1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи кои не би ги купиле повторно

Дискусија во 'Тело' започната од MejkApGirl, 26 јуни 2012.

  1. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    И од авон се исти
     
    На cresa-jagoda и Queen8 им се допаѓа ова.
  2. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Повеќе производи имам испробано од Орифлејм, помалку од Авон, ама само по неколку квалитетни можам да издвојам.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Мене спрејчињата за тело од Авон не ми се допаѓаат,воопшто не се трајни и треба цело да го испрскам за да се осеќа дека имам нешто на мене. Единствено ми се допаѓа тоа со јагода и бела чоколада.
     
    На EMoonlight и Juicy им се допаѓа ова.
  4. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Ужас мирис, лепиво, никакво. Остава бело и едвај да го размачкаш.Зимата го купив и едвај го потрошив, дефинитивно големо не. А, инаку амбалаживе од балеа ептен лажат, ама па кјут се.

    Balea-Body-Lotion-Lucky-Moments-200-ml.jpg
    Маскарава освен што дава интензивна и црна боја што едвај ја ваѓам со многу трзања - не прави ништо. 400 денари дадени за ништо, гарантирам би нашла подобра и со упола цена.
    product_v1_x1.jpg
    Hydro прајмерот на алверде. Освен што е многу течен и непријатен за нанесување, после нанесување на пудра - се лупи. Иако после нанесувањето на прајмерот, колку и да е течен и воденкаст, тој пак се впива во кожа и ја прави мат. Ама не гледам никаков ефект, со и без него.
     
    Последна измена: 31 јули 2019
    На buba4e89, Ann.loves.you, sorbet и 3 други им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.758
    Пол:
    Женски
    полош туш немам пробано. 5A1938EC-21EE-44C1-B53E-4B3035A0CEB7.jpeg

    Остава дебела неубава линија која одма се пресликува
     
    На Adi888, sorbet, Mrs. Lovett и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Порано имам нарачувано многу производи од Орифлејм, од кои добар дел биле неквалитетни, поучена од тоа искуство, не нарачував после ниту од Авон. Се сеќавам еднаш нарачав од Орифлејм чорапчиња за третман на стапала и кога стигнаа беа премали, дури ја стегаа ногата, а демек стандард големина.
     
    На EMoonlight, crazylady, didisi и 7 други им се допаѓа ова.
  7. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    Последно купив лакчиња од Голден роуз.
    Земав од линијата WOW и City Color, се разочарав. Водлести се премногу, на ноктот даваат бледа боја, а не онаа каква што е во шишенцето иако го повторив пет пати. Катастофа, ќе почекам да се стврднат, ако чинат или ќе ги измешам со друг лак.:envy:
     
    На glittergirl, Elence93 и Herrera им се допаѓа ова.
  8. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    5.179
    Пол:
    Женски
    Со тек на време стануваат уште полоши тие city color. Мојот не е ниту пола потрошен а се нанесува нерамномерно, многу лошо изгледа. (n)
     
    На didisi и LittleChili им се допаѓа ова.
  9. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.129
    Пол:
    Женски
    Можам да се согласам. Маскарата е ужасна и јас ги имав нарачано заедно со маслото за уста беа мислам 350ден. Маслото е прекрасно, а маскарата ужасна дури и сува е внатре.(facepalm)
     
    На Irreplaceablee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.424
    Допаѓања:
    10.465
    Пол:
    Женски
    Јас до сега не сум нашла маскара што ми одговара. Или како да не сум ставала, или како панда во очите сум.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, didisi и g8lQQk им се допаѓа ова.
  11. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Никогаш повеќе: Интеса лак за коса,шаума,било кој лак за нокти,скапа маскара не доаѓа во предвид не ме интересирс кој бренд е.. Никогаш Бијонсе парфем,спреј ништо од тоа. Кристина Агилера парфем исто така никогаш,мириса на ракија...
     
    На glittergirl и didisi им се допаѓа ова.
  12. glittergirl

    glittergirl Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Дали си пробала Max factor 2000 calorie ? Jaс исто имав пробано доста маскари но само оваа ми се допадна и често е на акција до 300 денари.

    Имам од овој туш само со светки и го користам за акцент понекогаш. Искреноо не е нешто што го препорачувам.

    После секое користење косата ми е како не миена :puke: Не ја препорачувам.

    Пудра катрис мене ми ок и ако има далеку подобри пудри. Кореторот од истата линија катрис камуфлаж течен Не не не. Премногу сув ми е и е неднаков како бекаде да сум ставила некаде не :puke:

    Истиот шампон исто мислење. Дефинитивно Не.
     
    Последна измена од модератор: 18 септември 2019
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    365
    [​IMG]

    Колку што сум задоволна од кремата за масна кожа на Конопка, толку не сум задоволна од маскава. Всушност, прилично сум сигурна дека ова е најлошата маска што некогаш ја имам пробано. Си ја испокинав цела коса при чешлање. Катастрофа.
     
    На EMoonlight, sorbet, Elence93 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.424
    Допаѓања:
    10.465
    Пол:
    Женски
    Пена за коса на Алверде за волумен, јас не сум фан на пени за коса, ама затоа што скоро се ми беше погодено од Алверде ја земав. Буквално никаква разлика не ми прави со косата, добро е што не е барем стандард како другите пени што ја слепува косата и мирисот не е лош. Џабе фрлени 200 денари.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    5.179
    Пол:
    Женски
    Ова е замена за сув шампон и е во форма на пена. Ништо не прави! Откако ќе се нанесе треба да се протрие и потоа со фен да се исуши, што ми одзема многу повеќе време од спрејот. Не остава бели траги, но и нема некоја разлика откако ќе се нанесе. А и многу побрзо се троши отколку спрејот.
    balea-trockenshampoo-schaum-lovely-flower--10040427_B_P.jpg
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Мирисот е премногу јак за сув шампон кога ќе ставам осеќам дека цел ден ме прати мирис на нешто кисело.Освен тоа ми ја лепи косата и ми паѓа од него. Дефинитивно се враќам на Батисте бев презадоволна од него. E54E04B6-5145-45A7-B765-35D98052FE25.jpeg
     
    На EMoonlight, mime87, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    ^ Истиот сув шампон го имам и можам да потврдам дека со мирисот можеле мааалку повеќе да внимаваат. Загушлив мирис има и не можев дома со саати да проветрам. А за намената, јас сум задоволна. Се наоѓа кога треба да издржи неколку саати до миењето.

    Не знам дали на некој друг му се случило ова со лабелата од Авон, но неколку пати откако ќе нанесев од нив по ден-два устата ми пукаше или беше иритирана на краевите.
    Дали сум чувствителна на некоја состојка внатре или беше чиста случајност ова- не сум сигурна.
    Но, не би ризикувала повторно да ставам, веќе неколку дена не можам да се оправам, уште на долната уста има пукнатини.

    Штета, како за секој ден, дава нежен сјај и боја, малку мирисот не ми се погоди, јас ги имав Butterscotch, Chocolate не ми е пробано уште и не знам дали би се нафатила и воопшто да го пробам.
    [​IMG]
     
    На EMoonlight и crazylady им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.407
    Допаѓања:
    105.681
    Пол:
    Женски
    Lush - Cynthia sylvia stout

    Од шампонов сум задоволна како ја измива косата и каков сјај и дава (поради пивото).
    Инаку наменет е за сува и виткана коса , на тие со мрсна коса или мрсен скалп (како мојата) не ви препорачувам да го купите. Првиот ден косата е супер , а наредниот почнува да се мрси. Го купив тој од 100мл само за да го пробам :)

    [​IMG]
     
    На EMoonlight, sorbet и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.504
    Допаѓања:
    7.377
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Катастрофа. Никаква покривност. Буквално како ништо да немаш ставено на лицето.
    [​IMG]
    Шампонов ми го уништи скалпот. Го земав бидејќи видов тука дека помага за мрсна коса и навистина, косата додека го користев не ми се мрсеше воопшто, но почна да ми се лупи скалпот и еве веќе можеби година дена не го користам, пробувам шампони против првут, ниеден не ми помага и полна ми е главата со лушпи, а згора на се и мрсната коса си ја носам уште.
     
    На EMoonlight и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  20. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    899
    Можеби не е за тука но на крајот од секое миење измиј се со оцет нека постои и пак измиј се со вода само. Помага многу зс првут, и јас го имам проблемот но мене овој шампон воопшто за мрсење не ми помогна
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.