Од голден роуз сум главно задоволна, меѓутоа овој кармин тотално ме разочара. Устата ми е лом, два пати го купувам и тоа од две различни места и повторно истиот проблем. Еднаш и никогаш повеќе.
Освен убавиот мирис и практичнаото пакување, ништо друго убаво не видов кај шампонов. Косата ми ја прави многу крута, тешка и без сјај, а и многу брзо ми се мрси. Го фрлив уште по првото миење. Џабе фрлени толку пари. Убави нијанси, мирис, опаковка...но воопшто не ми се хидратантни. Ми ги сушат усните, и се бришат за многу брзо време.
Ziaja cocoa butter крема за раце поужасна крема за раце немам пробано, единствено добро е мирисот на кокос што се задржува неколку минути и толку, после рацете ми се посуви како воопшто да не сум ставила крема. Dior addict fluid stick Имам сјаеви на Диор од другите линии Milky tint и Lip maximizer па мислев и оваа линија ќе биде добра. Тотална утка. Бојата се разлева уште по еден саат носење. Пробав со моливче за уста, пробав под сјајот кармин се пробав ама не го бидува. Бојата е преубава ама текстурата прелеплива и се растекува. Malena day'n night matt lip colour На самото пакување пишува silky touch ама ова е далеку од тоа. Устата ми беше исушена и собрана по првиот слој одма после неколку минути а да не зборам за саат два од ставањето. Ми се ронеше од уста. Бојата и пигментираноста се супер.
Ги купив по препорака на членка. Ај што не вадат убаво, потоа носот цел ти е лепак никако не се чисти Катастрофа Путерот Алверде за коса Не му ја разбирам улогата освен да ти ја направи косата бетер.
Маскарата е од авон,многу е течна и ги слепува трепките,така си стои невозможно е да ја користиш.. И лаковите од essence,мнооогу бавно се сушат а до следниот ден не можат да издржат,веднаш се лупат.Катастрофа се.
MAC - Velvet teddy - Среќа , парфемов ми го имаа дадено во мал тестер , мирисот е толку јак што ми се гади кога ќе го нанесам , дефинитивно е чист промашај на Мак. Има сладок мирис и исто така мирисот ме потсеќа на мед и некои цвеќиња помешано.. Цена - околу 40 евра
Radiant Mat lasting lip color - Дојдов на темава да кажам збор два за кармините на Радиант. Имаат многу убави нијанси и бидејќи кај нас во Гр иако се грчки производи се прескапи - 15 евра еден кармин , решив кога ќе дојдам во Македонија да пробам еден. Од Космо земав еден во светло розева боја , бојата не ми се допадна како ми стои воопшто , треба време додека се исуши можам да кажам имам чекано и по 10 минути , по 2 недели забележав дека од страните кога е затворен карминот тече масло.. и го фрлив , тотално се разочарав. Не е евтин воопшто - 600 денари , за таа цена ќе земев 2 мат карминчиња на Аура и ќе бев презадоволна...
Ужас. Мирисот на алкохол се осеќа на километар. Нанесено на лице е исто ко лепак да сум ставила, премногу ми лепи и мириса гадно после минута-две.
Премногу јако за мојот нос! Вака кога го мириснав беше океј, ама кога ќе ставам мирисот е многу посилен. Е интересеното доаѓа кога ќе почнам да се потам. Мириса толку интензивно што главата ме боли. Е сега ако ви се допаѓа овој мирис и не ви сметаат јаки мириси - овој производ е најдобар избор.
Makeup Setting Spray од Avon Ужасно лепи на лице и на облека. Не се распрскува убаво. Подобро лак за коса да си испрскав!
Производов на Ла роше не даде никакво резултат на моево лице. Среќа што го земав во травел сајз. Го користам единствено за разладување на топливе денови
да не е до твојот? Мене баш ми се допаѓа воопшто не ми се лепи. Прскам неколку пати во форма на Х и баш убаво се распрскува го користам и како база и како фиксатор и пудрата на него баш убаво лежи. Не знам....
Можеби станува збор за утка во производство, ама не верувам дека би купила уште еден за да го тестирам тоа. Во секој случај, супер што тебе ти одговара
И мене ми се погоди убаво распрскува и фиксира. Не лепи добар е убаво лежи на шминка и не се ни осеќа,ниту пак да смета или да е здрвено лицето и ја прави шминката долготрајна Доколку сакате првут и чешање повелете на маскава Особено ако имате сува коса и кожа комотно може првут да фатите Единствено мајка ми не и направи проблем бидејки има мрсна кожа и коса, а татко ми си ставил баш (место балсам, можеби снемало и ајде да се проба маската! ) и дека има сува коса и почна да се чеша (како вошки да има ) и кога престана да става веднаш тоа му помина.. А истото и мене ме снајде бидејќи јас мора прва се да пробам башка густа долга и виткана коса во жешково кога ме фати една "јадајца" и кога се погледнав во огледало големи парчиња првут се изненадив подитно ја фрлив! Којзнае какви јаки хемикалиии има во неа штом предизвикува сушење и пукање на кожата! А за маслото од арган? Да не праиме муабет, ни 1% нема!... Сето лага.... Искрено не ја препорачувам на никого стварно е заникаде и од едно ставање дојде до тоа Едно и повеќе никогаш!
Тушот на Golden Rose cat eyes waterproof. Види го прикачениот фајл 333199 Види го прикачениот фајл 333200 Види го прикачениот фајл 333201 Кога го купив четката си беше океј, составот на тушот супер и таман се израдував дека конечно си најдов туш на место што стално ќе го купувам. Но, по отприлика 2 недели ова се случи со четката, ме разочара ептен, ама сепак не бев изненадена зошто на тестерот во нивната продавница четката изгледаше баш вака ко на сликите (а тоа е моменталната состојба на мојот туш). Изгледа некоја од состојките прави да се изменат влакната. Ајт во канта. Никогаш повеќе
Мицеларната вода на Garnier за комбинирана и мрсна кожа. Обичната со розево капаче и двофазната со жолто капаче ми се убедливо подобри од оваа. Не ми се погоди оваа од сликата - немам зборови за тоа како вади шминка, навистина со минимален број памукчиња ја снемува целата шминка од лицето и од очите без многу напор, но дури и откако темелно ќе измијам лице и очи со пена или гел, чувствувам масни остатоци од мицеларната вода особено на трепките. Ме печат и ми солзат очите, па дефинитивно не ми одговара и избегнувам контакт со очи. Кога би морала да бирам, жолтата ми е фаворит, без сомнеж.