Полоша маскара мислам дека немам користено. Трепките залепени, никакви. Ќе го заменам четчево додека се потроши, чувам од некои стари маскари.
Правев една нарачка од Нотино страната па за бесплатен шипинг да добијам реков ќе го земам парфемчево да го пробам. Катастрофа , џабе 5 евра дадов. Мирисот за 5 минути исчезнува и мириса како пазарскине мириси Ја имав во сет со парфемот на Ланком ,во мини пакување. Среќа што не помислив да ја купам. Катастрофа од маскара.
Тушот ми е купен набрзина,а убаво реков за мрсни капаци ми треба. Убава боја остава и се суши брзо, првиот пат не можев да го извадам, купив масло и пола се вади пола не. Не пишува дека е waterproof како лепило е. Четчето исто така не ми е практично, навикната сум на тврда четка. Го платив 6 евра и не вреди за парите искрено.
Не, не и не!!! Премногу косата ми ја прави со првут, и тоа премногу првут како кори големи а никогаш претходно не сум имала проблем со првут. И многу ја мрси. Дефинитивно не!
Пената од Балеа за комбинирана кожа. Ја земав по препораките тука, но искрено не ми се допадна. Имам мрсна кожа, но по миењето со пената кожата ми е пресушена. Ми се истакнуваат суви делови над очите т.е делот под веѓите, челото и образите... Ја користам како 2 чекор при отстранување на шминката ( прво секако мицеларна вода ), совршено ја вади шминката, преубаво мириса, ама го пресушува лицето. Го земав пилингот од истата линија и е супер, го пофалив во соодветната тема Сега ја земав розовата пена со бадемови цветови мислам беше, која е наменета за сува кожа и ќе видам како ќе се покаже
Порано беше добра оваа пена,јас ја користев баеги, после ја сменија и амбалажата а гледам и формулата.
Продуктов е се, само база за сенка не Не знам што е веќе, за мрсни капаци никако не е. Ги собира сенките во едно, а трајност само два часа, после два часа си како џокер размачкан.
Во принцип пудрата е убава,има густа текстура, многу е мат но две причини би издвоила зошто не би ја купила повторно. 1. Оваа пудра можам да ја споредам со Боржуа Ер мат која е исто фул мат и густа. Овие пудри ми траат само четири часа во зимо,а во лето ер мат не ми се погоди. Проблемот е што овие пудри бараат почесто корегирање со камена пудра или пудра во прав што јас не сум баш корисник на такви пудри. Ако се испотите малку чувствувате тежина на лицето и како “едвај чека” да ви спадне. Во ваков случај ми се познаваат порите на мрсните делови. 2. Кога сме кај мрсните делови исто така по одредено време ме исфрла,додека на сувите делови совршено ми одговара. Но,сепак пак ми се мрси на носот и брадата и пак треба да ја сетирам. Со нијансите исто е проблем спрема шишенцето camel warm 036 треба да има поладен неутрален тон за лица со зелени вени,но по нанесувањето дефинитивно оксидира нијанса плус. Секако ќе ја потрошам дур траат ладните денови, но нема повторно да ја купам поради наведените причини.
Natura siberica lifting eye crem with snow cladonia Κремава не би ја купила повторно поради тоа што не ми се допаѓаат креми геласти , иако имам масно лице сакам побогата нега околу очите , вака се чувстувам како ништо да не ставам околу очи. Плус кога се работи за крема за против брчки. Natura organica - natural shower gel Οд гелов многу ми се допаѓа мирисот , ама не сум задоволна од тоа како ја измива кожата и од хидратација. Треба 3-4 пати да притиснам на пумпата и да се направи некоја пена , дали дека е природен па не пени многу. Сигурно не би го купила во иднина.
Пастава за заби, Colgate со јаглен за избелување на забите Прво мислев дека е колку толку океј, ама по подолго користење сфатив дека немам никава корист од истата. Не ми ги измиваше убаво забите, не осеќав свеж вкус во устата после миење, а башка што ниту и од избелување не видов Џабе фрлени пари. Ако барате алтернатива за паста со јаглен, таа на nua nua e светлосни години подобра од оваа.
Маскарава на Макс Фактор. Порано колку добри производи имаа, сега не знам што е работава. Ја земав на попуст, 270 денари, можеби и поради тоа. Четката е океј, јас имам долги и прави трепки, маалку ги поткрева нагоре. Но, мене најголем проблем ми е што се пресликува. Не би ја купила повторно.
Kerastase chronologiste - лосион за заштита од топлина Не ми се допадна воопшто, по сушењето со фен косата е уште по сува. Не вреди воопшто за таа цена (35 евра) Само еден плус за мирисот би дала..
Ја имав од истата линија кремата за раце и ми се допадна, а бидејќи го сакам мирисот на лаванда се решив да го купам и овој лосион. Многу лоша структура. Многу тешко се впива во кожа. Секако пробав и на сува и на полувлажна кожа.
Воопшто не одговара на мојата кожа. Откако ќе ја ставам после 5-10 мин лицето ми мириса прелошо. И као наменета е за масна кожа, а кремата ко воопшто да не упива, и лицето останува масно. Тешка е. Не би ја купила никогаш повеќе.
Имам нормална кожа со благо масна т-зона и некогаш хормонални акни. Обожавател сум на серуми, кожата моја добро ги впива кога количински малку ставам. Не сум сигурна дали некаде во форумов прочитав за серумов или состојките ми се допадна, па решив да ја порачам.... Ама за жал не е за мене... После апликација ми ја затега кожата, особено ако имам на челото и вратот ставено. Неугодно и доста чудно за серум што треба да е smoothing(можеби така е smoothing, ја затега кожата па нема мрдање )... После тоа мали акни ми искочија на места каде што никогаш сум немала...Му дадов шанса и еве пола шишенце дреме... ќе го подарам на некој близок ама искрено не го препорачувам иако фирмава ја сакам (од други нивни два продукти сум задоволна, ќе пишам во друга тема)