ужас од пудра!! Претешка за размачкување, претешка воопшто за лицето! Џабе фрлени пари. Катастрофа молив. Требаше да биде некоја кафена нијанса а кога го нанесов беше БЕЛ. Страшно! И MaxFactor не е тоа што беше.
Balea dry shampoo (dark hair) - За жал производов на Балеа мораше да се најде овде дефинитивно најлошиот сув шампон што сум го користела досега , му дадов шанса неколку пати , косата ми ја заплеткува неверојатно што неможам никако да ја расчешлам. Порано го користев тој со ванила и беше многу добар (дури подобар од Батисте) , но за жал беше лимитидирана едиција.. Цена - 99 денари на попуст Max factor 3in1 (47 warm almond) - Прв пат пред некој месец решив да пробам пудра на Макс фактор , но не сум задоволна , покривноста и е ок , но брзо засветувам иако пудрава е наменета за комбинирана до мрсна кожа , исто и нијансата не ја погодив баш, некако е многу розевкаста за моето лице Цена- 600 денари на попуст
Не ми се допадна срц , многу брзо засветував плус со пудра камена одозгора , според мене Ревлонот е каде каде подобра ти пробај ја, има тестери може да ти одговара тебе
@koritsaki срцкаа ти кажав јас за пудрава уште пред да ја купиш и мене не ми се погоди... @buba4e89 иначе маче земај си на bourjois и на revlon оваа оставија
Никако оваа пудра на Max Factor, и јас и дадов шанса, ама не ја бидна. Со тие пари ќе си најдеш доста подобра. Ииии изборот за најлоша камена пудра е дотичнава на Deborah. Исто ми се фаќа а со пудрава, а без неа. Ужас.
Ова чудо за наводно заштита на косата од топлина, а всушност исто е и со него и без него. Ова е прајмер за Т-зоната. Прајмерот е со зелена боја. Навистина матира, но остава гадни зелени траги по лицето, а така чудно се суши што не дава добро да се размачка. Значи многу се разочарав, а му давав неколкупати шанса да се извлече.
Не знам само зошто им се тие астрономски цени на лабелава кога абер немаат од лабело. Прво и последно лабело за мене од линијава. А демек за хидратација...како па да не. Најскапи во моментов на нашиот пазар, а според мене најникакви. Росал за лабела - незаменливи. Исто сега и од Генера едно земав, за цената од 60ден е и повеќе од одлично!
Проба да ја нанеуваш со сунѓерче? Мене ми е супер пудрава сега нијансата ми е темна па морам да ја мешам. Цело лето ја користев и ич не светнував. Се чудам дека не ви се погодила, за лето никогаш нема да купам друга пудра предолготрајна е.
Byphasse solution micellaire - Мицералната вода ја купив пред околу 2 месеца , ја користам и толку време , со неа го чистам лицето пред да ја извадам шминката целосно , шминката од очите не ја вади баш лесно треба многу пати да ставам од неа за да извади се. За цената е ок , 500 мл е и трае прилично многу но според мене не ја вади шминката од очите многу добро.. поради тоа повеќе не би ја купила Цена- 275 денари 500 мл Gamarde sebo control fluid oily skin - Кремава ја користев околу 2 месеца , лицето го матира многу убаво што дури на моменти го осеќав лицето затегнато на образите (таму кожата ми е нормална) но приметив дека почна гнојни акни да ми прави на брадата , а само што престанав да ја користам престанаа и акни да ми излегуваат. И дадов и друга шанса , направив пауза почнав пак да ставам ден и ноќ и повторно се појавија акни на тој дел од лицето. Навистина ми е криво зашто се израдував што најдов органска крема за лице , но дали некоја состојка не ми одговара или па некој прајмер/пудра не одговара со кремата тоа незнам. Цена - околу 900 денари
Кремава на Ла роше, демек лицето мат го прави нема ни М од мат... баш пишував повеќе во темата `каква крема за лице користите` , не ми се допадна воопшто , Ла роше ефаклар дуо е многу подобра.. Цена- околу 9 евра
Шампон од авокадо Алверде Премногу тежок за мојата коса. Дури и со мала количина одвај го измивав. Косата ја чувствував безживотна и макотрпна за обликување. Огромно Не за производите на Алверде за нега и хигиена на коса.
Ако претходните шампони што си ги користела беа со силикони,сега косата ти е таква затоа што најверојатно се чисти од нив.
Сепак дај им шанса и на другите шампони од Алверде, мене ми се незаменливи веќе 3-4 години. Најмногу ми одговараат тој за волумен од бамбус и машкиот шампон.