Тру Алхеми како бренд го обожавам и многу работи ми се погодиле но за овие два производи морам да промрчам. 1. Масло од кајсија, го земав после пост на Магнолија дека помагал за кератосис пиларис. После константна употреба од 2-3 месеци ни р не видов од резултат, 3тото шишенце го дадов на другарка која што ниту она не увиде никакво подобрување. Најдосадниот дел беше што маслото нормално е многу мрсно пребавно упива и колку и да пазев пак некој стол беше нашлакан па на секое чистев. Најироничниот дел е што на постот Магнолија имаше пишано и тоа болдирано дека '' Не остава масен слој над кожата туку нежно продира и длабоко хидрира'', не Магнолија, остава слој како зејтин да е мачкан. Знам дека е членка и чита постови, може за во иднина пред да пише нешто и да објави да провери дали тоа е така, во неколку наврати вака имам приметено некои работи веќе станува иритантно, не сум се зезнала само јас, многу девојчиња ја следат. 2. Серум со Витамин П 0.2% + Кофеин 5% Серумов знам дека помага за темни кругови под очите, јас го купив повторно видено од пост кај Магнолија дека дава одлични резултати кај капилари. Криво ми е за сите пари дадени и цело време вложено. Купив неколку шишенца упорна бев со месеци и месеци, кип ин мајнд имам секакви капилари, темни, светли, наследни, од повреди дополнително стекнати, мали, големи, во ширење, нови, стари со години, на нозе, на лице, на рамо. И на крај отидов на ласер 3. Бен и Ана Колку и да сакав да ми се погодат, го пробав овој на лаванда и зелениот од лимета, немаше резултат кај мене, само првите сат два после тоа како ништо да не сум ставила дури и кога не бев во движење кога само лежев, немам проблем со потење само после некој саат лош мирис се појавуваше. Видов сега донеле нови на Лавера, па баш ќе видам дали ќе ми се посреќи со нив, ако не кревам раце се враќам на алуминиумот колку и да не сакам...
Кажано беше на форумот дека било кој кофеински серум не е за капилари или за наследни подочници. Истиот го имам го користам за подочници да ми ги осветли малку и навистина помага. За Магнолија не дебатирам
Шампончево на Natura siberica. Демек за виткање на коса но добив само замастена коса и сплескана како да не сум ја миела уште истиот ден после миење. "Натурал" шампони за коса дефинитивно веќе НЕ купувам! Пропадната инвестиција.
Исто и балсамот од оваа линија за виткана коса, ужас, ниту ми ја обликуваше, освен што бев како немиена во косата, имаше и ужасен мирис.
Не ми се допаѓа кремава, односно текстурата на кремата. Изгледа густа и мислев ќе ми одговара на кожата во зимо но ми остава мрсен сјај. Јас многу мрсни креми не сакам повеќе ги сакам тие гелестите што се впиваат веднаш. Наменета е за сува кожа.
Лосионот на Балеа со мирис на роза. Со еден збор ужас. Во пакувањето мирисот е океј ама нанесен на тело, мириса многу неубаво. Се размачкува многу тешко. После нанесување на мал дел на кожата, морав да се туширам одново.
1. Кремата на Лореал Премногу јако ми мирисаше што имав и нагон на повраќање се обидов уште 2 пати но ништо. 2. Коректор на Алверде Нема никаква покривност
Не е многу јак мирис иако не е убав, а на моја кожа има одличен ефект како пилинг за таа цена е супер. Ама секој со свое искуство како и да е.
Мене не ми мириса на пластика.Поднослив ми е мирисот. И задоволна сум од производот. Ама,секако немаме сите иста кожа и толеранција на мириси.
Баш ме изненадивте луѓе, мене воопшто не ми се допадна мирисот ниту пак ми прави добар пилинг на кожата. Го немам употребено повеќе од 5 пати поради истите причини и така ми стои да фаќа прашина..
Лакови од s-he. Многу брзо се лупат, вчера се налакирав, денес веќе гледам ноктите ми се катастрофа, како 7 дена да го носам истиот лак. Не дека се нешто скапи па да ми е криво, ама од нив поевтини на ГР имам, па доста поквалитетни и потрајни. Не би купила веќе ваков лак дефинитивно. А убави нијанси имаат, штета.
Јас од овие сум задоволна само од плавите gel-like'n ultra stay и црниот и светло зелен од quick'n crazy(од овој имам и портокалов што уште не сум го употребила).Црвениот од ултра стеј почна да се лупи следниот ден.Тој не би го купила пак. Евтините лакови од Малена што ги има во ДМ ми се покажаа поиздржливи.
Оваа Магнолија, чим можеше од мене совети за кожа да бара, тоа уште на почетокот кога почна со работа, а јас бев луда по правилна нега на кожа, видов еден пост што не ми се допаѓаше, рекламираше нешто што не е така, и има една Олена Белеј, ѕверка е не знам дали ја знаете, и добронамерно и ја посочив. Мислев девојче е што си бара спас за кожата, и патем си води профил на инста како хоби... сум се лажела. Она пресреќна, вика леле фала ти многу јас баш тоа барам (а средношколка веб, очигледно беше од сликиве на профилот што ги имам), аха добро. Ете за што барала. Мислат дека ако го лажат народот и рекламираат глупости, притоа претставувајќи се како експерти, и луѓе со проблеми со кожата си фрлаат парите, притоа си прават штета, алал нека им се парите и лесната заработка од седи си дома, пиши си постови и прави се експерт... жално. Инаку да се надоврзам на постот, никогаш не би купила шампони на Пантен. Може косата е сјајна од нив, ама затоа скалпот ми проплача, ептен се јаки. Сум пробала неколку пати дека косата стварно преубава ми ја прави, ама никако да си го опоравам скалпот после тоа. И затоа веќе си користам на Зиаја, може не ми е бујна косата, ама барем нема да ми искапе од оштетен скалп.
- Rosal Natural Lip Balm Го зедов изминатиот месец, го имам нанесено 3-4 пати и се откажав, мириса на пудра со поминат рок не се упива воопшто само си стои како што ќе го нанесеш и дополнително ми ја суши устата - Essence Curl & Hold Mascara Ја видов на форумов беше фалена од неколку членки па решив да ја земам, како сите Есенс маскари формулата е добра но проблемот ми беше во пакувањето и четката, излегува ПРЕмногу продукт на четката па требаше да земам четкичка за веѓи и со неа да ја разнесувам. Не би ја купила веќе