Мене ми се сосема во ред и новите моливи на Есенс, јас сакам потврди моловчиња. Оние со мек гравит не ми се допаѓаат воопшто и ми се рашлакуваат ко путер на усните, се раслојуваат, не можам да опишам баш најдобро. Претходните беа помеки и полесно испуштаа боја, ама и "убаво" се кршеа при оштрење. Неретко ми се случило гравитот да се ушлака сиот во сечилото. Од новите не ми се допаѓа само кафеавата нијанса затоа што не е доволно пигментирана. Другите ми се супер.
Kremava balea e odlicna za izgorenici!Ja ednas se izgorev malce poveke staviv od kremava (neven) odma mi pomina
Никогаш повеќе. Полошо нешто не сум ставила на лице, а имам (имав) екстремно мрсна кожа пред да почнам ја користам пудрава. Лицето со неа ми е како паштета и после еден час носење почнува да ми се „дели“ од лицето, да ми се „распукува“. Изгледам како да сум ставила 10 слоја пудра на мене, а на слики како да сум се мачкала со брашно. Пробав да ја нанесувам со четка, со сунѓерче, со прсти и не бива никако. Ја пробав со повеќе прајмери, ја пробав и без и пак НЕ. Едноставно не ја бива за мене. А тоа што лицето ми се уништи, почнаа да ми се лупат одредени делови не можам да преболам.
Маслово за лице од Лореал: Додека замислата е супер (за масна кожа, ребалансирачко, стеснува пори, бла бла), реализацијата е ужасна. Иницијално кога ќе се нанесе мириса преубаво, има некој хербален, природен мирис, фино се впива и кожата изгледа супер. Си викаш, одлично, право задоволство за сетилата, спа третман. Проблемот е што после одредено време од нанесување (час-два), иницијално прекрасниот мирис се претвора во нешто најодвратно, почнува да мириса како на стоено, на мувлосано... Не можам да објаснам, ама одвратно мириса. И некако почнува да тежи на лицето, кожата станува како нечиста, барем такво чувство добивам и се' што сакам е да го измијам од себе. Грозно! Никогаш повеќе. Два пати ставив и го фрлив
Иако прочитав безброј негативни рецензии, решив да му дадам шанса. Самиот рол-он има убав природен мирис, но после 10 минути од нанесувањето не се чувствува ништо. Навечер по туширање ќе ставам, а утрото веќе мирисам на пот (?!) што не ми се случува ако не ставам ништо. Да не пишувам за неговата заштитна моќ, зашто ја нема. Доколку сакате нешто природно одлучете се за спрејчињата кои се 100х подобри. Немам што да кажам освен да не си ги трошите парите на овој производ.
Ziaja cocoa butter hand cream Убаво мирса, ок густина на самата крема, лесно се размачкува и одма се упива. Кожата ја прави мазна и мека, но за жал тоа трае само една минута. После таа минута како да не сум ни ставила крема, ми ја пресушува кожата, до таа мера што ми е посува од кога ми била пред да нанесам од кремов. 80ml, 152 ден. @Sexybaby86 штета што не ти се погодило маслово. Мене ми е најдобро нешто што сум и го дала на кожава заедно со кремата од истата линија. Баш како што пиша прав спа третман ми е секоја вечер. До сега не се случило да смени мирис, ниту да го осеќам на лице по некое време. Ќе ви пишам впечатоци во друга тема за маслово и за кремата.
@A-j-a можеби било само до моето, можеби не било нешто ок. Го проверив рокот, добар си беше, ама до толку се менуваше мирисот во нешто одвратно, што не можев дури да си поверувам. Иницијално мириса прекрасно, бев пресреќна кога го пробав првиот пат, ама за жал, тоа е. Сигурно не било соодветно складирано, не сум сретнала досега производ што толку сменил мирис. Како и да е, секоја кожа си е индивидуална нели Јас секако не се откажувам од Лореал, го сакам како бренд и ги сакам нивните производи. Пиши впечатоци за кремата, баш би сакала да знам дали ќе ти се погоди
Nivea BB крема. Ме разочара за разлика од другите производи на нивеа кои ми одговарат. Упорно барам ББ крем кој ќе ми одговвара на кожава. АКо знае некој крем соодветен за сува кожа ве молам предложете ми
Рече дека бараш ББ крема, но јас можам да ти ја предложам ЦЦ кремата на Биотен многу е лесна не се ни осеќа на кожата и истовремено многу ја хидрира сувата кожа.
Фала за предлогот ќе ја пробам па ќе ве известам како ќе ми одговара. Се надевам ќе се погоди, оти ми се смачи од пари фрлање за разни ББ креми...
@Gemma Јас би ти ја препорачала ББ кремата на Гарниер, оваа што ја користам веќе ми е трета или четврта по ред, само што мојата е за нормална/комбинирана кожа, за мрсна исто имам видено, е сега за сува не знам, треба да си провериш. Ама јас сум презадоволна, кога ќе ја нанесам лицето ми е меко и сјајно (значи не мрсно, туку го има оној radiant glow) ,не е којзнае колку покривна, ама убаво го изедначува тенот, значи за ББ крема е таман.
Дефинитивно најлошата пудра што ја имам купено до сега. Дадов 530 денари за џабе.После извесно време од кога ќе ја ставиш сама се брише на одредени места и стануваш шарена во фацата.Имам таков руж на гош и многу сум задоволна и си мислев којзнае каква е и пудрата.Ја користев 3-4 дена и сега така ми стои во несесер.Катастрофа!
Sephora honey lip scrub Ништо посебно не ми помогна пилингов за усни , според мене многу подобро е да се направи некој домашен пилинг дома , ова е само џабе фрлени 5 евра. Не го препорачувам Afrodita - шампон со лук Шампонот е одличен за тие со мрсна коса , не приметив дали ми помогна во врска со растот на косата , ама повеќе нема да го користам (иако дома имам уште пола шише) поради тоа што почна да ми прави првут.
The body shop rainforest balance shampoo Шампонов на Боди шоп е наменет за мрсна коса , решив да го пробам, но многу ја заплеткува косата дури и од кога ќе нанесам маска потоа се мачам да ја исчешлам како што треба. Тоа е голем минус и затоа не би го земала повторно. Сличен е како шампонот со коприва од Афродита , но овој повеќе ја заплеткува косата. Исто и цената е минтус така да само се исплати да се купи со некој попуст. А супер е што нема силикони , нафтени деривати итн Цена - 7 евра
Шампонов прави првут, мене ми правеше после 1то пакување, цел го потрошив ми порасна косата арно ама после ми појави првут. Тоа е, ни јас не го купувам повеќе. Ама за да не ти стои дома така употреби го како средство за миење четки.
Катастрофаа!! Премногу сува пудра како брашно да имаш на лицето и со прајмер катастрофа. Покривност никаква... Ја купив 900 денари.
Garnier , Ultra Doux од шеа путер и авокадо. Страшен е шампонот. Денес се мијам утре како со масло да сум се миела.
Гарниер не е за сува кожа, да знаеш. Ем содржи многу алкохол. Ако Нивеа не ти одговарала, Гарниер уште толку нема да ти одговара. @koritsaki Џабе фрлени 7 евра, џабе фрлени 8 евра, да си здрава и жива ме изнасмеа. Ме потсетуваш на мене порано, се морав да пробам и џабе си фрлав парички. Сега престанав со таа навика.