Никогаш повеќе. Косата ми се мрси повеќе отколку порано, а и краевите ми пукаат....залудно фрлени пари
Славната CURAPROX четка. не ме тепајте Кога прв пат ја пробав, начинот на кој што лежи на раката и аголот на легнување на забите, ме воодушеви, се осеќав ко најпрестижната четкичка во светот да ја имам. А и комбинацијата на бои што ја зедов, абе мераци, по сто пати дневно се миев. Ја имам веќе 4 месеци, а и за некоја недела треба да ја сменам време и е, долго размислував дали ќе ја купам повторно и изгледа ќе изберам друга четкичка наместо Curaprox. Ја зедов поради проблемите со непцата, ама не ми се допаѓа тоа што од задната страна нема гумичка што ја чисти цела слузница на устата, зашто заради тоа наутро се будам со лош здив. Забите ми се здрави, немам проблем со крајници, користам и конец и средство за плакнење, лакалут паста, имам алатче за чистење на јазик, пробав подолго да четкам и подолго да ја задржувам течноста во уста, да ја четкам и слузницата на образите нежно ама се е џабе. Сватив дека претходно го немав овој проблем, кога користев Colgate четкичка.
1.ЕОС лабело.Мислев дека се многу поубави од другите,ама немаат х од хидратација,барем мене така ми делуваше. 2.Балеа лосион од кокос.Кожата ја прави многу мека,ама мене ми оставаше грд мирис на облеката. 3.Dove крем за тело.Исто и овој крем ја прави нежна кожата,мека,но остава грд мирис на облеката. 4.Нивеа лосион за тело.Не ми одговара на ,мојата кожа,како да не ме хидрира доволно во споредба со некои други лосиони што ги имам користено. 5.Маслото на Гарниер.Чини околу 330 денари,150 милилитри.Го купив од ДМ.Исто и ова маслото остава многу грд мирис на облеката,дури по неколкупати перење помина. 6.Гарниер лосионот за екстремно сува кожа.Не ми се допаѓаше мирисот,ама сепак го купив(цена 250 денари).Тој другиот во зелено пакување од манго ми е поубав од овој. 7.Донтодент четката за заби од ДМ,100 денари.Премногу ми е мека и многу брзо се разделуваа влакната.
1. Гелов за миење лице на Нивеа. Многу ме печи лицето веднаш по нанесувањето. Ај првиот пат реков можеби дека ненавикнато на гелов и го оставив, вчера реков ај пак да му дадам шанса и пак исто. Со ниеден гел досега не ми се случило нешто вакво. 2. Повторно производ од Нивеа, део стик. Го зедов повеќе за при патување да немам проблем со рачниот багаж, но по 2-3 пати употреба го фрлив. Ај што не ми го спречува потењето но барем да ја неутрализира миризбата. Антиперспирантите пак од друга страна ми се омилени. 3. Самоостречкото моливче од Авон. Не остава многу боја а и таа што ја остава веднаш исчезнува. Око треба да извадам за да се познава нешто. 4. Пастите за заби на Колгејт. Воопшто не сум задоволна. Се миеш заби и после 5 минути како да не си измил. Ноу ноу. 5. И за крај некој погоре го спомна лосионот за тело на Балеа од кокос. Мене убаво ми мирисаше но само тоа, друго ништо посебно не приметив, дури и не ми се упиваше како што треба па пола производ се лепеше по облеката.
Bourjois Liner Feutre - незнам како се зезнав и го земав овој туш за очи на Буржуа , остава убава црна боја и е многу пигментиран ама за жал се пресликува на капаците иако пред секое нанесување на сенка или било што нанесувам база. Џабе дадени 500 денари
Баш чудно мене ми е ептен погодено. Мирисот е прекрасен но после некоја минута не го ни осеќам. Го ставам и како подлога за пудра и дава мн природен убав сјај на кожата.
@wannaBeMomma не знам, и јас наидувам на многу позитивни критики за маслото, така што се' повеќе почнувам да мислам дека конкретно со мојот производ нешто не било во ред. Како и да е, во мојот случај прекрасниот на почеток мирис подоцна се претвораше во нешто најодвратно, смрдеше буквално. Можеби ќе му дадам втора шанса за некое време, ама уште не сум спремна на тоа засега
@Rose96 знам баш ти го користиш и бидејќи ги обожавам производите на Буржуа реков шанса да му дадам. Претходно користев еден друг со тенка четкичка исто од Буржуа , од тој бев многу задоволна
Балеа маскава со активен јаглен. Воопшто не ми ги исчисти нечистотиите, за митисери да не збориме.. Потполно неефективна. Дефинитивно нема повторно да ја купам.
Aura Fix Me Катастрофа на катастрофите. Го светнува лицето, мириса ужасно ( буквално се гушев и секој што ќе се најде во иста просторија откако ќе го прснам), остава одвратен горчлив леплив вкус на усни што ни шампита не може да го побие, се пресликува туш на горниот капак, се собира сенка во преклопот... Буквално се прави, освен намената што му е. Напротив. Го мрси и светнува лицето и делува спротивно од тоа што му е работа. -100/10. А ич нејќам негативни рецензии да давам, ал кад се мора... Аura Prime me Ништо не прави. Ставила, не ставила исто ти се фаќа. Нема лош мирис, бела течност е, и за моево мрсно Т зониче не вршеше никаква работа. * Користам и течна пудра на Aura, Take Care Of Me, и со неа не сум нешто вау најпрезадоволна, али чекам да ја истрошам па да напишам детално мислење. Се на се, козметикава на Аура и баш не ме воодушеви. Следни акции и попусти во ДМ ќе избегнувам во широка рака.
The body shop - coconut exfoliating scrub Не сум задоволна воопшто од пилингов на Боди шоп , мириса убаво и тоа цела бања мириса од кога ќе се нанесе , но како воопшто да нема зрнца внатре чувството е како да нанесувате крема за тело , а не пилинг. Мене такви пилинзи не ми се допаѓаат , ова повеќе може да се нарече body polish , јас сакам јаки пилинзи буквално да ги осетам зрнцата и тоа колку може покрупни. И цената е премногу за пилингов , 250 мл е само , а и не врши никаква работа.. Цена - 16 евра The body shop - coconut body butter Кај путеров за тело од кокос , навистина имам забележано нешто чудно. Кога ќе ја отворам опаковката мириса навистина многу убаво , но од кога ќе го нанесам на кожата , тој мирис по некое време станува некако грозен , нема врска со кокос - исто така за летно време овие креми за тело од Боди шоп не ги препорачувам сите се многу тешки и не се впиваат воопшто (вчера пред да спијам ја нанесов кремата по нозете и еве сега уште осеќам дека не ми е впиена кремата во кожата) Цена - 50мл - 5 евра
Никогаш повторно не би ја користела,за акни е каде излегува ставаш (барем така ме информираа каде што ја купив)и го намалувала црвенилото а утрото се повлекувало што мене само повеќе ми се зголеми.
Ние дома со години ја користиме, и за изгореници, и за ранички, и за модрици, презадоволни сме, само нагласено е да не се излегува на сонце после ставање на кремава. Можеби не ти одговара на твојата кожа, што знам. Eveline Pure Control Washing gel+peeling+mask Јас сум од ова крајно незадоволна. Пред скоро година дена барав добар гел за миење на лицето, и планирав да земам еден од clean&clear. Ама до нив стоеше ова, и мајка ми ме убедуваше дека треба да е доста добро, пошто е на евелине и 3 во 1 дека е, и ајде решив да му дадам шанса. Мене ова ми го суши лицето, воопшто не ми се допаѓа какво чувство остава откако ќе го измиеш. А долг период го користев да видам случајно да не имам некаква разлика на лицево, ама ништо.
Пак ќе кажам каде што ја купив ми кажаа дека е за акни не споменаја други намени можеби би ми помогнала за изгореници и модрици и др да сим пробала, а сум ја ставала само навечер контакт со сонце не сум имала,можеби е до типот на кожа.
Во принцип цинк оксидот навистина ја смирува кожата и ги лекува акните. Сепак во состав на "Здраве" има и други состојки, многу од нив на база на нафтени деривати, така да веројатно те иритира некој од нив. Ако сакаш да пробаш крема со цинк оксид која сигурно не ја иритира кожата а го смирува црвенилото и акните, ти ја препорачувам од Corine De Farmе детската зелена крема која е на природна база. На неа всушност пишува дека е наменета за ублажување на иритациите од пелените но содржи високо количество на цинк оксид (на второ место е веднаш после водата), а цинк оксидот е тој кој ги смирува акните и иритациите. Кремата се става навечер, само на делот каде има акни, се држи како маска половина час до час, а потоа се брише за да не ја пресуши кожата. И оваа моја препорака е од лично искуство.