@Kimberly11 исто, ич не сум задоволна ни од мицеларнава за лице, а ни од отстранувачот за шминка за очи од истата линија. Оливал се 100 пати подобри, а и поевтини мислам
Ужасни се шампониве од цела линија..косата како неизмиена ја прави и мн првут. Само првут многуу прави никогаш веќе
@*Ench@nted* ако си во Мк.не знам, јас таква слична земам од лидл, cien soft, а моментално на виви верде имам земано.. @ludamaja10 па во составот има многу работи кои не се добри да се нанесуваат на кожата, можат да направат повеќе штета одколку корист..еве го составот
А да пробаш со спрејот на лореал? Јас го имав овој и после прво пробување го фрлив затоа што воопшто не покрива. Карминот многу ја мрси косата, а спрејот на лореал комплетно ги покрива седите влакна, мене ми се погоди ептен.
Одамна размислувам за тој спреј, ама по препораката ќе му дадам шанса. Ми треба добар производ за да го одложам честото бојадисување на коренот. Фала
Мене ми покрива одлично, и нијансите се добри. Само малку ќе внимаваш на распрскувачот за да не си го исфарбаш и челото иако со сапун лесно се мие
Знам не е за тело ова ама никогаш повеќе не би го купила на Clean&Clear кремот за лице Dual Action oil-free Работеше негде месец дена иако знаеше да пецне па после да излезе акна таму ама ептен ми го исфрли лицето и две месеци подоцна уште го средувам од нив.
Ај ако може без слики: -ленти за депилација од Кам, само таму ги има, некоја нивна марка. Жива катастрофа се, ништо не вадат, дури може кожа да ти олупат, ама ни едно единствено влакно нема да излези И цел восок останува на кожата, после треба да се рибаш убаво. -обичниот бекутан сапун - не знам како е бебешки, кога ненормално многу ја суши кожата. Како некоја најпроста хемија да е во него. Тој со лаванда и бадем подобар е малку. -Биотен ЦЦ крем - има премногу алкохол во себе, ја суши кожата -Биотен крема за лице - хидратантам, ама уствари ја суши кожата, како ич да нема во себе квалитетни состојки, а на амбалажата чуда пишуваа (генерално Биотен не ми се квалитетни) -Мед и млеко крема за лице од Орифлеим - иако лосионот за тело им е одличен и преубаво мириса, кремот за лице за сува кожа воопшто не даваше хидратација и нега. -Авон за лак со песок ефект - како со кал да си мачкана, најкатастрофален изглед. -Сајос шампон - иако докажан катастрофа, пак му дадов шанса, косата е едноставно премрсна, разлетана и мнооогу чудна ја прави. Никогаш повеќе не го купувам.
Lush Snow fairy - body conditioner Среќа го имав во мала количина производов (ми го дадоа како подарок од Лаш) , а бев љубопитна да испробам некогаш нешто вакво , едно големо НЕ од мене , структурата е како крема , и кога ќе треба да се измиеш со вода , не се мие лесно и останува на кожата, при допир имам чувство како да сум се мачкала со вазелин.. мирисот е феноменален , но овој тип на гелови не ми се допаѓа. MAC Soft ochre pain pot Сакам да прашам има ли некоја од вас што го користела ова? Јас го купив пред месец дена , се декларира како сенка за очи ама ми кажаа а и како што читам од разни блогерки , може да се користи и како база за сенка. Така и го користам , како база под сенката , но изгледа не е за масни капаци како моите сенката се собира и брише како да немам ставано база. Минатото што го имав на NYX беше предобро и поефтино , ова дефинитивно не вреди за парите Ја имам нијансата Sfot ochre и кога ќе го нанесам на почетокот навистина убаво се блендаат сенките над него , но не е воопшто трајно.
Ова е за масна кожа. Пре-суво е и ако имате сува кожа, ќе ви ја истакне секоја можна брчка на лицето. Плус боите се розеникави, па ликот ќе биде како тазе изгорена од сонце Дефинитивно направив погрешен избор.
Ептен се разочарав, не трае ни 10 минути по нанесувањето, џабе фрлени пари. Рексоната ми беше незаменлива, ама гледав дека составот не е баш најдобар, би сакала да користам нешто со поздравa формула, конкретно стикови, ваши предлози добро би ми дошле.
Колку сум разочарана од ова,а си фрлив 300 и нешто денари...не 24 часа ни 2 часа не држи.Замирисува како ништо да не си ставила.И нанесувањето е проблематично,роло-топчето многу тешко се врти ,и треба баш да притискаш. Не знам зошто уште го чувам.
Мене ептен ми помага. До утре дента намалени се бубуличките скроз * Пробај го путерот од какао од Авон. Предобар е.
Леле овие како ги тролав за стикот затоа што имаа напишано дека може да се раствара во вода и да се пие, а може и како дезодоранс
Тоа им имав јас пишано, дека од кога се искористи како стик дезодоранс може да се остави во вода, таман убаво ароматичен чај ќе излезе Па ми пишаа да не ширам дезиндормации, не се ставало директ каменот, требало во вода да се раствори па да се прска со шишенце под пазуви. Јас пак им се изнасмеав ама ајде
Не е точно. На амбалажата пишува само да се измие. Како прскање, какви бакрачи. Исто како да си се замисли само со водичка под мишка. Бетер од Топ Шоп се.