боја, а не сребрено како претходно. Купив две нови и воопшто не оставаат боја, тврди се како дрвени боички. Баш ми е жал затоа што претходно беа меки и кремасти, а Satin Mauve ми е една од омилените nude нијанси воопшто Ако некој знае каде има залихи од стариве, нека кажува, макар што мислам дека ги сменија од поодамна и дека веќе ги нема. Victoria Beauty Curly Hair Fluid Спојлер: Огромна слика за огромна катастрофа И претходно имам споменато дека имам проблем со купување на се` што има curly во насловот, па така се залажав и за ова Ова е најлошиот производ којшто некогаш сум го ставила на косава. Интензивно мириса (а не мириса пријатно) и премногу лепи, како хардкор гел за коса. Локните - како на бугарска певаљка. Гледам и други се жалеле од производиве, изгледа целата линија е фуш Eveline крема за депилација со арганово масло Секогаш ги отстранувам влакненцата од под пазувите со крема за депилација затоа што имам проблеми кога се бричам, и секогаш користам Veet. Не знам што ме натера да ја купам оваа еден прекрасен ден во ДМ. Па и уште пишува sensitive, па арганово масло, па за бикини зона Можам да замислам што ќе се случеше ако депилирав интима со неа, затоа што мислам дека добив хемиски изгореници под пазувите, а го следев упатството. Понекогаш е најдобро да не правиш никакви промени, ама шта чеш, авантуристички дух Dentamed паста за заби Не можам да најдам слика од проклетијава, ама една е, ја има во Кам. Како да мијам заби со сапуница, не прави доволно пена, а ниту нешто ме освежува. Потпросечно
Повеќето од фарбите на Garnier се едни од најдобрите од до сега испробаните. Ова е прв пат да прочитам дека некој не е задоволен. Ако на некому не му одговара не значи дека и тебе нема да ти се погоди. Пробај ја и не верувам дека ќе имаш лоши резултати. И јас не сум воопшто задоволна од Palette. Како што и претходно имав пишувано, порано беа многу поквалитетни но квалитетот значително им се намали. Инаку, зависи и од состојбата на влакното, од нијансата на фарбата и од многу други фактори.
^ Се согласувам за Victoria Beauty Curly Hair Fluid, за ништо не го бива,ужасно е,лепи многу,ја прави замастена,заплеткана и тешка косата.
1.Малена лаковите 2.Есенс сјај за усни-кратко траат 3.Бејби липс синото лабело-многу брзо се суши 4.Докторс крем за лице
Дали проклетијата е оваа паста? Јас исто ја земав од Кам немав пари за поскапа паста, ама нема да купувам повеќе.Сликата е моја ја имав прикачено во Последно што купивте се извинувам ако погрешно ја напишав темата.
Да, таа е. Очигледно имало повеќе од еден вид затоа што мојата е со розово на опаковката, а твојата со плаво. Можеби бев малку драматична во објаснувањето со тоа „проклетија“ , ама според мене пастата е лоша, откако ќе се измијам се` уште ги чувствувам забите како немиени. За тие пари има подобри пасти, на пример Колинос или Сигнал
Гел лаковиве. Катастрофа жива, на него пишуваше мат, ни мат, ни свети мат. Вториот ден се излупи. Големо НЕ! Ужас,ужас,ужас. Џабе ја миеш косата, пак е мрсна. И многу првут имав. Едноставно не ми се допадна пудрава незнам зошто. Ја зедов за ефтини пари искрено. Не дека ми требаше итно,да потрошам пари само
Erre Due lipstick 145 - Барав долго време некоја средно лила боја на кармин , па решив да го пробам овој на Erre Due, покатастрофален кармин верувајте не сум нашла , внатре во опаковката се гледа убаво густичок си викаш ауу јако мат , на уста убаво седи бојата е прекрасна ,но по еден час откако ќе се нанесе на уста , се растекува од сите страни на устата како некој вода да ти истурил на лице ајде втор пат пробав со саботата со моливче , па карминов па одозгора кило пудра во прав ставив абе нема врска истата песна. Не се суши на устата и нема никаква врска со мат. Па уште и 15 евра го платив катастрофа над катастрофите
Maybelline master drama kohl liner- мене ми е премногу мек, мислам дека доколку би бил малку поцврст би бил идеален. Остава одлична боја, лесно се нанесува но сето тоа паѓа во вода зашто е многу мек и немам контрола врз него кога го нанесувам и цела се размачкувам. Искрено не би го купила повторно.
@Mihaela91 јас не сум од Скопје за да ти кажам каде точно но ја има по парфимериите јас од една таква поголема во мојот град ја купувам. Или по фризерските салони(зависи која фризерка со каква фарба фарба) зашто се професионални фарби.
Nikogas povtorno ne bi kupila vakov karmin ! Hidratacija 0 Poarni se Bugarskine karmincinja...Ustata "parcinja"mi ja napravi ..Ne deka ocekuvav kojznae sto ama ova e vrvot na nekvalitetot.
Треба 3 4 слоја да ставиш, за да добиеш боја асална. Многу е течен и не е пигментиран. Не дека нема да го дотрошам, ама не би купила пак. Oва намерно го ставам под течна пудра колку да го дотрошам. Иначе недај боже да го ставиш над течна па камена, искача целото, ти се гледа на местото кожа без пудра. Исто и над камена ако се стави е така. Лошо.
Nikogas poveke ne bi ja kupila aura refresh me pudrata,po katastrofalno nesto nemam staveno na liceto.Za pokrivnost i da ne zboruvame,bb kremite pokrivaat mnogu poveke,a po eden cas odkako ke ja stavam se sobira i izgleda kako lisi da imam na liceto.Pokraj ova okolu nosot i bradata mi izlegnaa mali sitni bubulicki,ne e skapa 300den.e,no i tie pari ne si gi davajte za dzabe
Моливчето за очи од аден не сум воопшто задоволна не е воодотпорен и многу брзо се размачкува бојата. Сеуште сум во потрага по добар црн креон.
Балеа мицеларната вода за сува и чувствителна кожа Ништо шминка не вади, ептен треба да ја тријам кожата со натопен памук и пак не ми симнува шминката околу очите целосно, а не ми е водоотпорна маскарата. Малку и очите ме чешаат од неа, а инаку никогаш порано немав сличен проблем. Не е ни приближно добра како таа на Гарние.