Овој. Веќе со прво користење ми ја исуши и затегна кожата на лицето и еве веќе два дена не можам да си го доведам во ред. Уствари колку пари толку музика. Со кој памет мислев дека ќе ми одговара не знам, ама знам дека од балеа произод за лице ниеден не ми се погодил.
Дезодорансот Dove без алуминиум. Спречуваше потење до одреден степен ама ниеден дезодоранс ме нема усмрдено толку. Убавиот мирис кај мене трае едно 4-5 часа максимум, после само на пот мириса.
catr_velvet_matt_lip_cream_0716_10horzhorz.jpg Catrice velvet matt lip cream Ова воопшто не е мат. Првиот пат мислев дека му треба малце време за да се подзасуши и да се матира ама не бре тоа сјае и после три часа исто како на почетокот.
Balea тоник за чувствителна кожа Tоникот беше пофален на форумот и јас го купив. Најпрво мирисот не ми се допадна, а потоа видов дека прави пена кога го нанесувам на лице. Ниту еден тоник што сум го користела не правел пена. По некое време повторно му дадов шанса, но ме разочара. За разлика од тоников, пената за миење лице од истата линија е предобра. Sundance лосион за самопотемнување Со овој лосион треба да бидете претпазливи бидејќи можете да завршите како oompa loompa (спојлер). Спојлер Лосионот мириса премногу хемиски. И покрај тоа што ги следев инструкциите и направив пилинг пред да го нанесам, кожата на колената и горниот дел од стапалата ми беше портокалова и без рамномерен тен. Доколку се нанесе во еден слој се добива нежна боја. Ако сакате да ризикувате со животот ќе ставите два слоја (пример по еден слој наутро и навечер) и нозете ќе ви бидат портокалови и дланките шарени. При тоа, збогувајте се од носењето светли панталони/фармерки зошто бојата ќе се пренесе на нив.
1: s.he stylezone лак за нокти Поужасно нешто не постои. Го видов сега во несесерот додека се лакирав и ми текна купен ми е од поодамна сега може ја смениле и амбалажата и квалитетот не сум видела. Имам некоја бледо розева нијанса, има прелоша текстура ( течен е, а во моментот кога ќе го нанесеш е густ, прави топчиња меурчиња,нема шанси да го размачкаш, а и откако ке успеам некако не личи на ништо ) . Сум пробувала и 1 и 2 и 5 слоја и џабе. 2: Сатва лосион за целулит Го користам веќе скоро 2 месеци и не приметувам ништо освен тоа што целулитот се повеќе и повеќе ми се познава Прочитав тука дека така и требало да биде за на крај целосно да исчезне ама ќе видиме
Погрдо пакување не постои! Оваа линија на кармини треба да се забрани. Капакот со селотејп го стегнав и пак се вади. Несесерот го перам не знам колку пати.А морам да го носам карминот со мене, оти многу траен не е. Дури не ни бои убаво, во внатрешниот дел на усните. Едино бојата е добра, интензивно корална.
Dior show volume lash mascara Не сум воопшто задоволна од маскарава , ниту ги витка ниту волумен дава буквално не прави ништо. Џабе фрлени пари Victoria Secret Love spell body mist Спрејчево кога го мирисаш од шишето мириса убаво - но откако ќе се прснеш мириса како средство за чистење подови Дури двапати луѓе имаа искоментирано на работа (а не знаеа дека јас се имам прскано), - кој чистел со средство за подови не го препорачувам и никогаш веќе не би земала вакв спреј за тело од ВС
Дефинитивно ова е производ што никогаш повеќе нема да го купам. Кога ја мијам косата ми е убава се до маредниот ден значи одма почнува да ми се мрси. Го земав за да ми ја опорави малце косата пошто не беше во многу добра состојба ама мислам дека шампонов ја докрајчи. Ужас. Дефинитивно нрма веќе никогаш да го купам и не ви го препорачувам воопшто освен убавиот мирис нема ништо друго убаво кај шампонов.
Од дезодорансов и пудрата за коса на Балеа не сум воопшто задоволна , дезодорансот не штити воопшто (касно видов кога Мишела пишала дека не е воопшто добар но ајде 70 ден само беше), а пудрава за коса ја лепи ненормално косата ,наместо да и даде волумен уште толку ја слепува , како лепак да имаш на косата. А колку се радував кога ја купив , единствено мириса префектно цветно ама ете џабе!!
Значи кремава е многу лесна ама кога ќе ја нанесев на лицето некако како да ми жежеше и утредента ми излегуваа гнојни бубулици. Ужас, џабе фрлени пари.
На моето лице па оваа крема е најубавото нешто што му се случило. Ја користам под пудра и пудрата преубаво легнува врз неа. Не матира којзнае колку ама за мојот тип на кожа е доволно. А баш читам многу девојки не се задоволни .
Најгрозното нешто што сум го купила до сега !!!!!! Нијансата е light to medium претемна и портокалова , покривност 0 барем до 1 да имаше ужас !! Исто е чувството како да се мачкате со обична крема е така и со таа само што ќе имате портокалови флеки по лицето , а толку е течна и мрсна!!!! Не ја препорачувам никако ќе прежалам 450 денари
Јас го користам овој спреј на ВС од стара амбалажа и многу ми се допаѓа мирисот. Исто така го имам и во нова амбалажа и мислам дека е еден од поубавите. Се е прашање на вкус, пробај го ако сакаш црвено-жолтиот може ќе ти се допадне.
1. Мицеларна вода Балеа Првично ја користев за целосно да ја отстранам шминката, но лицето по вадењето ми беше како затегнато па затоа ја користев само за очите. Пече премногу, маскарата ја прави како грутки и воопшто не отстранува убаво. Се чудев и зошто при чистењто се прави мала пена, никогаш ниедна миц.вода не ми била таква. 2. Афродита крема со невен Сакав некоја убава крема за нега на лицето, некоја хранлива и смирувачка па се одлучив за оваа. Лесна е, брзо упива и лицето е многу меко, но мене премногу ми ги затвори порите и ми се нафрли лицето откако почнав да ја користам. За оние кои имаат масна кожа со акни, митисери не ја препорачувам. 3. Балеа крема со овошна киселина Го користам 3 во 1 гелот од оваа линија на Балеа па сакав да ја испробам и кремава. Ја нанесував пред спиење, лицето го матира но истовремено остава леплив филм над кожата што воопшто не ми се допадна. Утредента имав преситни гнојни акнички кај челото образите и брадата. Не продолжив со користење бидејќи како што кажав, не поднесувам кога имам леплив филм над кожата, имам чувство како сите нечистотии да ми се лепат за кожата. 4. Сиен бб крем Мислам дека ова е најлошата бб крема што ја имам купено. Ја купив набрзина без да прогуглам нешто повеќе околу неа. Јас земав медиум нијанса бидејќи бев исончана ама ја утнав, но покрај тоа текстурата е премногу лоша и не може да се распредели убаво и за 5 минуту бев буквално портокалова. Исто и мирисот ми е многу чуден. Памет за друг пат да не си се залетувам одма.
Дефинитивно оваа ББ крема. Демек за мрсна кожа. Ја користев некои 5 - 6 дена и целото лице ми се нафрли со огромни акни, кои станаа грозни. И еве, после скоро месец, уште не можам да си го управам лицето. А, не сакам ни да зборувам за тоа што нема никаква покривност, и дава уште поголем сјај на кожата. Ужас.