Хајлајтерот на Аура чиста катастрофа, ко играчка да купив ронка прав не остава на четката, со прст има да стискаш за боја да добиеш на прст. Оценка ни 0. Користев долго време бекутан производи влажните најмногу, но во последно време разочарана од нив. На 2 3 пати купувам мирисаат ко на алкохол, ацетон, нез некој чуден мирис. Доле пливаат од вода горе барут суви. На лице кога ставам веке од средина паковање ко со црево сум се миела пуштаат толку многу течност и ми го сушат лицето, рацете и сл. Ко цемент сум после нив.
Никаква конзистенција, премногу е течна. Со што и да се нанесе, не се нанесува еднакво и остава линии. И има некаков црвен подтон.
Катастрофа невидена е дезодорансов, се прскаш и за 15мин смрдиш, али ајде за 70 денари. А овој пак што е 5 во 1 е предобар за истите пари, и мириса убаво и трае цел ден.
И јас сум незадоволна од хајлајтерот на Аура. Или не знам да го нанесувам, или четката не чини, или трето до него е. Буба4е ти со што го нанесуваш, со каква четка?
Jas so poveke sto sum razgovarala sto go koristele ne se zadovolni. So sekakvi cetki iam probano... i plus so prst... nez poveke mi e senka nego li hajlajter
Многу ги сакам конкретно сенките на револушн, ама оваа течна сенка е огромно НЕ! Ужас жив, ја ставам и за 3мин ја снемува.
1. Крема со алое вера Ми требаше нешто за хидратација на лицето па се одлучив за кремава бидејќи е органска и е наменета за сите видови кожа. Но очигледно не е така. Мојата кожа е комбинирана кон масна, проблематична со акни и црнки и оваа крема воопшто не се покажа добро. Премногу брзо светнувам и кога имам нанесено шминка но и кога ја имам нанесено самостојно со допир на кожата премногу се чувствува избиената маснотија . Ми предизвикува и ситни акни. Според мене не одговара воопшто на масна кожа со акни. 2. Alverde металик сјај Покрај тоа што до сега ништо не ми се погодило од декоративата од овој бренд, му дадов шанса на сјајчево. Пигментираност нула, мирисот е чуден и не баш пријатен, не изгледа воопшто убаво на усни. Пробав и со моливче под но и така не го бива, по некои 5 минути се прави како грутки на површината на усните. Не знам стварно дали за нешто ќе го користам или ќе ми зафаќа само простор во фиока.
AUSSIE Miracle moist leave in spray Ме привлече зошто пишува дека е за екстремно сува, 'жедна' коса, а и општо имам читано дека нивните производи се добри, ама ова чудово е ужасно. Секако му дадов шанса, и на мокра, на сува, без комбинација со друг производ, со комбинација и секако беше ужас, всушност екстремно ми ја досуши косата. И мириса на сируп, или на отров за глувци, недефинирано. Garnier Ultimate blends argan & camellia hair mask Ни м од маска, буквално ништо не прави, не омекнува, не раплетува, не ја 'парфимира', не знам зошто пишуваат за сува коса кога не е ни за нормална.
Порано ја користев истава пудра само во мат верзијата што е во тубичка и бев доста задоволна сега решив да сменам и да ја пробам оваа. Ја земав во нијанса 120 vanilla и ми беше сосем ок кога ја пробав во продавница. Денски кога ја пробав се разочарав, премногу оксидира и станувам портокалова и многу лошо изгледа на кожата како со кал да сум се мачкала. Ја нанесував на разни начини и со прајмер и без прајмер но едноставно лошо изгледа. Гледам на youtube видеа и други девојки кои ја рецензираат истава нијанса викаат дека ужасно изгледа. Овој скраб дефинитивно не одговара на масна кожа со акни. Обично со други скрабови кожата потоа ми била мазна на допир и сум ја чувствувала чисто, но со овој скраб откако го исплакнав кожата ми беше како уште позамастена и како порите да ми ги затвори, после веднаш се измив со гел бидејќи лицето го чувствував како неизмиено.
Леле пудрава ужас.Буквално кал. А скрабов и јас имам проблематична кожа со акни ама некако убава ми беше мазна и мека кожата ама дефинитивно е совршено за сува кожа
Сапунов ужас невиден, посебно ако имате сува кожа, цела крема ставив на рацеве после сапунов колку суши
Не трошете пари на овие бидејќи немаат апсолутно никаква трајност. Заедно со тој стикот од Алверде во канта право. Од оние без алуминиум, ги препорачувам само тие од Нивеа. Ај овие како привремени освежувачи за соба ќе се најдат, ќе се истрошат, туку на стикот од Алверде и овој рол он каква намена да им најдам.
Oваа маска има пријатно чувство и мириса пријатно да, ама ме печеше околу очите малце, одма ми изби 3 зацрвенети поголеми акни на образите и имав како огромно топлотно чувство на челото, морав да мачкам мед по цело лице за да се смири. Башка па и дизајнот на маската е некако утнат, дупките за очите е премал, врз веѓите и целиот предел кај очите маската го зафаќаше, а беше некако преголема “крпата“ за лицето.
MAC Powder kiss lipstick - Најкатастрофален кармин што сум купила до сега. Сите нијанси се прекрасни , ама не се воопшто ни малку трајни , што и да јадеш веднаш се бришат како да не си ставила кармин , ни моливче претходно не помага. Исто така кога се нанесува остава празнини на усните , е сега не сум пробала со четка да го нанесам џабе фрлени пари , ако сакате кармин на MAC, обавезно да ги избегнувате овие кармини. Јас ја имам нијансата Influentially it
Јас ја земав маската мислејќи „ај оваа маска нема да ме уништи“ Не помина минута по нанесувањето маскава ме гореше, ме остави 2 дена црвена да се шетам наоколу. Катастрофа се маските од дм за мене