За акни не помага воопшто (а намената на крем гелот е таа) иако имам комбинирана кожа ми го пресушуваше лицето и го осеќав затегнато. Кремот ми се покажа одличен истрошив од него две кутии, но кога дознав што се содржи внатре...КАТАСТРОФА
Леле за кремот исто..ептен ми е убав, и мирис и структура и на кожата ми е одличен, ама составот никаков..
Имам користено ми ги засушува само ама целосно не се губат, а за редовна употреба лицето ми го сушат многу.
Балеа скраб Сигурно сте ги забележале новите скрабови од Балеа во кесичка. Чинат 79 денари и во една кесичка има 40 грама производ. Јас го купив скработ од кафе и кокос. Освен што има преубав мирис воопшто не ми се допадна. Прво поради малата грамажа, а второ поради трекстурата. Скработ е премногу сув и не можам убаво да го нанесам на мокра кожа. Гранулите ми се истурија по кадата и на мене не остана скоро ништо. Кожата не ми е мека бидејќи содржи многу мала количина на масло. Еве слика како изгледа: (веднаш го претурив во тегличка бидејќи така ми е попрактично за користење и е заштитен од влагата во бања) Значи, измешајте шеќер, кафе, кокосово масло и voila - домашен пилинг за ич пари и по сопствен вкус. Скработ го купив бидејќи ме мрзеше да направам домашен, но на крај си отворив дупла работа.
Скрабовиве и оние поскапи што беа до кај 1000 се најголемата глупост што некој може да ја купи..Да купуваш талог од кафе што и онака го пиеш секој ден ..нема поента не трошете пари за вакви ствари ..
Не би дала 1000 денари за скраб па што сака нека биде. Колку шеќер, кафе и масло можеш да купиш за тие пари за да направиш краен продукт кој би траел со месеци. Во последно време Балеа ме привлекуваат со интересните дизајни на производите, но ретко нешто да било солидно.
Леле истоо..купувам само поради дизајнот а од Балеа колку производи имам купено ништоо..не ги бива освен млеката за тело.Толку.
Антиперспирантите од Балеа, зборувам за оние што последниот период се на акција 69 денари. Катастрофа ниту штитат, мирисот им е премногу јак дури на грло удира. Среќа што купив само еден за проба, инаку ако земев повеќе квалитетно ќе се зафркнев. И општо од производи на Балеа не сум задоволна имам земено и дезедоранси, спрејче, ласиони, гелови, шампон и балсам само амбалажата е привлечна а немаат квалитет. Сеедно, колку пари толку музика. Шампонот Глис од кам тој црниот значи катастрофа. Повеќе првут во животот не сум имала и премногу ме чешаше главата и 5 саати после миење косата ми беше мрсна. Плус има густа формула едвај се нанесува, не прави пена и треба 2 саати да се плакне косата за убаво да се измие од шамонот. Значи катастрофа, еднаш и никогаш повеќе.
1: Маска за коса Калос од боровинка Ова е најужасната маска за коса досега што ја имам користено. Претходно ја имав таа од кавијар од истата линија и беше предобра, топло ви ја препорачувам Иако имаат лош состав, оваа од кавијар ја хранеше мојата коса, помалку ми цветаа врвовите, преубав мирис и се што треба за една маска да си ја врши функцијата. ама јас ко јас си решив да пробам друга има ужасен мирис ( како на фарба за коса ), ми ја разлетува косата, воопшто не ја храни, ми изгледа како да e "умрена", никаков сјај не добива, тешко се чешла и има поинаква структура него претходната, чудна е некако за разлика од неа. Дефинитивно е најевтина на пазарот, за 170 ден ( а често се и на акции ) добивате 1000мл производ, ама токму оваа боровинкава.. никад више 2: Рексона дезодоранс Инвизибл мај ес . На бело остава флеки на црно ич да не правиме муабет . А сум имала дезодоранси кои не се назначени со инвизибл а НИКОГАШ не оставиле флека..Освен тоа и не си ја врши функцијата, пробав и со поголема количина и се ама едноставно не " држи ". Го земав големиот 200мл од зегин 115 денари. 3: Авон алое крема Кремава е од големите ( раце,лице, тело ) и редовно ја користам за тело и никогаш немав проблем. Убав мирис, лесно се впива, храни, смирува црвенило. АМА не знам што ми текна да почнам да ја ставам под пудра лицево ми полуде, ми се исфрли целото со огромни акни за само 2 дена, едвај го опраив Едит: ја земав околу 99 ден на попуст, 400мл.
Овој сув шампон од Балеа. Па како за белја, купив два. Не ми се допаѓа и не би го купила никогаш повеќе. Како прво - мириса на некои цвеќиња, ама мирисот е пренападен. И жити мирисот што останува во коса, ефект никаков. Исто како да сум нашприцала некој освежувач за просторија, а не сув шампон. Друго, не ја редуцира/маскира маснотијата и ја прави косата тешка. По нанесувањето изгледа како тесто и мислам дури повеќе ја мрси косата отколку што е реално измрсена. Многу лош производ, и тие 99 денари му се многу.
Јас пак сум задоволна од овој шампон. Обичните на Балеа ми се ужасни, ама овој ми е топ погоден. Мирисот е малку јак да, но не ми пречи, исто така ми ја покрива маснотијата, не ми се лепи. Кој знае што се случува. Инаку и јас купив уште еден резерва, се надевам ќе издржи уште малку да не ме разочара
Јас погрд сув шампон од овој немам користено. Мирисот сеедно ми е каков е, ама порадо би сакала да има некаков ефект отколку да мириса на цвеќиња, ливади и виножита. Сеедно е дали сум ставила или не, косата изгледа сосема исто, ефект нула. Обичниот за светла коса ми е супер, ќе се вратам на него.
Спреј за покривање на седи влакна Reelle Спрејот е премногу течен, одвај се познава бојата (во мојот случај црна), па поради ваквиот недостаток не се покриваат седите влакна. Од тие причини го комбинирам со карминот од Голден Роуз додека не го потрошам. Има непрактичен распрскувач со кој е оневозможено рамномерно нанесување по патецот на косата, па тоа дополнително ја отежнува постапката. Се распрскува по челото, раката, ентериерот околу огледалото, само не на косата Цената е околу 230 ден. но со намалување го земав 169 ден од ДМ. Првпат го купувам и повеќе никогаш. Ќе се вратам на карминот кој е најдобар за оваа намена, иако бара почесто чешлање за да не се спласнува косата.
Каков кармин @poenta ? Мене ми рекоа посебна као маскара имало, ама не ми текна да побарам. Ниту пастата за одржување од лореал мене не ми помага. Спреј такоџе.
Исто и јас можам да кажам дека сум повеќе задоволна од овој отколку од обичниот затоа што многу повеќе волумен ми дава и не ми ја лепи туку напротив баш убаво ја подига како да сум ја тапирала. За разлика од обичниот на Балеа, со овој шампон дури и 2 дена плус можам да ја носам косата што ретко се случува ама кога сум фул со обврски имам пробано и стварно ми држи што е зачудувачки.. А за мирисот, па и не ми пречи, дечко ми дури искоментира дека мирисам на некое убаво чоколадо