1. Млеко за тело за сува кожа, а содржи алкохол. 2. Кокосово масло на Cococare. Нема никаква допирна точка со кососово масло и е во ефтино пластично пакување, има некаков мирис на нафтени деривати. 3. Молив за очи од Kiko Milano - добра пигментација, но многу лесно се брише и разлева
Колку и да нанесеш од нив воопшто не се познава некаква боја . Ефектот што го дава е како да имаш некоја безбојна смеса која ти се лупи по лицето. Ужас!
Oд Corine De Farme ја земав околу 220 денари во Зегин на попуст, а таа од Garnier е околу 280 редовна цена. Не е лоша ни таа од Corine De Farme ама не би ја купила пак, од Garnier сум позадоволна
Sephora shampooing express - Сувиот шампон на Сефора го купив пред 1 недела бидејќи не сум во можност да земам сув шампон на Батисте (поради реновирање на продавницата). Го пробав во средата , убав волумен ми даде само се испомачив да го сокријам белиот прав што го остава шампонот , како и да е бев задоволна од шампонот се додека вечерта не ми падна шишенцето на под и од тогаш никако не функционира. Џабе 7 евра дадов никогаш веќе повторно
Maybelline age rewind concealer - Light Преценет и премногу фален коректор по јутјуберкиве и блогеркиве, па реков и јас да го пробам. Жалам за дадените 8 евра , не ми се допаѓа тоа што има сунѓерче на коректорот ми изгледа многу нехигиенски , за нијанса лајт што ја земав , нијансата е темна , па така да тие што имаат како мене светла кожа ако ја земат нијансава ќе се зезнат , исто така многу е жолта не е во никој случај неутрална.. и многу брзо се троши , го имам нецел месец а до пола е потрошен. Повеќе не би го земала Цена - 8 евра
1. Catrice Primer Не ги смалува порите и матира лицето како што е наведено. А со прајмеров, а без него лицето ми е исто. Единствено што овозможува е пудрата да е по трајна, но тоа е 2 часа и обавезно нанесено камена пудра, што ништо не ми значи. Го купив 300 денари. 2. Пак Catrice (Absolute Nude Eyeshadow) Цена околу 300 денари. За тие пари можеш да купиш подобри сенки, пример Makeup Revolution, цената им е слична, а се подобри. Имаат слаба пигментација, најчесто ги користам 4 и 5 сенка тие се така подобри. Најмногу ми се допаѓа четката , не е лоша, повеќе ја употребувам неа него сенките.
За волумен е, со бамбус и нaне. Стариот за волумен беше ептен добар, од маслинка и кна, кога го заменија со овој мислев дека нема да е толку добар ама одличен е и овој. Чисто за споредба ја измив пред некој ден косата со Пантен за волумен и можам да кажам дека е скоро ист волуменот и на Алверде, а од овие класичните шампони многу побрзо ми се масти косата. Со Aлверде ја мијам косата најмногу двапати неделно Машкиот шампон содржи пиво и рузмарин, жалфија, нане, хамамелис....Тој е доста корисен против опаѓање на косата, баш го стимулира скалпот. И двата ги користам наизменично, а другите од Алверде не ми се допаѓаат
Нивеа двослојниот eye make-up remover Нивеа ми се љубов уште од тинејџерските години, секогаш се враќам на нивните производи и ретко да не ми се погоди нешто. Ама овој морам да го сместам меѓу тие што не би ги купила повторно. Шминката не ја вади толку лесно, башка мислам дека трепките почнаа повеќе да ми паѓаат од него. Sorry Nivea, се враќам на Гарниер. Малку е поскап од овој, ама мене повеќе ми се допаѓа.
@LollySky многу често така некои производи мене ептен ми одговараат, а на некој друг му се тотална утка, и обратно. Не знам дали на Гарниер си го пробала ваквиот производ, мене лично многу повеќе ми се допадна. Само сакав и Нивеа да го пробам, му дадов шанса, ама мислам дека пола трепки ги изгубив Башка секогаш го комбинирав со млеко за лице или некое друго масло, зашто малку тешко ми ја вадеше шминката. Во секој случај, штом ти одговара користи го, јас не знам зошто упорно си експериментирам со вакви производи кога веќе едно ќе ми се погоди
Не знаев дека и Garnier има двофазен маслен отстранувач, баш ке го пробам кога ке го потрошам овоj. И jac cум таква, се сакам да пробам иако веке сум нашла производ што ми одговара Розевата мицеларна од Гарниер ми е многу убава, ама ми текна да ja пробам од Corine De Farme и не ja бива, се вракам на Garnier
Баш пробај го. Само ако досега си користела класичен шампон за секој случај да те предупредам, природните шампони не даваат пена како класичните шампони и може да имаш чувство како да не е миена косата. По 3-4 миења најмногу веќе ќе ти се навикне скалпот, така да дури тогаш ќе видиш навистина разлика
ВНИМАНИЕ ВНИМАНИЕ !!!!! Маскарава е КРШ, некој се зезнал, една од тие сум и јас сува, сува барут, како нанесуваш ронки паѓаат
Дојдов да ги изругам сите лакови на голден роус. Можда имам повеќе од 30, и пак се лажам да купувам, демек ај овој ќе биде подобар. Катастрофа. После 1 ден се лупат буквално како корупки. Ужас.