Дури сега гледам дека си ме цитирала, сори. Син ми пак одма се исфрли, од 1 ден употреба. Настрана тоа, претенки се, дури и се кубат при вадење. Имав многу поголеми очекувања.
Шампонов више не би го купила. Иако е евтин, сепак не очекував дека ќе биде како вода и дека воопшто не ја ни мие косата, буквално производ што не прави ништо. Некои производи од Балеа ми се преубави, некои жива утка. Шампон веќе од Балеа нема да ми текне да купам , додека регенераторот од оваа иста линија производи се покажа одличен, навистина чудно.
Јас па само тие шампони ги користам, косата ми ја прават феноменална и многу мека и нежна на допир, плус и волумен. Баш вчера овој го земав, од овој најзадоволна сум. Значи секако изгледа си е индивидуално хаха
Би се надоврзала... имав купено за плава коса тој лилав шампон исто балеа ништо апсолутно ништо....ниту жолтите прамени ги неутрализира, ни косата е хидрирана . Ми беше омилена не знам колку имам потрошено купувано и на цела цена и со попусти, ама последниов пат што ја купив и мене не ми се погоди хмм мислам дека имаат нешто смено и не ја купувам повеќе. Ги имам сите скоро можни пробано розево, плаво, жолто пакување... сите не ми се допаѓаа формула иста тешко ми се остранува некои се размачкува не суум задоволна...
Alverde cremeol bio jasmin & bio sesam - плус би му дала само бидејќи лесно се впива , очекував некој мирис цветен ,а овој ми мириса на нешто киселкасто со алкохол. Mousticare spray за против комарци - Не штити воопшто од комарци , цел го потрошив џабе прскав цел ден и пак бев искасана. Aura pro top coat - чуден топ коат , по нанесувањето споро се суши и има некој минимален сјај. Воопшто не го препорачувам , мој предлог е секако топ коатот на Есенс
Од некоја причина се пресушува и пука, па се рони. Многу е непријатно особено што околу очи имам ситни црни точки и едвај се дочистуваат. Првин мислев да не е од маскарата ама кога видов во огледалцето, тушот едноставно се изронил сосема. За кратка кафе шема, прошетка низ град може да послужи, ама воопшто не го препорачувам за настани каде што сакате да останете средени подолго време и немате многу прилики да вадите туш од несесер и да го поправате на секои 10 минути.
Да не е нешто со поминат рок или некоја утка при производство? Го користам истиов со години, немам ваков проблем, баш сум задоволна колку е траен и колку интензивна црна боја остава.
Не верувам, не го користам ни толку долго време. Можеби така се погодил овој, навистина не знам.А можеби нешто и до мојава кожа да е, којзнае. Интензивна боја има да, ама во последно време забележав ронење и оп, заминал опашот од тушот. Не е дека очекувам којзнае каква трајност оти искрено не ни трпам шминка на мене долго и одма ја чистам кога се враќам дома, ама е непријатно ако си на подолго време негде и мора да правиш корекции на секој саат време. Супер ако ти се погодил оти стварно не е скап тушов и баш ми е жал што имав вакво искуство.
Се мачам да го извадам лакот со ацетонов, потребна е голема количина за бришење на ноктите, особено ако се лакирани со потемни бои, плус и остава од бојата околу кожата на ноктите. Кремава за лице воопшто не ми се допадна. Некако е леплива, воедно како чудна течно-воденаста структура има, ужасно лошо мириса, многу тешко се упива, не би ја купила повторно.
Не остава свилен финиш на кожата, каков што преферирам и мирисот, може е до мојата кожа ама не мириса којзнае колку, додека па вака интензивно мириса во амбалажата. Не оддржува долго свежина, не ми се допадна како чисти. Морав по два пати да измивам заби за да го добијам посакуваното чувство на свежина и чистота а и не се ни пени доволно. За цената океј е но не би го купила пак. Подобра варијнта е Нивеа. Мирисот е малку чуден и силен, не преферирам овошни мириси. Го потрошив за по дома, за денови со подолги активности не верувам дека би заштитил целосно. Пред неколку години, подолг период го користев балсамот од мед од истата линија. Океј беше, но јас имам лошо искуство со балсами, најверојатно поради парфемот во нив. Овој уште полош беше, цела уста ми ја исуши. Се префрлив на чист вазелин, не сум имала проблем оттогаш.
Оваа маска воопшто не ми се допаѓа. Пишува дека е за намалување пори и себум. Меѓутоа кога ќе нанесам добивам ладен ефект нешто како пецкање и ужасно мириса. Земав само тестерчиња, имам уште едно тестерче и барем една позитвна работа е што не штеделе на продукт има баеги за повеќенаменско користење.
Или не е добра или не е за мој тип кожа. Немав мрсна кожа на лице, сега имам. После кремава кожата во полоша состојба ми е од претходно.
Polos aceton nemam koristeno mislam od koga pocnav da gi lakiram noktite, go kupiv na brzina od lokalna prodavnica bidejki nemase drug. Gi macka noktite okolu po racete taka sto ke treba edno pakovanje tuferi da ispotrosite.
Карминов е нијанса Dusty Rose, со ставам во оваа категорија производи бидејќи устата партал ми ја прави ако го носам цел ден. Не би рекла дека е баш мат, ама сепак ја исушува устата, се случи и да не можам да ја нормализирам состојбата на устата со недели. Можеби е само до мене, можеби други се многу задоволни, но не би го купила пак. Бидејќи не вметнав други непроверени производи во досегашната рутина со препаративна и декоративна козметика, ми останува опцијата дека ова е виновникот за неколку break outs во пределот на челото, а мислев дека баш ќе ми одговара поради тоа што имам чувствителна кожа. Проѕирна гел текстура е како што и пишува на тубата, не чувствувам хидратација како кај гелот на Балеа што ми е all time fav, можеби гелов би бил подобар за кожа што е поотпорна.
Толку се каам што го купив стиков на Клиник за мрсна кожа не е, беа 40% попуст сите креми ама тие течните им беа истрошени па продавачкава ме убедуваше дека е за мрсна кожа. колку можам по нанесувањето ја тријам да се упие во лице , се упива ама при допир пак има некое чувство на мрснотија. Воопшто не ми се допадна , позитивно е што можам да ја нанесувам околу очите па само така ќе ја искористам. Жал ми е да ја џитнам во канта , сепак 19 евра беа во прашање. Ама памет за друг пат да не купувам се и свашта кога знам кои производи ми се топ кога се работи за креми за сончање Кремава за тело со банана, имав 5мл тестерче за проба, кога го отворив кутивчето мирисаше волшебно, на свежо отворени банани, ама кога ќе се нанесе на кожата... мирисот станува толку грозен, се чудев на што ми мириса ама потоа ми текна дека мирисот е баш на печени пиперки. Ќе речеш, пиперките убаво мирисаат да, ама како крема за тело сигурно дека не катастрофа а долго време ми имаше влезено мисла да го купам да го пробам.
Не ми се допаѓа кремава за раце, а наменета е за сува кожа. Ќе нанесеш и дур трае продуктот кожата е мека и нежна,но кога ќе се изгуби дејството повторно е груба и сува.
Шампонов го зедов за 100 денари и стварно не очекував нешто посебно од него. Ама пак дефинитивно не очекував да не прави ни малку пена. Палмолив шампоните од 60 денари прават многу пена, а овој од 100 ден. ништо, како кондиционер да е. Мене ми беше битно да прави пена и да мириса убаво, пак ќе речам за толку малку пари не очекував којзнае што ама овој и единствената улога што е основна за еден шампон не ја прави. Ужас, не знам дали некој од вас го има користено, ако го има нека пише искуство.Баш ме интересира дали ова е случај само кај мене или кај сите е така.