Не знам Бубаче, неколку години веќе користам природна козметика, без силикони, парабени и сл, не би требало да е од тоа. Можеби требаше подолго да ја користам, да видам дали ќе се навикне кожава, но ми беше страв да не се исфрлам повеќе.
Зелената мицерална вода од Лавера никогаш не би ја зела повторно. Не знам ни зошто ја земав, јас никогаш не користам, признавам лице чистење само со вода и пена/гел. Ја пробав пред да се измијам со вода еднаш и потрошив пола тупфери а лицето ми беше полу чисто, а јас само римел и лесна пудра, руменило од шминка користам ништо повеќе.
По катастрофална пудра немам користено, не знам ни зошто ја купив, покривност има нула, буквално како крем да си ставил на лице
Пастата за заби не би ја купила повторно а толку бев возбудена да ја пробам , сега едвај чекам да ја дотрошам . Ја земав од ДМ не беше повеќе од 200 денари , се чувствувам како да не дава свежина нешто што е најбитно за една паста .
Истото мислење го имав, баш некој на форумов ја пофали пастава дека ептен дава свежина ама реално ниту свежина дава, ниту пак е ефикасна против лошиот здив. Очекував многу повеќе.
На моите родители шампонов им се допаѓа,но мене не. Дава волумен,не создава првот но после сушење ја прави косата некако посува,безживотна и без сјај. Има мирис на ментол, и е во кафеава боја,божем наменет за мрсна коса но мислам дека е повеќе за нормална коса.
Овој серум никогаш не би го купила пак, немам негативен ефект ама додуша немам ни позитивен. Околу 1400 ден е, како за серум не е многу скап ама буквално ништо не прави на кожата. Јас имам чисто лице, немам сеуште брчки, само имам пори кои едвај и јас си ги приметувам, пишува дека ги намалува, кај мене требаше да исчезнат, како што се мали. Во однос на хидратација неможам да кажам нешто вау затоа што мислам дека кремата од истата линија многу повеќе ми врши работа отколку серумот. И кога го нанесувам некако лепи и одма се суши. Да го дотрошам на овој дефинитивно не би се вратила, ќе барам некој друг.
Овој шампон Наместо коса со волумен, добивав сплесната, тестеста и коса која побрзо се мрси од обично.
Порите ниту се намалуваат ниту исчезнуваат доволно е само да ги одржуваш чисти постојано за да не ти создаваат дополнителни проблеми. Таква ти е кожата си имаш пори и тоа е тоа
Погрда крема не сум користела. Лицето бетар ми го направи, ме го исфрла уште толку. Не би зела повеќе крема од Наутра Сиберика.
Wet n wild - silk finish lipstick Катастрофа од кармин. Воопшто не е траен, доби некој лош мирис и многу лошо изгледа кога е нанесен на усните и бојата не е некако убава. Цената му е прилично евтина, но се разочарав од марка како wet n wild што има убави производи да имаат ваква утка. За таа цена кармините на essence и s-he се прекрасни.
Четчето е прекрасно, убаво дизајнирано да ги фати и најмалите трепки на краевите. Но оваа маскара не е за мали трепки и е преценета. Многу фама се дигна за нејзе,но на видеата не може да се види какви трепки има особата која ја користи. Јас ја порачав од lookfantastic. Има далеку подобри маскари од оваа со пристапна цена. Овој остранувач го земав во еден маркет, за патувања да си имам. Маслен е, но проблемот е што пече на очи и треба да не ставаш многу на туфтерчето што е мана затоа што после доставаш. Се на се, не ми е баш ок продукт.
Целосно се согласувам за напишаното за маскарата , навистина не видов и јас wow ефект а многу и се радував едвај чекав да дојде кај нас да ја купам... Маскарата на essence princess lash зелената е феноменална а евтина
Восокот за депилација во кесички што е од ДМ. Катастрофа е, долго време веќе користам восок и добро се снаоѓам, со овој не може да се работи воопшто. Течен е, се одлепува додека го мачкаш, скоро ништо не вади а остануваат ситни мали делчиња на кожата кои треба со нокт да се гребат и воедно да го иритираш депилираното место дополнително. Плус, капак на се, одвратно мириса. Сега сфаќам зошто некои девојки имаа лоши искуства со депилација дома со восок, бидејќи овој восок е тежок за работа и многу лош. Еднаш и никогаш повеќе не му давам шанса.
Оваа крема не би ја купила никогаш повеќе. Се излажав дека има пантенол и уреа и мислев ќе ми ги спаси рацете, зошто ми се појави црвенило, осип и ужасно сува испукана кожа помеѓу прстите. И давав шанса цела недела, мислев треба време зошто овој пат рацете ми беа ужас, ама не направи ништо за моите раце и цело време имав чувство како да стои над кожата и не се впива воопшто.