Пудрава е ужас... Ја купив со помисла ај на органско да преминам ама ЏАБЕ. Како прво текстурата на лице е многу чудна разнесувањето низ цело лице невозможно, еден дел ви е жолт друг воопшто не е покриен. Буквално после саат време светите како лампион и од близу личи како со аргета да сте се нашлапале... Ми го умрси цело лице и се нафрлав само за два дена... Не си ги фрлајте парите залудно
Пудрава не е наменета за масна кожа - иако е мн покривна за масна кожа сигурно не е и јас лани се уверив во тоа мат пудра од Алверде е оваа и да ти кажам се изненадив од трајноста и покрај тоа што е органска пудра
Можеби е и до тоа проблемот но отсекогаш сум била скептична за овие алверде. Кремата ми се погоди и се улетав одма и по пудра иако од декоративната коректор кармини и моливчиња не ми се погодиле.
Освен тој со мирис на мед и млеко, другиве се катастрофа. Особено тој со мирис на цреша или што и да е...На сѐ мириса, само на цреша не. Пастава не вреди ни 5 пари. Едвај пена прави, како заби да не сум измила. Бадијала пари фрлив на кремава. Читав многу позитивни коментари, едвај чекав да ја купам. Малку ме пецкаше кога ќе ставев на лицето, истото и на мајка ми ѝ се случуваше. Имаше помала покривност од очекуваното, а и само 3 нијанси мислам дека беа, никако не можев да си погодам. Премногу мрсно, чудна текстура и непријатен мирис. Ми се собираше под очите кога ќе ставев и изгледав неколку години постаро. За мој тип на кожа дефинитивно не се, а и тешко се размачкуваа.
Кремава од Oriflame - love nature day cream... Не е воопшто хидрантна. Веднаш се упива и после 10 минути повторно кожата е сува како Сахара Перливе од Avon... Иако се нежни, не се појавуваат на лице воопшто. Морав да ги искршам и така да ги користам за да има пигментација. И премногу светки. Ама морам да признаам, дека навистина многу време ќе ти треба за да ги искористиш целосно.
Се согласувам со тебе за последниве два производа и јас ке ги искритикувам... Коректорот алверде мрсно што не се ни фиксира на кожата ниту врши функција на коректор, а и катрис палетчево барем мене ниедно не ми се погоди особено зеленото и последните две кои ги користев за сокривање на црвенило, ми ја перутат кожата и не се размачкуваат. Единствено кафеното што го користев за така дневна посуптилна контура и океј се покажа.
LUSH - 9to5 Како се зезнав поготово што го земав најголемото пакувње бев сигурна во себе дека ќе ми се допадне ама.. Шминката ја вади убаво , не ми ја размачкува - иако е како крема , но од кога ќе ја извадам шминката чувствувам печење во очите дури и солзење. Не би го купила повторно
Крема што не верувам да е за мрсно лице.. Ми го исфрли лицето, сигурна сум дека е од кремава,ништо немам друго сменето. Ми се појавија огромни акни на брадата и на челото Очекував многу од кремава ама ништо, моја препорака не ја земајте
За белеење може функционира, ама што се однесува до свежината по миењето, најлоша од сите користени... скоро и да не се осеќа дека сум измила заби. Ментол бонбона повеќе свежина дава.
Спрејовите за тело (дезодорансите) од Авон во еден од изминатите каталози беа на намалување, па одлучив да земам два, Little black dress и Pur blanca. Не само што не се трајни и немаат пријатен мирис,туку и предизвикуваат кашлица при распрскување. И двата ми мирисаат исто, само на алкохол и ништо парфимирано. Полош дезодоранс не сум користела и никогаш повеќе не би ги купила.
За ништо не ја бива, демек негува, а само ме печеа рацете на испуканите места, воедно има некоја чудна текстура. Не ја препорачувам
Го добив на подарок. Мириса убаво, но како дезедоранс воопшто не си ја врши работата. Ставив неколку пати, и кожата почна веднаш да ми се поти, и испушташе некој чуден мирис. Не би го купила.