Max factor Lipstain Hе можев да најдам убава слика,но мојов е во број 05 марашамелоу,го купив лани во Oхрид,го пробав на рака и на усна,ми се допадна и го земав,бојатае убава но за брзо време се суши и изгледа како ништо да не се ставиле на усна,тоа треба да биде позитивна страна или што? Чуството е како да се мачкаш со фломастер,веднаш се губи бојата и не се познава и дополнително ми ја суши усната,и од како ке го нанесеш по некое време на линиите на усната се прави нешто како излупено,насобрано,едноставно одвратно,му се случило на некој истово со овие маркери? Oвие на Pевлон истите ги гледам на јутјуб рецензии па тие по цел ден стојат и не се губи бојата воопшто Џабе фрлени пари и жалам што го купив [/quote] пробај стави сјај врз карминот ,слична боја ,така повеќе ќе дојде до израз бојата.а за лупењето пробај стави лабело пред да го нанесеш.јас имам вакви од гош,поефтини се и немој никако да го клацкаш да протече,да не се распрска на сите страни по ѕидови,само со затворено капаче
никогаш веќе не би земала пудра од авон ем не покрива ем не е баш евтина за квалитетот , да додадев пари подобра ке купев ем смрдиии
Имам доста такви производи -Пудра со мат ефект (кожата ја прави сува и на ништо не личи а и не покрива) -Водоотпорен римел (да си ги извадиш очите при вадење на шминката) -Импала пудра (ко поаштета да имаш ставено на лице) -ЈF парфемот од Авон (мириса на трева ) -Pur Blanca од Авон (одвратен ми е)
никогаш повеќе маскарите на clasiscs,не се скапи ама за џабе ги дадов парите.од 4х ме чешаа очите а таа розевата(3D ?) за мноооогу брзо време се расипа.исто така на classics ајлајнерот немаше еден месец а почна одвратно да мириса.богами ке се замисла пак дали ќе купам нешто од нив освен сенки
Ми го купија за роденден пред година и сеуште е пун. Значи парфемов смрди. Дури ни за во вц не го бива. Го купив исто пред пола година,и дома ги имам 2, и не ги користам бидејќи смрдат на крастајци
Стварно, откога сменија амбалажа бекутан, што се случи со нивните производи? Прво на голем дел го тргнаа убавиот бебешки долго познат нивен нежен мирис, второ, млекото е навистина потечно од вообичаено, не знам... искрено се разочарав и почнувам за малата полека да купувам козметика од други производители. Многу ми се допаѓаат Беколино, а сакам да ги тестирам и оние од дм.
Никогаш нема да купам повторно.Ме нервира како се нанесува,лигав е дури не се исуши,нема посебен мирис.
Gliss ми е средство за расчешлување на коса, а не сум се заинтересирала дали сите служат за тоа ама по се изгледа дека не. Бидејќи се фарбам го земав црвениов мислејќи го за адекватен и едвај го потрошив. Прскав безвезе, а ефект 0. Не можев да се исчешлам после него и никаква разлика не ми правеше. Не би го мењала за жолтиот, само ме влече да го пробам и розевиот..ако не го бива ни тој тогаш не правам експерименти.
Не би ја купила повторно ај што нее покривна нее па и остава траги на облека,на телефон,брзо се брише на почетокот бев задоволна но не би ја купила повторно има доста поубави пудри за многу пониска цена од оваа
Сјајот на аура мојот е always red број 095,за 240 денари не вреди кога ке го ставиш дава убава боја но после 30 мин избледува и останува само на крајот на усните.. новиот интимен гел на нивеа супер ми беше nivea natural ама ајде јас да го пробам новиот и на крај ке ми седи сега..
Преубаво мириса онака во кутивчето, ама во допир со кожата се губи, поточно добива некаков си грд мирис. Ај да го користев во комбинација со друг гел за туширање - оправдано, ами и гелот ми беше од истава колекција и тој е одличен, ама кремов !? Жал ми е, ќе ми остане кутивчето непотрошено, а толку го токмев. Супер е, хидратантен, брзо се впива, ама мирисот е нула. Голема и дебела ну-ла. Штета.
Маскарата на Голден Роуз - City Style, виолетовата во средина. Четкичката е глупава и нефукционална, не ги витка трепките, остај тоа, не дава ниту волумен. Како со прашина да си поминал врз низ, па и се рони некако без да ги пипнеш. Доаѓам дома и има што да видам под окото - прав од маскарата. Ужас, се враќам на старата добра Голден Роуз, се надевам уште се произведува. Спојлер Ziaja makeup remover 2 phase Катастрофа. 10 пати да ставиш, ефектот е тој. Никаков. Сапун и вода се поделотворни во вадење шминка. Измешав бадемово масло и вода во пакувањево и е поделотворно од овој производ. Rimmel 25 hour lasting finish пудра Сум користела евтини пудри како Импала и Голден Роуз, Есенс, ама на оваа ѝ нема рамна во поглед на ужасот кој го нуди. Се лепи додека ја нанесуваш и продолжува да лепи и понатаму. Недај боже да бациш некого или да го гушнеш, добива гратис отпечаток. Не се оправа ниту со камена пудра, бетер е. Убедливо една од најлошите пудри во мојот живот.
Не би ја купила пак онаа купката од Авон, од зелени јаболка. Ми имаше некој остар мирис. Не свеж, туку баш остар, киселкаст... И, овој шампон од Pantene. Мириса ПРЕКРАСНО, и после првите две миења косава ми е преубава,со волумен, ама после третото ми станува ко сено. Ептен ја суши.
Cамо кога ке се сетам на овај гелов нервоза ме фака,оти никаков е бре Lush Grease Lightinig,на почетокот не беше лош ги намали малку мозолките,ама после некое никаков се покажа,ниту ги намалуваше,абе никаков ефект,дури забележав дека ако ставам на мозолчето другиот ден ми се појавува друго мозолче веднаш до старото,има смисла ова? Aма не навистина е ужасно,се мислам на кој да му го дадам сега И овај топ коат на Opi,се секавам дека го купив заедно со еден спреј за сушеше на ноктите,беа заедно и ги земав,спрејот се покажа супер,ама овај топ коат,никаков е,не ги држи воопшто,ниту еден ден Ужасен е,не би го купила пак own:
искрено, полош туш не сум имала досега, можеби и голден роуз се подобри... исто и лабелата на нивеа, одвратни се
Претечно ми е. Не ја хидратира кожата доволно. Не ми е ништо посебен, спрема толкавата реклама. Како најобичен шампон. Спрејов за коса за волумен не ми дава никаков волумен, напротив ја мрси косата. Нивеа и Рексона антиперспирантите премногу ми се агресивни на кожата, мислам дека се со најака хемикалија во нив, споредено со другите.
Тотално се согласувам со Трендафилка, ја користам ваа 3Д црвената веке неколку години, незнам што ме натера да ги пробам новите на ГР ( и јас ја имам таа во средина) и не , не сум задоволна