Никогаш, никогаш повеќе! Се излажав поради арганот демек за поубава коса, на крај дур ја миев се уплетка цела, среќа маска и ставив иначе никогаш немаше да ја исчешлам
Чуството е исто како на лицето да сум напрскала лак за коса а мириса на медицински алкохол. Ја затегнува кожата, ја прави леплива и ужасно горчи на усните. Згора на се, распрскувачот испушта силен концентриран мраз, доволен око да истера. Во моментов единствено му најдов намена да го користам за фиксирање на веѓите така што прснувам на четкичето. Инаку вака за лице и шминка е катастрофа.
MAC- Skin refined zone Не сум задоволна од базата за лице на Мак , потврдувам дека ја матира кожата , а со тоа и дава на шминката повеќе трајност , пишуваше дека ги покрива порите , но мене во врска со ова не ми помогна. Исто не ми се допаѓа што е само 15мл.. Цена- 21 евро
Овие фарби се многу лоши.Имав купено 2 вкупно 700 денари и џабе си ги потрошив. Пишува на водена коса ја редиш а внатре светки има и не ни ја обојуваат косата. Потоа на сува пробав, истото. Од сината фарба креветот за никаде ми се направи, повеќе фарба на креветот имаше одколку на косата. Премногу лоши. Никогаш нема да ги купам пак
Истото ми се случи и решив да му дадам втора шанса затоа што првиот не го протресував пред употреба како што пишува на опаковката и мислам дека тоа е причината. Па да се надеваме дека ќе биде подобар
Лабело Еос Не вредат за парите, хидратација нула и одвратен мирис (пробав дури три пред да се откажам и да си се вратам на Нивеа )
Кремава за депилација. КАТАСТРОФА! Пишува да стои 2-3 минути, ја држев 10 на нога со ставен доволен слој и ништо.. Како со некоја друга крема да се имав намачкано ни малку влакната не ги поткина, УЖАС. И лентите не им се нешто нај нај, не корнат туку поткинуваат. Иако се поевтини (крема околу 80-90 а ленти 170) бегајте подалеку од нив!
Од лентите од истава фирма сум прилично задоволна, досега ми се најдобрите што сум ги користела за депилација на лице. Баш ме чуди што велиш дека поткинуваат, кај мене вадат сè од корен. Претходно користев Вит ленти и Цера ди Купра, ама секогаш остануваше по некое влакненце што морав со пинцета да го отстранам, со овие ленти не е така, чистат сè.
Потврда за лентите, и мене ми се подобри од Вит. Овие, од друга страна, се ужас. Со Афродита обично убаво искуство сум имала, ама со овој производ многу ме разочара. Прво, амбалажата е ко од ефтин порно филм. Второ, пишува Парабен Фри на сто јазици. Внатре има антибактериски гел за после депилација, и погодете што има во составот: парабени. Го пишува составот на кутивчето. Стварно разочарувачки. И самите ленти не се добри.
И мене ми се убави лентите, многу поубави од Вит, ама кремава ми се чини и 2 часа да ја држам ни едно влакно нема да ми отстрани. Јас од овие не сум задоволна, цела ме исфрли, а никогаш не сум имала проблем со депилирање.
А дали претходно ставаш безбоен лак пред да се излакираш? Бидејќи и јас користам гр лак моментално, црвен е мириса првите 2-3 дена како роза, мн е убав и ми трае 3-4 недели без да се лупи. Ама претходно ставам безбоен лак на ноктите. Иначе јас не би купила било кој Wash and Go шампон. Кога имав мрсна коса со повремен првут ги користев нивните шампони кои дополнително го отежнуваа проблемот. Престанав да ги користам, престана и првутот и косата не ми беше толку мрсна како претходно. За среќа сега имам здрава коса без првут и маснотии.
Не сум ставала безбоен никогаш. Вчера купив еден лиљаков од оние во коцкасто шише. Катастрофа жива. 4 слоја ставив за да добијам рамномерна боја. Никогаш више нема да купам лак од гр дефинитивно. Инаку, кој шампон? И јас си имам проблеми со првутот. Моментално ко користам на балеа против првут ама многу ми ја мрси косата..
Jas sekogash stavam bezboen lak prvo bezrazlika dali koristam umbrella lakovi ili ovie od gr ili drugi. Stavam 2 sloja i zadovolna sum. A za shamponot, koristam shampon od breza (ponekogash i kopriva) koj e za site tipovi na kosa. Se mijam so mn mlaka do ladna voda.
Само што мислев негативно да го искритикувам, гледам некој веќе го сторил тоа. И јас скоро го купив и ми се случи потполно истото. Тушот инаку е супер. Проблем е четката. По само неколку употреби целата се расцвета и не ја бива за ништо .