Балеа фиксатор , го купив затоа што беше доста фален на форумов воопшто не сум задоволна од него ужасен е заврши во канта ,лицето да го испрска само до вода па мислам подобар ефект ќе имаше. Многу брзо се брише ,ставаш и после половина час ништо немаш ,не би го купила повторно. Лабелото го купив 85 денари ми се виде евтино но воопшто не ми се допадна како некое кинеско лабело е.
Ќе бидам надвор од темата, се извинувам. Купи си лабело на Галафарм - прополис 59 денари, ги негува усните одлично. Го има во аптека Еурофарм .
+1 Јас не би купила повторно молив за веѓи Есенс. Многу ги расипале, тврдо, не пушта боја, треба да го острам на секое. Џабе што се толку евтини, не ми одговара. Ќе си останам на Голден Роуз и тоа е тоа, не менувам веќе.
Најевтиното, 70-80 денари е. Со најобична четка на капачето. Бојата ми е скроз погодена и не верувам дека некогаш ќе го сменам пак.
Многу се израдував кога пристигнаа во Дм.Во Дм ја имаше само оваа маска и ја купив толку ми ја иритира кожата, црвенило и ме пече лицето. Сега сум во мислење дали другите маски на freeman дали да купам?
Очигледно со Балеа не стојам баш добро и дефинитивно веќе не ни планирам да пробувам нивни производи. Маскава за лице, не прави буквално ништо. Освен што ја суши кожата и вади кожа што се перута. Ја ставам онака за да ја дотрошам, но кај и да е ќе заврши во канта. Мислам дека маскава ми ја исуши кожава, прекинав да ја употребувам 1месец и веднаш гледам разлика. Оваа маска никад више не би ја купила. Ни други маски од Балеа. Земав скоро за да пробам уште некоја нивна маска, викам ај уште еднаш ќе им дадам шанса, демек оваа била за сува кожа и за хидратација. И оваа нема никаков ефект. Џабе фрлени пари, но среќа не е некој скап бренд, па да си речам криво ми е нешо посебно. Конкретно зборам за оваа маска. Освен што има убав мирис. Уште еден производ од Балеа кој буквално не прави ништо. Дури мислам уште повеќе ми ја спласнува косата и ми ја мрси уште првиот ден. Каков волумен, какви глупости. И се осеќа на косата ко лепливо нешто да сум истурила, ми ја прави груба и неубава. Едно големо не од мене за овој производ. Веројатно и ова ќе заврши у канта или ќе го шприцам низ соба ко освежувач пошо мирисот му е пријатен и освежувачки. Јас со производите на Балеа официјално завршив. Немам намера да земам веќе ништо од брендов. А имаат многу слатки амбалажи што привлекуваат на прв поглед, а и по интернет се доста фалени, но не знам дали се лажни рецензии или луѓево стварно се задоволни, јас воопшто не сум. Досега ништо од овој бренд не ми се допаднало. Само имаат убав мирис нивните производи. И, не знам дали имам пишано за овој коректор од Авон, кој е чисто ѓубре. Неодамна го фрлив, само 2 пати искористен и ми текна и на него. Ништо не прави, како да не сум го ни ставила на лицето. Ко кал е. Сум имала други коректори од Авон, биле океј, овој е жива глупост.
И мене исто ништо не ми е погодено до Балеа. Било што што е од на ДМ марката ми пречи мене. 1. Некоја sheet mask од Алверде со цвеќиња пред две години негде, ме изгоре 2. Балеа крем маска некоја исто пред две години, ме изгоре 3. Lvly со манука медот маска, ме изгоре невидено, не ја нанесов на пола лице пред да почне да ме гори 4. Балеа некој гел за туширање, нај неприродно чувство, ме гребеше коа се мачкав по грбот а по нозете малце гореше, згора на тоа ништо не ни миеше 5. Сега скоро им купив Hyalauron Booster после две користења лицето пак со акни и преку денот ќе ме здоболеше некој дел од лицето за 3 дена подоцна да ми се појави акна таму 6. Тие таблетките за када како bath bombs, грозно мирисаше, кадата лом мрсна ја направи, не се ни растоври убаво. 7. И тој hydrating primer на Алверде сите што го фалеа едно време, на алкохол ми труеше и лицето ми го сушеше Јас ги избегнувам на Балеа работите како ѓаволот веќе и се што е на ДМ марка, по се изгледа мене никако не ми одговараат.
Ух добро е, не сум единствена. Катастрофа се значи, ужас жив. Али може до нашата кожа е. Ја сум нежна на пример, многу продукти не ми пријаат најдобро баш... Од Алверде ми се подобри производите, баш прееска во омилени продукти на месецот ги пофалив.
Да и мене ми е сензитивна кожата, би сакала да ги пробам на Алверде ама премногу ризик ми е, подобро да си седам со тоа што ми одговара
Прв пат купив гел за туширање и покатастрофа не сум нашла. Го искористив како течен сапун за чистење миење по дома... Дали сите им се такви или само овој не знам. Ни мирис ни нешто посебно има. Ама па за 50-60 ден што да очекувам повеќе
Balea today is my day limited edition - гел за туширање Го купив без да го мириснам , и се нервирам што сто пати се зезнувам со геловите нивни за туширање. Не ми се допаѓа воопшто , па ќе го искористам како сапун за раце Lush perfume Breath of God Ужасно мириса , тешко , јас сакам тешки мириси , ама ова не мириса на нешто убаво. Освен што убаво мириса и убаво ја мие косата , не прави ништо на жолтите прамени. Не го препорачувам доколку сакате да го користите како силвер шампон.
Никогаш повеќе.. многу лошо ми делува на лицето, ме пече и ми станува црвено, го пишува за осетлива кожа но воопшто не ми одговара.
Балеа мицеларни туфери со масло- убаво ја вадат шминката од очите но се премногу груби, воопшто не се меки и имам чувство како да ми го гребе цел очен капак додека ја вадам шминката. Лореал шампон - првите неколку миења ми беше океј, ништо посебно но ја правеше косата мазна и мека. После некое време почна да ми прави огромни бубулици во главата и кај вратот, не го користев некое време се повлекоа и кога пак се измив со него пак се нафрлав. Дефинитивно оди во канта. И мои другарки исто не се задоволни од овој шампон.
1. Маските од Балеа .. ма каква сака нека е, ниедна не ми одговара.. Не можам да си го средам црвенилото два дена после користење на нивна маска 2. Маскара од essence Многу лоша маскара.. Ќе се убиеш од бришење, миење и пак ќе остане и додека се трудиш да се исчистиш сфаќаш дека пола трепки ти останале во рака.. Сум имала и други водоотпорни маскари и не сум имала ваков проблем.. Не изглегува за жива глава.. 3. All in one маскара Aura Доста сум задоволна од производи на аура ама оваа маскара им е голем промашок (барем според мене).. Моите густи и долги трепки ги слепува и после 2-3 часа изгледаш како панда а замислете не ставам маскара на долните трепки
@Принцезичка1 Еве едно негативно и едно позитивно искуство за лосионот Секоја кожа е различна,ефтин е и да не ти се погоди не губиш ништо