Уште едно разочарување од Балеа. Минатото лето имав земено крем за тело од тие помалите пакувања и реков никогаш повеќе, но еве ме излажа промоцијата беше намален овој крем од авокадо. После мачкање останувам бела, нити се размачкува нити се упива. Откако ќе се упие после 100 години кожата ми е сува, за мирисот да не зборувам стварно лошо мириса. Никогаш повеќе Балеа кремови за тело!
Карминов на Beyu партали ми беше устата, му дадов многу шанси и ништо. Еднаш нанеси и повеќе немаш ништо. Балсамов на голден,купен во Мкд. Ужас ми беше устата,ме печеше,херпес на видик. Така ми стои сега.
@Hellobeautiful сум купувала порано течни пудри со многу лоша текстура, сенки без никаква пигментација, моливчиња за уста што не траат воопшто. На крај секогаш ми е жал што ги користам максимум два пати и завршувам незадоволна. Единствено лаковите за нокти можам да ги издвојам како квалитетен производ. Инаку, баш мислев дека барем со маскарите ќе се оправдаат.
Лаковите на Ревуар! Пишува express dry, а им треба 10 мин за да се исушат, до друга страна лакот во шишето се суши брзо. Купив и прозирен лак кој испадна дека е мат, а не пишува никаде дека е.
Исто и мене особено црниот , предобар ми е . Сум купувала и од 1000 ден спрееви па ништо , ама за секој различно ..
Повели Дури после 4 месеци константно користење после шишање, кога отидов на шишање повторно фризерката рече дека немам испукан врв.
јас еднаш имам користено ваков тип на спреј глис беше не овај не се сеќавам кој. Мислам дека ама баш никаква функција ми немаше.
Глис жолтиот мене косата ми ја прај премногу мека и наелектризирана. И шампонот не чини ама спрејот е дупка. Да го користам со месеци дури тогаш да ги видам ефектите не планирам.
И златниот е многу добар,го имам и црниот. Сакам да го пробам розевиот или виолетовиот кој е подобар според вас?
Да, па не е секоја коса иста, се разбира Единствена придобивка од глисот ми е поголем сјај, ама џабе покрај другото шо го напишав.
Шампоните и маските на Gliss kur, катастрофа се на мојата коса како да не ми е измиена и ми направија прша. Пилингот на Балеа за нормална и комбинирана кожа не би го купила пак, од истата линија и Гелот за миење лице. Ми го сушеа лицето премногу.