1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи кои не би ги купиле повторно

Дискусија во 'Тело' започната од MejkApGirl, 26 јуни 2012.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    За чајче да го пробаш :D туку ај, премногу мислења на глупост потрошивме...
     
    На Charlotte* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lolly.11

    Lolly.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ние дома го користиме цело семејство за различни потреби и сме презадоволни. За што сте го користеле вие?

    Иначе точно е дека се раствара во вода. Ние дома си го раствараме за киселини во желудник. Иначе баба ми имаше хеликобактер и цела шема на лекарства што и ја дадоа во државна болница не и помогна. 15 дена по ред го раствораше алунитот и го пиеше пред секој оброк. Потоа направи анализа и конечно беше решен проблемот со бактеријата.
     
    Последна измена од модератор: 29 ноември 2018
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Го активираше профилот само за овие мислења? Премногу е очигледно дека рекламираш.
     
    На mime87, tamche995, Irreplaceablee и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    1. Врвот на производи кои никогаш не би ги купила повторно го делат сите производи од Alverde.
    Посебно: 4144S0Zp8EL._SY355_.jpg Alverde-Deo-Roll-On-Soft_Last.jpg
    - Шампонот ја затестува косата, посебно ако е густа, не ја домива како што треба и брзо се замирисува и мрси.
    - Ролонот дезодоранс е толку ужасен што подобро е ништо да не ставаш отколку да го ставиш овој , затоа што те умирисува онака како што никогаш не би замирисала и без да ставиш воопшто дезодоранс.

    2. Кармините мат од Голден Роуз.
    download.jpg

    - За многу кратко време се прават топчиња, устата се собира. Воопшто не е пријатно ниту за носење, ниту за гледање. Има далеку подобри кармини на Голден Роуз од овие.

    3. Пудрата на Catrice.
    download (1).jpg

    - Една недела е добра и толку. Потоа брзо оксидира и мене лицето ми го направи лом, што никогаш не сум имала проблем со лицето. Никогаш повторно не би ја купила.
     
    На glittergirl, dahlia_desire, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Тианде фармаси лимес ми се ко секти некои сегде ги има,ама буквално СЕ лечат од "искуство"(facepalm) а 99 посто се незадоволни од нивните производи. :rofl:
     
    На Kimberly11, Astrum.Obtutus, tamche995 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Majchy999

    Majchy999 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Големо НЕ...за дами со мрсна кожа ! Лицево ми е целото црвено и секој ден по некоја акна . Го добив за подарок и го пробав неколку пати . Штом престанав лицево ми се стабилизира.
     

    Прикачени фајлови:

    На Animali, EMoonlight и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    44.829
    Пол:
    Женски
    Никако не е за сува кожа, уште не сум го ставила убаво, веднаш лушпи се прават.
    Исто така по неколку ставања сунгерчето се извади.
    Штета, има убава цена и нијанси, но не и за мојата кожа. :)
    [​IMG]
     
    На Astrum.Obtutus, Animali, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    5.748
    Пол:
    Женски
    1. Golden Rose - Bronzing Terra Powder SPF 15
    Шминки од голден имам пробано многу и ги користам долго време - посебно маскари, туш и кармини и сум задоволна но пред некој ден го зедов бронзеров затоа што цената беше многу поволна 200 и нешто ден. ама нема никаква пигментација, го пробав на тестер пред да го земам и ми беше океј, не беше многу темен па си реков ќе ми одговара на моево сирење бело лице. Четката ја расипав од толку што се трудев да извлечам некаква боја, немам земано други бронзери од голден, можеби има подобри него овај but this is definitely a fail (n)


    [​IMG]

    2. Alverde - False Lashes Mascara

    Алверде многу си ги сакам посебно за продуктите за лице и нега за кожа. Од линијата за шминки ги имам пробано прајмерите и пудрите и двете ми се океј, се додека ја купив оваа маскара. Од сите маскари што ги имам пробано можам да кажам дека оваа е најлошата, прво мириса премногу лошо, иако се ''oргански, природен'' бренд ова ми мириса кака на некој хемикали, ништо не прави на трепките освен што ги прави црни. Не е ич трајна многу се размачкува и не дај боже допир со малце вода лицето ти е како оние што плачат на шпанскине серии. Исто забележав дека после вадење шминка целосно од лицето со мисц. вода, масла итн. трепките ми се сеуште црни :^)
    [​IMG]
     
    На Brinetka, Animali, EMoonlight и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Macito007

    Macito007 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    543
    Допаѓања:
    2.490
    Пол:
    Женски
    20181229_162926.jpg
    Најлошата до сега !
    (n)
     
    На anastasijaki, Rose96 и EMoonlight им се допаѓа ова.
  10. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269
    1. LVLY by Paola Maria маска
    [​IMG]
    Маската беше на акција во ДМ и бијдеќи често ја гледав во Што последно си купивте решив и јас да ја пробам. Освен убавиот мирис оваа маска не направи ништо за мене. Кожата не ја чувствувам потхрането и нема сјај после третманот како останатите маски кои сум ги користела. Не би ја купила повторно.

    2. L'oreal Elvive Extraordinary oil шампон
    [​IMG]

    Колку што го фалам и обожавам зелениот шампон со три вида глина, толку овој го мразам. Ме прелажа преубавиот мирис и присуството на кокосово масло во составот. Требаше огромна количина да нанесам за да ја почувствувам косата чиста и по одредено време користење ми се појави првут, а и побрзо ми се умрсуваше косата. Продолжив да го користам мојот омилен шампон, овој повеќе нема да се појави во мојата бања.
     
    На Harper, EMoonlight, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.161
    'Биковиве'
    IMG_20190113_210301.jpg
    Уствари кој им го даде името? Ова е се, само бик не. Два пати под пазуви не можеш да се средиш со нив, само мазнат, влакна отпаѓње кога поминуваш со нив, што беше тоа?
    Можат вода да им носат на оние портокаловите од 10тина денари кои се со едно сечило, а не како демек со три.

    Одбегнете ги дефинитивно во ДМ, јас бајаги им се залетав за ништо:D.
     
    Последна измена: 13 јануари 2019
    На Kimberly11, tamche995, Animali и 9 други им се допаѓа ова.
  12. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    IMG_5872.JPG
    Најлошиот туш за очи што некогаш сум го купила. Премногу блед, минимум 3-4 слоја треба да се стават за да се добие вистинскиот ефект. И најефтините тушеви од пазар се подобри од овој.
     
    На Maša8 и EMoonlight им се допаѓа ова.
  13. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.Истото го купив само розево.
    Ете ги во фиока зафаќаат место(facepalm)
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. shesnorookie

    shesnorookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Добро е што барем малку си го искористила со сунгерчето, јас не успеав ни да го пробам со сунгерче откако го купив...:shake:
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    s-l1600.jpg Не е којзнае колку ужас, некако многу е водно нема ладење после ставањето не ја хидрира кожата, како вода да тече повеке од него ми мириса на слатки а амбалажата е интересна затоа го зедов.
     
    На hermosa и EMoonlight им се допаѓа ова.
  16. shesnorookie

    shesnorookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    511fV0e3aoL._SY450_.jpg
    1.Најлошата мицеларна досега, воопшто не ја отстранува шминката, поготово маскарата. Не би ја купила повторно.
    IMG_6598.jpg
    2.Попрозирна и поводеста пудра не сум користела досега, не знам дали не одговара само на моето лице или сепак до пудрата е.
    download.jpg
    3.Трајноста и структурата можеби и не се толку лоши колку што е бојата на црвениот лак.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.407
    Допаѓања:
    105.684
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Базата за сенка не ми се допадна , ниту дава трајност на сенките , ниту интензитет на бојата. Џабе дадени 200 денари.

    [​IMG]

    Од прав пудрава не сум воопшто задоволна. Мене едно не ми е јасно , станува збор за пудра што матира (така е барем наведено) , а има внатре ситни светки , што навистина се познаваат на лицето. Ок , и тоа до толку не ми смета , но во врска со регулирање на себумот , и баш не ми помогна. По 3 часа светнувам во т-зоната, пудрата исчезнува.

    [​IMG]

    Мириса многу убаво , но џабе кога не штити, а воедно и ми остави флеки на сите блузи. Катастрофа , со кој памет се залетав и го купив :whew:
     
    На Animali, buba4e89, ludamaja10 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    20.922
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум користела продукти за нега на лице, освен понекогаш креми доколку ми е суво и нормално чистење (со вода насабајле и навечер и со мицеларна вода и марамчиња за вадење шминка).

    Бидејќи повторно ми се појавија суви делови на кожата, сакав да си купам крема со која што ќе овозможам хидратација на тие делови.
    [​IMG]

    После долго пратење на форумов забележав дека оваа крема е доста фалена па се решив да ја купам. И опасно зажалив. Премногу ми е мрсна, и многу долго и требаше за да се упие. Мирисот исто така малце ми сметаше ама тоа беше најмал проблем. Кремава ми направи гнојни мозолчиња а јас такви освен пред да добијам циклус (па и тогаш ретко) не сум имала никогаш во животов!! И тоа не едно, туку сигурно по 5-6 се појавуваа одеднаш. Прекинав да ја користам. Пред некое време кога ептен залади повторно си реков да ставам со цел да го заштитам лицето, ама повторно иста приказна дури и бетер. Пределот помеѓу веѓите ми беше пополнет со 2 големи болни, гнојни бубуљици и неколку помали, ми се појавија неколку на образите и на брадата. Уште ги лекувам местата.
     
    На t-sweet, Kitten, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    20.922
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Никогаш повеќе, текстурата на маската сама по себе е океј може да се размачка низ цело лице но мирисот не можам да го поднесам ме печат очите и носот од алкохолот што го содржи. Исто така, не сите делови целосно се сушат и процес е додека ја извадиш цела, а при вадење е посебна хорор приказна бидејќи мислам дека ми го депилира цело лице дури и болно е што не ми се случило со друга маска од ваков тип. Единствено позитивно, е што разладува првите неколку минути кога е ставена на лице. Исто така, барем јас немам приметено некои промени после користење.
     
    На angie88, Glossy-girl, sorbet и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Slow18184

    Slow18184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2015
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    937
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе.Толку ужасно мириса едвај дочекав да ја извадам.Досега сите маски од Дм ми биле ок ама оваа никогаш повеќе
     
    На angie88, EMoonlight, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.