Дефинитивно се откажувам од сите производи на Нивеа. Порано беа поим за ефтина и квалитетна козметика, ама во последниве години не знам како толку успеаа да ги заебат сите производи. Барем кај мене нема да се гураат на стара слава! Тотално сум разочарана од лосионите за тело, убаво мирисаат, ама повеќето како да лепат додека да се исушат. Последно му дадов шанса на ова Спојлер Погрди лабела не сум користела. Никаква хидратација, ми ја исушија устата, плус поголем дел од лабелата оставаат некоја грда розеникава трага. Една голема нула! Шампоните исто. Или ми ја прават косата како стиропор, или се толку агресивни што скалпот почнува да ме чеша ненормално. Геловите за туширање многу убаво мирисаа порано, не знам и тие ми се чудни сега некако. Колку му се израдував на cashmere moments, го купив после неколку години да се потсетам на прекрасниот мирис, ама ни одалеку не беше со тој интензитет. Спојлер Геловите за интимна хигиена, не се осудувам да ги користам повеќе. Очигледно се и тие преагресивни за мојата кожа. Антиперспирантите добро си ја вршат работата, ама како што прочитав и некоја друга форумџика низ темиве...се осеќам како жлездите да ми се изиритирани. Секогаш кога користам нивеа почнувам да добивам некои болки и непријатно чувство. Се на се, после милион непријатни искуства со производите на Нивеа...завршиш со нив за цел живот!
не би купила аутан стик http://stokovaborsa.com/products_photos ... 95_big.jpg не би купила c-true од парфемов http://www.punmiris.com/images/secundar/o.15118.jpg И еден шампон не ми текнува како се викаше.
Оваа маскара од Орифлејм,за никаде.Ептен брзо ми се исуши,а ефекти никакви.Имав ваква дводелна маскара од некоја чкљ фирма за 80 денари и стопати подобра беше.
Не би го купила кремот од Nivea Visage - Natural Beauty. Го купив пред неколку месеци, ставив на лице и не се упива воопшто, стои како маска и ако го допрам лицето сучки се прават. Долго време го имам не знам што да му правам, не можам ни како крем за раце да го користам зошто воопшто не се упива во кожата, па најверојатно ќе го фрлам. Катасрофа е
Oriflame Wonder Lipstick - ( Total Nude ) Бојата ужас,текстурата уште поужасна,трајноста исто. Се разочарав ептен Оваа не е нуд нијанса него е бела! Која патем ги истакнува сите можни линии на устата и се собира околу нив. Единствено чаре е со потемна боја на молив за усни или кармин да се измеша и барем личи на нешто .. Нешто како ова изгледа,ма и полошо. Бледо бледо,мислиш бел молив на уста си ставил Оваа линија на кармини им е понова и боите изгледаат преубави,па затоа реков да пробам. Дали сум го земала ептен погрешниот кармин од сите останати незнам,ама овој е никаков
Не би го купила лосионот за тело на Garnier со шеа путер за многу сува кожа,не се впива брзо и не ми мириса убаво,а и од други нивни производи не сум задоволна,не препорачувам
повторно не би го купила тушот на oriflame што е како пенкало мн брзо се суши и повеќе личи на моливче отколку на туш
Си имаш шампон кој може и над 5 години го користиш и одеднаш нова опаковка и нова цена. Ај тоа, него јас бев сигурна дека имам вошки. Таква иритација и чешање на кожата на темето имав, да јас како мајмум се чешав на 5 минути. Ужас!!! Ми го уништија најубавиот шампон. А да не зборам од чешање и колку перут дека имав. Секоја коса и теме е различно не викам не, ама од шампон 10ка, направија шампон кец чисти! И колешка моја ја гледам се чеша за косата и викам што ти е? Ме чеша ужасно, ко да го расипаа жолтиот Елсеве шампон. Значи не бев единствена со проблемот. Да ти се сневиди во Лореал и нивните нови формули и опаковки. Срање. Неможев после да си ја оправам со месеци косата т.е. темето да го смирам, среќа најдов сега шампон и среќна сум што не се чешкам. Иначе главата ќе си ја извадев од чешање. Џабе и аспирини и масла за првути и смирување ништо не помагаше
овој кремот од авон solutions за мрсна и комбинирана кожа,како гел што е,ми излезе страшна алергија од него на лицето,така ми стои дома,ако сака некој ке му го дадам
Има, има... само треба да почекаш некое време убаво да се упие кремот за да дојдат светките до израз. Баш се дискретни, не верувам дека сакаш да бидеш „нова година“... дај му уште една шанса
Го купив за да сменам малце од камиличните шампони, и комплет се заебав :geek: Ништо, ко немиена да е косата, катастрофа Отсега ќе си бркам шампони во поголеми маркети