Земи ја розевата пена. Мене подобра ми е од сината. Да не сум офтопик: Една недела нема откако ја отворив кутијата, а пред некој ден кога сакав да ги употребам толку лепливи беа и очи ме печеа од нив, право во канта завршија.
Никогаш повеќе. Косата никогаш не ми била толку нескротлива и разлетана. Плус, треба 500 саати да ја плакнеш косата за да се измие скроз за да не биде леплива од регенераторот што го содржи. Исто прави косата побрзо да се мрси. Што би рекле, колку пари-толку музика. А баш се израдував за аргановото масло што го содржи.
За жал. Ја купив дека е многу фалена и се надевав на многу добар ефект. Четката е голема, секогаш кога ставам знам да се извалкам. Ај тоа не е толку страшно, можеби дава некој волумен, но ми ги лепи трепките една за друга, воопшто не ги одделува, воопшто не ми ги поткрева, и понекогаш ми се пресликува. Сум купувала поефтини маскари кои биле доста подобри од оваа. Не би ја купила повторно.
Супер е темава, ама лошо е што некој ќе прочита за некој производ дека не чини т.е дека вас не ви чинел и не би се осмелил да го купи, како што направив и јас за една пудра и сосем случајно другарка ја имаше и немав избор морав да ставам од нејзе и поубава пудра во живот не сум видела.. Секој има различен вкус, различна кожа, коса..
Имам спуштени трепки, маскарава не само што не ги крена туку уште поише ми ги спушти трепките. Волумен 0 и многу е течна. Не можев да ја најдам конректната нијанса што ја имав. Боја не пушта воопшто, со прст ако се земе од сенката останува само на прстот не се пренесува на око, со четкичка па ич. Пробав дури и со намокрена четка/прст, нема ефект ни така. Помрсна сенка е, не е прашкаста воопшто. Ова го земав од пусти мерак што беше 85 денари. Не го бива воопшто, не е прецизен (барем за мене). Го користам само ако треба да пополнам некои делови со црно, у превод го дотрошувам. Пудрава и коректоров упорно 4 пати може ги имам купено за џабе. Јас сум многу бледа и кога ќе ставам капка од коректорот за на факултет под очи или на некои бубуљички се познава како портокалова дамка и ме чешаат очите. Пудрава ја користев само за вечерно искачање и тоа многу малце бидејќи ми се прават лушпи на лицето. И конечно научив, оваа пудра за суво лице- ГОЛЕМО НЕ. Баш ми направија скандал на очиве, ко со хлор да сум ги мачкала не со римел. Едвај гледав од што ме печеа + во комбинација со Катрис коректорот можете да замислите. Го земав овој кога имаше понуда 1+1 гратис, не е лоша формулата и начинот на кој ги витка трепките ама мене не ми одговара Не знам како и зашто овој производ се најде во мојата бања. Мирисот му е океј, ама кога го мачкам по телото како пена прави и воопшто не се упива. Морам да утапкам со хартија прво па да облечам нешто. Обично крајот го краси делото ама во овој случај не. Напротив, толку сум згадена од купкава за тело не се опишува. Ги земав баш вака во комплет, бидејќи знаев дека дезодорансот е убав и убаво мириса имав добри очекувања и за купкава. Мене ми мириса на сируп (амоксиклав мислам беше) и мислам ќе повратев првиот пат кога го користев.
Април месец , купив доста работи од Lush , но останав разочарана од сапуните и пилингот за тело. Го купив пилингот за тело Cherriyish , на почетокот многу ми се допадна бидејќи е јак пилинг , по бањање кожата меа премека ми беше , а мириса фантастично , но не би го купила пак зашто по некое време приметив дека почна да се раздробува на големи парчиња и се расипа. А го чував добро во нивната лимена кутија. Во врска со сапуните , го земав тој со морков , carrot soap , овој сапун се продаваше баш за Велигден , истовремено го земав и Honey I washed my kids , но откако ќе се измијам премногу ми ја сушеја кожата , и сега веќе не ги користам. А штета , баш убаво мирисаат. Според мене на Лаш само течните гелови за туширање им вредат , ама па се прескапи..
Ужас! Стоматологот ми ја препорача затоа што имам парадентоза. Во истиот момент кога дојде во допир со непцата почувствував неподнослива болка која траеше добар саат време по темелното плакнење на устата.
Тушот за очи од Аура - Wing it up. Наменет е за осетливи очи, немам замерка околу тоа воопшто. Четката е прекрасна, мислам дека досега оваа најмногу ми одговарала при нанесувањето и многу лесно успевам да извлечам опавче со различна дебелина. Меѓутоа, на моите очи премногу се пресликува. За споредба, со тушот од Есенс немам потреба да нанесувам ниту база, ниту фиксатор - не мрда цел ден. Овој ми се пресликува дури и со база, фиксатор и што ли уште не. Да не зборам која комедија е кога го оставам без ништо - за два саати почнувам да личам на панда. : ))))
Многу се јаки и двете партали ги прават непцата. И таа тука што ја купуваме не е германската Лакалут. Господ знае што има во пастата.
Може кај секој различно делува или пак има врска со степенот на зафатеност на парадентозата... не знам Јас имам трауми од неа.
Можеби треба да бидеш упорна. Почни со најмала количина, стави на специјализирана четка со меки влакна за осетливи непца или пак триј умерено/намачкај со прст на почетокот. Како што минува времето зголемувај ја дозата. Ако не бива, канта
Raf ne mozhe prijatel samo onaka naprazno da se zbori koja e podobra a koja ne. Jas godini koristev lacalut aktiv i mnogu bev zadovolen,a poslednive 2 godini koristam parodontax so fluorid i nemam zbor losh da kazham. Naprotiv da napomenam,bash gi smiruvaat nepcata,a ne gi pravat nikakvi partali