Остава светки, и цела се чешам од нив! Мирис одвратен! Отако ќе го ставам цела се осеќам како закоравена! У Ж А С ! ! !
Никогаш повеќе шампон од авон, особено од овие. ужас се Мене пак оваа ми е најубава и мн ми се погоди
Во последно време користам многу производи на Dove и можам да кажам сум ПРЕзадоволна од нив! Нивеа многу ме разочаруваат
Од првен ми се свиѓаше ама после некое време од него почна да ме чеша косата и не ми се допаѓаше како мириса
Мене па колку ми се погоди. Трепките оооогрмони ги правеше и не се закоравуваше Инаку јас никогаш повторно не би ја купила оваа крема http://buk-grazi.webs.com/kremas%20drek ... minkst.jpg Толку вода или некаква си ретка течност кога истече, животот ми се згрози. Ја измуткав, си велам да не паднало густото на дното хахахха , но не пак реткоо
Никогаш повеќе не би го купила овој шампон: се чудам прво,со кој памет го купив.Ми го фалеа многу дека бил добар,ова она ама срање! Не го бида.Ми е упропасти косава,ептен почна брзо да ми се мрси од кога почнав да го користам.Убаво мириса ама џабе кога не чини. После пудрава ај што неможам да си погодам ни 5ката ни 6ката ми одговаараат на тенов мој.Едната претемна,другата пресветла.И како дух сум.Незнам и неа зошто е купив,џабе фрлени пари,со тие пари 3 лакчиња ќе си купев,барем ќе ги користев Инаку пудрава ептен грдо ми мириса,ептен! И зажалив што само еднаш е ставив на лице,и никогаш повеќе она на мое лице НЕ!
Ај да направиме клуб на мразачи на неквалитетни шампони! Прв на листа го ставам Елсев на Лореал! Ужас невиден. Едно време го користев, многу одамна. Потоа дали ја сменија формулата или што се случи поим немам, но ми ја упропастија не само кожата на главата туку и челото Јас отсекогаш имав беспрекорно чиста кожа, но после редица на неквалитетни шампони а и после муабетот со мојот фризер, сконтав дека шампоните ме зезнале. Не е дека ми е нешто грозно челово, да не претерувам со жалење сега, ама дефинитивно ми е порапаво од порано. Плус за крастите кои Елсев ми ги направи на главата и ми создаде перут, ич муабет да не правам. Искрено ме вреѓаат со онаа нивнана девиза - parce que vous le valez bien. Ако вредам колку шо е квалитетот, ај создравје! Втори на листа ги ставам шампоните на Syoss. Ужас невиден, истиот случај како со Елсев. Перут и живи рани на главата. После првото миење ги подарив на другарка на која и одговараа. Трети на листа ми се оние супер миризливи шампони на Гарние. Не знам веќе ни како се викаа, знам имаше нешто калинка и слично за виткана коса. Одпрвин ми беа супер, ама после неколку миења ужас. Косава ко сено, никаква, разлетана, тврда. Битно - миризлива Значи шампоните ми се буквално кошмар. Никако да го погодам вистинскиот. Се си мислам дека фирмиве постојано као демек ја подобруваат формулата, а всушност се се полоши. Се вели дека шампонот и онака треба да се менува, ама јас не сакам да го менувам ако еднаш веќе го најдам вистинскиот...ама изгледа немам ни друг избор. Да беа лепешките миризливи, со нив ќе ја миев косата, сигурно се поарни од ова хемијава на глава што ја ставаме. А и кравиве денес којзнае шо трева пасат. Ма немаш сигурност повеќе во ништо. Смрт за лоши шампони! Уа! Да не може човек да пушти коси, и ветер да ги носи. Овие Зијан пеат за утопии некои... п.с. Муабетов ми е, исто ко со маживе. Тешко е да се најде вистинскиот маж или...шампон. Секогаш ќе има недостатоци или со тек на време ќе те зае*е, или ќе ти здосади, или ќе се навикнеш едноставно. Четврто нема
Jас воопшто не сум задоволна од овај балсам за усни,ако имате сува усна ова дефенитивно нема да ви помогне,форумулата многу му е слаба,не знам како да објаснам Bие мачкајте колку сакате,воопшто нема да ги нахрани и хидратира усните,подобро вазелин намачкајте се убаво,дебело,ова е никакво Cтварно не знам што се фалени овие балсами,кога се никакви Aко не можете да ја видите сликата,станува збор за Eos LipBalm,купено ми е од Ebay
Хухухухуаахиу ова мислам дека е најодбриот пост до сега.Значи ме изнасмеа алав да ти е. Ни шампони ни мажи.Многу добра споредба. Браво Phyramide. Aјде и јас да се надоврзам до листата со НЕквалитетни шампони.И јас никако да го погодам вистинскиот,се само на некои погрешни налетвам(исто е и со мажите)... 1.Garnier најкатастрофални до сега ич не сум задоволна,мислам дека се фалш шампони.Место да ми се расчешлува косата од нивните регенератори,мене уште повеќе ми се плетка. 2.Лореал-ни коса сјајна со волумен ни некој мирис.Ми мирисаат на пластика некако. 3.Palmolive-исто фалш шампони за еднократна употреба,кога нема нешто посалам. 4.Pantene-од кога ја сменија амбалажата,ја сменија и формулата.Не ги сакам. 5.Gliss Kur-заедно со Shauma се од иста фирма и ми се многу лоши шампони со тешка и вештачка миризба и страшно ме чеша главата после нивна употреба,. Моментално користам најобичен шампон од коприва па сум позадоволна од кога и да било..
Слободно можам да кажам - најразочарувачиот антиперспирант што било кога сум го користела. Си уништив неколку бели маички, а од кога престанав да го користам потта како да ми ја промени миризбата, што и да ставев, едноставно не мирисаше убаво. Сега си се вратив во нормала, ама веќе никогаш, ама баш никогаш нема да купам ништо од Нивеа.
Sexy Curves Mascara- Rimmel Поужасна маскара до сега не сум пробала,една од најлошите маскари е Mи се допага четкичката и се нанесува добро,од како ке ја нанесте си мислите вау како трепки,по само еден сат,воопшто не се познава дека сте ставале маскара Добро ај тоа,кога ке дојде време за чистење со ништо не се вади,едвај се вади,сум пробала со памукчина и млеко за отстранување шминка,не бре не сака да излезе,како вечно залепена за трепки е Дефенитивно не би ја купила пак
Додека беше во старата амбалажа го користев со годиништа, ама од кога го сменија го расипаа! Ниту чисти, дава ефекти или барем убаво да мирисаше. Многу лошо е се. Не е можно откако ќе исцицкам бубулица и поминам со лосионов да не пече или да се зацрвени. Тоа е само еден знак, дека не дава никаков ефект. own: И општо големо НЕ за промената на колекцијата Јанг Дерм на Алкалоид! Ја користам и подлогата, ама чинам таа ми ги прави овие мали проблеми на лицето. А и од кремите што сме ги користеле сите по дома сме многу незадоволни. Спојлер :up: