И јас имам лошо искуство со оваа и од страв 2-3месеци немав ставено никаква маска на лице. Прочитав добри препораки за оваа маска со витамин ц на, малку е погуста од вообичаено, но премногу го омекнува и хидрира лицето и дава убав природен сјај на кожата, приметив дека одредени ситни бубулици се повлекоа од неа, и константното црвенило што го имам на образите ми е повлечено, изненадена сум од масакава навистина. Ја користам 2-3 пати неделно зависи од деновите колку се шминкам и слично. Мислам дека би одговарала и за секој тип на кожа. Ја препорачувам
@koritsaki @mssuniquee слична, дури подобра формула од Powder kiss имаат мат кармините на Авон. Башка што чинат десеттина од MAC
@mssuniquee а јас се чудев кој го имаше купувано карминов на форумот , како не ми текна порано да те прашам..тоа е @sorbet знам кармините на Авон се доста фалени , и може не за џабе ,но овде тешко ми е да најдам некој што може да ми порача Авон производ
Yves Rocher Illuminating Primer - овој прајмер не прави скоро ништо освен што го прави лицето светнато, кожата не е ниту измазнета, ниту пак помага за пудрата да стои подолго. (јас користам пудра без силикон така што би требало). Исто така има чудна текстура и искрено подобро ми е кога не ставам никаков прајмер наместо да го користам овој. Спојлер: Junk Inglot Under Eye Concealer - Овој коректор и не е така лош ама е многу течен, ако пробам да го изблендирам се губи, така да мора да го тапкам малку по малку, исто така се збира под очи после некое кратко време иако користам пудра во прав после него. Искрено, воопшто не вреди за цената.
Спреј за тело со цветни ноти од Балеа Спрејот го купив минатата сезона, па поради користење на отворено шише, остана во залихи. Во план да ја искористам залихата годинава, по првата употреба се покажа целосно неефикасен. Го употребив уште неколку пати, но ефектот беше ист. Има слаба трајност и создава лепливо чувство на кожата кое во текот на денот се интензивира без мирис. Од мене големо НЕ за производ кој не содржи свежа мирисна компонента во составот, а уште помалку што се карактеризира како средство со цветни ноти што отсуствуваат од првото прскање. Толку е неупотреблив, што нема друга опција за пренамена, освен да заврши во канта за ѓубре.
Милки мицеларната вода од Гарниер! Ја земав дека на нејзе пишуваше дека е за осетлива кожа. Многу е погуста од другите мицеларни води од гарниер. Наликува малку како на млеко за тело не до толку густа ама џабе. Прво ништо од шминка не успеав да избришам со неа. Капаците од очите ми паднаа триејќи и џабе. Второ има некој чуден мирис на алкохол Се враќам на старата мицеларна вода од гарниер со жолто масло во неа. Она ми е супер.
Ја купив лани есента поради тоа што беше фалена на форумов и плус ми ја препорача другарка,и сега ми текна да пишам за маскава. Јас по ужасно нешто на косава не сум ставила,има некој мирис безвезе како машки парфем. Уште од првото користење косата ненормално ми ја залепи,затести,почна да ми паѓа како луда(ја ставив од ушите до врвовите НЕ на корен),и ми изгледаше ретка кога ја исушив и никогаш повеќе не ја ставив. Така да подобро платете дупло и ќе купите многу подобра маска него финтиве што ги прават со едно кило да вредела ќе била повеќе. никогаш повеќе
Никогаш повеќе. Буквално ништо не покрива и ништо не прави. Па и многу грозна структура има. Имам друг коректор од Авон, тој ми е стварно солиден ама овој, буквално прашина дома ми фаќа. Мислев да не ми е до кожата, мајка ми ја прашав, земавме и двете тогаш ваков, нејзе исто воопшто не и се допаѓал. Не го препорачувам, џабе фрлени пари.
Дефинитивно истата реакција ја имав по миењето со Глис Oil Nutritive (жолтиот). Никогаш повеќе нема да се залажувам со тие нивни акции... Стикот Балеа без алуминиум - како кујзнае што да има, гори и иритира - не го препорачувам...
Јас овие маски ги користам веќе година дена (таа со банана, мултивитамин и чоколадната) и ептен ми се погодени. Многу ми ја омекнуваат косата и долго ми траат со оглед на тоа што е огромно паковањето.
Катастрофа! Пената само што ќе ја ставиш на дланките веднаш опаѓа, требаше 4-5 пати да ставам огромно количество .. Мирис воопшто и не се осеќа.
Купив масло за уста од авон кое редовно го користам и ептен го сакам и со него имаше гратис маскара. Ужас, ужас, ужаш. Прво четката е толку лоша, пластична со игли буквално очи ќе истерав. Плус ништо не прави, освен што ги расчешлува трепките. 3 слоја ставив и како да немам ставено римел, а у глобала имам природно големки и извиткани трепки.
Мириса преубаво,го ставам за да го потрошам побрзо само кога искачам на 2-3 саати од дома затоа што повеќе не издржува почнувам да се потам... Не би го купила повторно сепак Дав зелениот ми е најдобар
Балеа спреј за тело со златни светки. Не остава многу светки и имав чувтво дека прскам алкохол помешан со парфем. И прскалката е многу лоша. Катрис водоотпорен туш во пенкалце. Остава сјаен финиш, му треба долго за да се сетира, не е доволно пигменторан и се растекува. Ми се преслика веднаш. Само што го купив